„Само Интервју“ со Димитар Апасиев 22.9.2022 1 дел - Канал 5

„Само Интервју“ со Димитар Апасиев 22.9.2022 1 дел

„Само Интервју“ со Димитар Апасиев 22.9.2022 1 дел
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Македонија бележи раст од 7,6% на индустриското производство

Денес ќе зборувам за резултатите во индустријата и за ефектите од економските политики кои Владата ги спроведува во изминатиот период.

Стојаноски: Македонија бележи раст од 7,6% на индустриското производство

Она што е најважно е дека бројките зборуваат сами за себе.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во 2026 година индустриското производство бележи раст од 7,6 проценти во однос на 2025 година. Во исто време, кумулативно за 2026 година индустриското производство е во позитивна зона и бележи раст од 0,2 проценти.

Но, суштината е во нешто друго. Во услови кога голем дел од европските економии се соочуваат со забавување на индустриската активност, кога индустриското производство во многу држави е во негатива, Македонија е во позитива.

Ова не е случајност. Ова е резултат на јасна економска политика и директна поддршка на домашните компании.

Владата обезбеди силен финансиски поттик за стопанството преку кредитната линија од 230 милиони евра наменета за домашните претпријатија. Тоа се средства кои не останаа само бројка на хартија, туку завршија во нови инвестиции, нова опрема, проширени капацитети, поголемо производство и нови можности за развој.

Кога државата стои зад домашните компании, резултатите се видливи. Расте производството, расте индустрискиот промет, се зголемува економската активност и се отвора простор за нови работни места.

Особено значајно е што растот доаѓа од преработувачката индустрија, секторот кој создава најголема додадена вредност и кој е двигател на извозот и економскиот развој.

Затоа денес можеме со сигурност да кажеме дека економските политики даваат резултати. Не зборуваме за проценки, туку за официјални статистички податоци.

Ќе продолжиме со поддршка на домашната економија, на македонските компании и на македонските работници, затоа што само со силна индустрија можеме да обезбедиме повисок животен стандард, повисоки плати и посилна македонска економија.

Времето на стагнација завршува. Македонија повторно произведува, инвестира и напредува, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Кога го менуваше името Заев ја убедуваше јавноста дека Македонија богато ќе ја омажи

Кога го менуваше името Заев ја убедуваше јавноста дека Македонија богато ќе ја омажи, а Филипче наспроти бугарските ултиматуми тврди дека не е загрозен македонскиот идентитет.

Петрушевски: Кога го менуваше името Заев ја убедуваше јавноста дека Македонија богато ќе ја омажи

Венко Филипче не само што не се разликува од Зоран Заев, туку е негова надградена верзија.

Заев ги излажа граѓаните дека не доаѓа на власт за да го смени името, туку бараше доверба од граѓаните, небаре да донесе правда и живот за сите во Македонија.

А Венко Филипче, не се крие дека сака да дојде на власт за да изврши национално предавство, да ги прифати и спроведе бугарските ултиматуми, на штета на македонскиот национален идентитет.

Кога го менуваше името на државата, Заев ја убедуваше македонската јавност дека Македонија богато ќе ја омажи, додека пак Филипче сега од опозиција ги убедува дека македонскиот идентитет не е загрозен, наспроти јасните ултиматуми и негирања од страна на Бугарија.

Бугарските власти не ги кријат нивните ставови и барања, тие сакаат македонската историја, јазик, култура, да се прогласат како дел од бугарската.

И за тоа во Македонија си најдоа специјален пратеник, Венко Филипче, кој се претворил во пиун на Радев и е најгласен да се прифати бугарскиот наратив и Бугари во Устав.

Филипче отворено и беспоговорно прифаќа се од Бугарија, во надеж дека некој од надвор ќе го донесе на власт, како што некогаш го донесоа Зоран Заев со изгубени избори.

Филипче, едно знај. Заврши времето кога со слугување на агенди на туѓи држави се доаѓаше на власт во Македонија. Тој филм СДС веќе не го гледа.

Граѓаните сакаат достоинствен и предвидлив евроинтегративен пат, со гаранции дека нема веќе да има барања за идентитетски отстапки. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го слуша и заедно, во сојуз со народот, ќе се избориме за заслуженото место на масата во ЕУ, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Никој повеќе не ѝ верува на власта -невработеноста се намалува само поради иселувањето

Намалувањето на невработеноста што го соопштува Владата на ВМРО-OKГ не е резултат на нови работни места и економски напредок, туку на масовно заминување на младите од земјата и иселување. 

СДСМ: Никој повеќе не ѝ верува на власта -невработеноста се намалува само поради иселувањето

Истите млади кои сакаат да ги замент за мигранти односно „економски работници“.

Младите не сакаат да останат во држава која нема перспектива.

Тие јасно ја препознаваат политиката на Христијан Мицкоски, криминал, корупција, партизација, нема систем, има блокада на европскиот пат и одржување на земјата во изолација.

Без европска интеграција нема економски просперитет, нема повисоки плати, нема квалитетни работни места и нема иднина. Младите тоа го знаат и затоа заминуваат.

Наместо да ја отвори вратата кон Европа, Мицкоски ја затвора и ја претвора Македонија во слепо црево на Балканот - земја без визија, без перспектива и без доверба.

После две години не исполнети ветувања, нереализирани мерки од програмата, без никаков резултат зад себе, кога рејтингот на Мицкоски и ВМРО е во стрмоглав пад, а партијата загуби преку 150.000 гласови, власта одеднаш почна да ветува сè.

Оперативни планови, додатоци, програми - сè е дел од нова претстава за јавноста. Ова не се вистински мерки, туку нов сет на лаги подготвени во пресрет на можни предвремени избори.

Мицкоски дојде на власт со лаги, владее со лаги и сега, кога е притиснат, нуди нови лаги.

Наместо системски мерки за задржување на младите, тој нуди козметички додатоци и статистички трикови, како што Македонија е трета економија во Европа.

Наместо да ја врати довербата, тој продолжува да ја уништува со континуирано лажење и одложување на европскиот пат.

Граѓаните, а особено младите, повеќе не веруваат во ВМРО и во Мицкоски. Тие јасно гледаат дека оваа власт нема ниту морал, ниту капацитет да ја води земјата напред, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер