3Мицкоски со предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари преку новата апликација М-услуги
3Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
ФормулаВерстапен победи 100 возачи во картинг- користеше трикови од детството (ВИДЕО)Макс Верстапен откри дека техниката на картинг, научена на седумгодишна возраст, била клучна за неговата победа против 100 аматерски возачи на настанот во Силверстоун. Четирикратниот светски шампион во Формула 1 ја престигна целата стартна линија за само 14 круга и 35 минути. Настанот „Макс против 100“, кој беше емитуван во живо на Disney Plus и ESPN, му постави на Верстапен јасна задача. Тој мораше да стартува од последното, 101-во место и за максимум 75 минути, односно 35 круга, да ги престигне сите конкуренти. Беа возени идентични картинг возила со еднаква тежина, а возачот ќе биде елиминиран штом Верстапен ќе го помине. Освен него, стартната линија ја сочинуваа спортисти на Ред Бул од други дисциплини, креатори на содржини и новинари. Верстапен ја заврши задачата без навидум никакви проблеми. Веќе до крајот на првиот, хаотичен круг, тој стигна до 37-то место, и покрај краткиот прекин на трката поради пад и заминување на неколку картинзи. Стартот беше клучен. 🚨 INSOLITE MAX VERSTAPPEN a participé à une course de 100 KARTS à SILVERSTONE !! Résultat ? Il a terminé premier 😭 https://t.co/6R8CxuTVI4 — Kultur (@Kulturlesite_) September 17, 2026 Холанѓанецот објасни по трката дека ја користел таканаречената техника на „отскокнување“ за да добие забрзување. „Го научив тоа на седумгодишна возраст во картинг. Имав стартови со застој и морав да го правам истото!“, рече 28-годишникот. Оваа тактика му овозможи буквално да летне од почетната позиција. It's a bold strategy, fair play 👏 #F1 || #RedBullRacing https://t.co/uAeHVPfpst — Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) September 16, 2026 Доминација на патеката Иако призна дека бил малку загрижен кога видел 100 картинзи пред себе, сите сомнежи исчезнаа по почетниот пробив. „По првиот круг и општиот хаос, си помислив: „Добро, го имаме ова под контрола“. Од тој момент навистина можев да се забавувам бркајќи ги“, рече Верстапен. About yesterday... 🤯 #F1 || #RedBullRacing https://t.co/iy2AZxvKLt — Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) September 17, 2026 За време на трката, тој исто така користеше кратенка низ тревата во првиот круг за да избегне судири, а имаше и пристап до радио комуникациите на другите возачи. Тој му рече на еден стример што минуваше дека „ова не е хуманитарна трка“. До почетокот на шестиот круг, тој веќе беше на десеттото место. Другите возачи имаа право на еден „брз круг“, односно можност еднаш да ја скршат кривината, но дури ни тоа не им помогна против рекордерот по број на победи во една сезона во Ф1. 🤷♂️ La última locura de Max Verstappen 🏎️ Salió último en una carrera contra cien karts... ¡y terminó 1º en menos de 15 vueltas! 📻 #PartidazoCOPE https://t.co/SuvceESCnB — El Partidazo de COPE (@partidazocope) September 16, 2026 Победа и враќање кон корените До десеттиот круг, во трката останаа само холандскиот новинар во Ф1, Џеки Мартенс, механичарот на Ред Бул, Луис Ослер, и јутјуберот Зак Алсоп. Последен што го престигна Верстапен беше Мартенс, кој стартуваше од првата позиција. Со ова го заврши предизвикот неверојатни 40 минути и 21 круг пред да истече времето. „Ова е мојата прва победа оваа година, па со задоволство ќе ја прифатам“, се пошегува Верстапен додека го собираше трофејот, со оглед на тоа што моментално е шести во пласманот на возачите во Формула 1. Didn't even need the whole graph 📈 #F1 || #RedBullRacing https://t.co/I89xxcFcE6 — Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) September 17, 2026 Конечно, тој додаде дека уживал во враќањето кон своите корени. „Беше одлично што се вратив во картинг. Ме потсети на трките од моите помлади денови. Патеката беше добро дизајнирана, многу се забавував и ми е мило што на крајот победив“, заклучи тој.Тагови: Макс Верстапен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаМицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионотОваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашање за предизвиците со енергетската криза истакна дека имаме најниски горива во регионот токму затоа што Владата воведе мерки и интервенираше, а во однос на цената на електричната енергија посочи дека забрзо ќе се демантираат манипулациите на опозицијата, затоа што за време на оваа Влада цената не е покачена, додека во минатата цената на електричната енергија беше покачена за 35 проценти. „Поврзано со предизвиците во енергетиката, цените на енергенсите и споредбата со земјите во регионот, ако денеска направиме пресек и анализа, тогаш ќе дојдеме до следниве бројки. Кај нас дизел еден литар гориво е 99 денари, следниот позади нас во регионот е Хрватска со 116 денари или отприлика 17% повисока цена, потоа е БиХ со 119 денари, отприлика за 20% повисока цена, исто толку е Словенија, потоа е Црна Гора со 122 денари односно тоа е отприлика 23% повисока цена, потоа е Србија со 124 денари, околу 25%, па потоа доаѓа Грција со 129 денари или 30% и конечно најскапа во регионот е Албанија со 145 денари по литар, тоа е отприлика 46% повеќе отколку тоа што чини литар дизел кај нас. Кај безоловниот 95 октани кај нас е 91 денар, следна е Хрватска со 104 или 14%, потоа е Словенија со 106 или 16%, па потоа е БиХ исто така со 106 денари, потоа е Србија со 109 или 20%, потоа доаѓа Црна Гора со 113 денари или 24%, па Албанија со 117 денари или 29% и конечно најскапа е Грција со 131 денар или 44% поскапо литар гориво безоловен 95 октани од тоа што е кај нас“, појасни премиерот Мицкоски. Во однос на темата која некои ја наметнуваат во врска со тоа колку гориво може да се купи со платата во Германија, а колку во Македонија, премиерот Мицкоски вели дека суштинското прашање е дали пред почетокот на кризата со просечна плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија, и како што појасни разликата е два пати. „Велат добро, ајде да видиме колку литри ќе купиме со нашата просечна плата ако ја споредиме платата во Германија и цената на литар. Тоа не е вистинското прашање, тоа е политичко манипулативно прашање. А кое е вистинското прашање? Дали пред почетокот на кризата со просечната плата во Македонија купувавме помалку или повеќе отколку тоа што беше во Германија? Еве анализата покажува дека денес со просечната плата во Македонија купуваме повеќе литри дизел, отколку пред да почне енергетската криза споредено со Германија. Тоа е суштината. Дали тогаш со просечната плата во Германија купувале 100 литри, а сме купувале со просечната плата во Македонија во тој период 20 литри, сега во Германија се купува 80 литри, а во Македонија купуваме 30 литри. Тоа е суштината и начинот на кој треба да го поставуваме вистинското прашање. Разликата е два пати. Зошто? Затоа што оваа влада интервенираше пред сè во акцизите и во делот на ДДВ, односно за дизел горивата сега е намален од 18% на 10%, а во оној прв бран од крајот на февруари, таму некаде до крајот на мај, почеток на јуни и за безоловниот 95 октански“, изјави премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски додаде дека токму затоа и се прави вториот ребаланс на Буџетот, затоа што откако дојде вториот бран на кризата, и откако се имплементираа новите мерки треба да се направи подесување визави реалната состојба во државата. „Тоа не го направија другите земји во регионот, затоа не прават ребаланс. И ние можевме да оставиме ДДВ од 18%, да не ги намалиме акцизите, сè да си остане исто, тогаш немаше да бидат 99 денари за дизел и 91 денар за 95 октански безоловен, туку дизелот ќе беше над 110 денари како што е во најголемиот дел од земјите во регионот, а безоловниот ќе беше исто така околу 110 денари. Тогаш ќе немаше потреба од ребаланс, ќе имавме суфицит во буџетот, бидејќи ќе ги соберевме парите од граѓаните. Ќе ве вратам во 2022 година, тогаш не се направија мерките навремено и тогаш имавме литар гориво кој беше повеќе од 2 евра и дизел и безоловен 95 октански. Тоа е разликата и затоа ние денеска мораме да направиме ребаланс, токму поради овие мерки кои оваа влада ги донесе. Тоа имплицира во буџетот отприлика недостаток во вредност од горе-доле околу 5 до 6 милијарди денари, тоа е околу стотина милиони евра. Тоа е разликата помеѓу таа влада тогаш и оваа влада денес“, изјави премиерот Мицкоски. Во врска со цената на електричната енергија премиерот Мицкоски потенцира дека опозицијата ги плаши граѓаните, но забрзо ќе дојде 1 јануари и ќе се стави крај на шпекулациите. „За електричната енергија бидејќи ги слушам ќе поскапувала, не знам колку, дупло ќе се зголемела, ги плашат граѓаните, еве ќе дојде 1 јануари, и ќе видиме дали цената на електричната енергија ќе поскапи. Така велеа кога беше 2024, па 2025 еве истото го зборат 2026 година и еве досега цената на електричната енергија не се зголеми. Ајде да видиме во минатото да зборуваме периодот 2018-2023 година, 35% е зголемена, кога ќе земете во целост со воведување на блоковите 35%, а сега 2024-2026 година, нула, во услови кога ја имаме најголемата енергетска криза која човештвото ја памети. Тоа е разликата. Ќе дојде декември, ќе излезе Регулаторна комисија со свое толкување и ќе дадат одговор на оваа невистинита шпекулативна комуникација која ја има опозицијата. Тоа што наследивме од минатото е товар за кој треба време да се реши, но дали е подобро, е многу подобро, дали ќе биде подобро, да, ќе биде подобро“, нагласи премиерот Мицкоски, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЗдравјеМамографот во Поликлиниката Букурешт не работи една годинаЕдна година не работи апартот за мамагорафија во поликлиниката Букурешт. Пациентките реагираат дека ги слушаат сите совети за редовни прегледи, но истите им останува да ги направат во приватни ординации. Од здружението „Хема Онко“ објаснуваат дека бројот на радиолози кои читаат снимки е мал и треба страгетија на самиот медицнски факултет за специјализации за радиолози, бројот на функционални апарати е низок, но систем каде ќе бидат ставени сите снимки на пациентка се уште не функционира. Канал 5 го бараше првиот човек на здравствен дом Самир Исени, под чија надлежност е поликлиниката Букурешт, но не доби одговор зошто една година не работи апаратот. Министерот за здравство Клековски ќе провери зошто мамографот не работи. На Клиниката за онкологија засега ја има потребната терапија, она што нема како лек е астрезол во аптеките. Проблем е производството на лекот и истиот треба да е достапен по 7 ноември. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
МакедонијаМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лицаМВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување или уништување деловни книги“, „измама во службата“ и „перење пари“.Денеска (29.10.2026) од страна на полициски службеници при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК, спроведена е полициска акција, во рамки на истрага за сомнежи за незаконски постапки поврзани со операции на очи, при што сузбиена е криминална група, дел од нив поранешни и сегашни функционери на Фонд за здравствено осигурување. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени Наредби од Основен кривичен суд извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и по една во Тетово и Куманово, при што лишени од слобода се осум лица, а при извршените претреси пронајдени и одземени се парични средства околу 50,000 евра и мобилни телефони. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 11 физички лица, од кои еден албански државјанин и едно правно лице, и тоа: Д.Д.(60) од Скопје, О.Р.(66) од Тетово и С.Б.(59) од Скопје за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.5) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, Р.А.(45) од Куманово за „несовесно работење во службата“ (чл.353-в ст.3) в.в (чл.45) од Кривичниот законик, З.А.(35) од Скопје за „фалсификување или уништување деловни книги“ (чл.280) од Кривичниот законик, В.Ќ. (47) од Скопје, С.А.(40) од Скопје и Г.А.(33) од Р. Албанија за „злоупотреба на службената положба и овластување“ (чл.353 ст.3) в.в (чл.45) и „измама во службата“ (чл.355) од Кривичниот законик, Ц.С.(47) од Скопје, Ж.С.(58) од Скопје и И.П.(49) од Скопје за „несовесно работење во службата“(чл.353-в ст.2) в.в (чл.45) од Кривичниот законик и против приватната здравствена установа од Скопје за „перење пари и други приноси од казниво дело“ (чл.273 ст.12) в.в (чл.22 и чл.45) од Кривичниот законик. Според наводите во пријавата, двајца тогашни директори на ФЗО во 2020 година, заедно со претставник на приватната здравствена установа, склучиле договор спротивно на пропишаните постапки и интерни акти на Фондот. Претседателот на Управниот одбор се сомничи за неправилности при неговото одобрување. Врз основа на договорот, преку внесување невистинити податоци во електронскиот систем на ФЗО и изготвување фактури со невистинита содржина, здравствената установа наводно наплаќала исти услуги и од Фондот и од пациентите. На пациентите, покрај законската партиципација, им била наплаќана и приватна цена за операциите, при што им било прикриено дека услугите се наплаќаат и од ФЗО. Пријавениот директор на Секторот за контрола се сомничи дека не ги доставувал извештаите за утврдените неправилности до надлежната комисија и го одлагал спроведувањето редовни контроли, со што се избегнувало изрекување дополнителни договорни казни и можно раскинување на договорот. Две раководителки на Подрачната служба Скопје се сомничат дека не ја следеле наплатата на веќе изречените казни и не ги известувале надлежните служби, поради што исплатите кон установата продолжувале без пребивање на долговите. Постојат и сомнежи дека средствата исплатени од ФЗО, за кои овластените лица во установата знаеле дека потекнуваат од кривично дело, биле внесувани во платниот промет, евидентирани на различни сметководствени конта и користени за плати, набавки и други исплати. Според пријавата, штетата на буџетот на ФЗО изнесува 104.818.754 денари, односно околу 1,7 милиони евра, за исплати по фиктивни фактури, и дополнителни 525.000 денари за ненаплатени договорни казни. Постојат сомнежи дека во периодот од 2022 до 2025 година здравствената установа се стекнала со противправна имотна корист од 261.271.961 денар, односно околу 4,25 милиони евра. Со опишаната двојна наплата, според пријавата, биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook