Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа - Канал 5

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, во ексклузивно интервју за МИА од Вашингтон зборува за соработката со САД, за гасоводот и дата-центрите, како и за односите со Бугарија.

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател во регионот и во Европа

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, во ексклузивно интервју за МИА од Вашингтон зборува за соработката со САД, за гасоводот и дата-центрите, како и за односите со Бугарија.

Во интервјуто, премиерот Мицкоски истакнува дека ние сме врвен приоритет на САД во регионот, дека апсолутно во Македонија и во оваа Влада гледаат како на близок пријател и дека разговараат за капитални проекти во енергетиката и инфраструктурата.

– Она што мене ме радува е фактот дека апсолутно во Македонија и во оваа Влада, Соединетите Американски Држави и актуелната администрација на претседателот Трамп гледаат како на близок пријател, не само во регионот туку и во Европа, и дека нивната поддршка останува непроменета – не само кога станува збор за НАТО-алијансата, туку и во делот на економијата и потенцијалните инвестиции коишто Соединетите Американски Држави ги имаат во Македонија – вели премиерот Мицкоски.

Што се однесува до односите со Бугарија, тој истакнува дека таа тема е неизбежна и секако се разговара, посебно со луѓе од Советот и Комисијата.

– Нормално дека таа тема ја разговараме. Јас не сум од оние луѓе коишто брзоплето ги прават работите во политиката. Свесен притоа за реалноста, свесен за погрешната политика во минатото од претходните влади. Од друга страна, очекувањата на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, но не сме сами и мораме да се бориме да ги повратиме загубените позиции кои во минатото, за жал, претходната влада ги минираше – вели Мицкоски.

Тој додава дека во рамките на таа борба ние секогаш презентираме аргументи коишто се јасно методолошки разбирливи за соговорниците.

– Подготвени сме да аргументираме, подготвени сме, ако аргументите на соговорникот ги совладаат нашите аргументи, да ги прифатиме. Не се инаетиме, не сме тврдоглави. Но, она што претставува наша цел е нашата стратегија, нашата вистина да ја презентираме на најдобар начин на којшто можеме и преку една политичка дебата, една политичка борба на меѓународната сцена да вратиме дел од позициите коишто претходните влади ни ги загубија – истакнува премиерот Мицкоски.

Во однос на дата-центрите, вели дека економијата неповратно се менува, истакнувајќи дека мораме да градиме податочни центри со високи стандарди, со воздушно и фреонско ладење. А што се однесува до гасоводот – ќе имаме 12 пати зголемен капацитет за инвестиции, за гасни централи коишто би произведувале електрична енергија, којашто потоа би се користела во некои податочни дата-центри, а потоа од нив би црпеле можности за вештачка интелигенција. Се бара инвеститор и за Чебрен и Галиште и веќе е разговарано во ДФЦ со Каролајн Вик, а интересот е огромен.

Премиере Мицкоски, во Вашингтон имавте средби со повеќе конгресмени, кои во пресрет на вашата посета организираа дебата со претставници на Стејт департментот на тема Балкан. На таа дебата повеќето држави беа оценувани во контекст на националистичките тензии, славењето воени злосторници, додека Македонија беше издвоена, со позитивни дискусии за изградбата на стратешки важната инфраструктура и воената соработка. Како Вие ја оценувате соработката со САД, со администрацијата на Трамп и нивната политика кон нас и кон регионот?

– Не само со овие соговорници, посетата ја искористивме за средби со различни структури во Вашингтон, со тинк-тенкови, финансиски корпорации, за уште еднаш да ја потврдиме нашата определба и исто така да го потврдиме стратешкото партнерство кое го имаме како земја со Соединетите Американски Држави. Она што мене ме радува е фактот дека апсолутно во Македонија и во оваа Влада, Соединетите Американски Држави и актуелната администрација на претседателот Трамп гледаат како на близок пријател, не само во регионот, туку и во Европа. Нивната поддршка кон нас останува непроменета не само кога станува збор за НАТО-алијансата, туку и во делот на економијата и потенцијалните инвестиции коишто Соединетите Американски Држави ги имаат во Македонија. Тука посебно би го издвоил пристапот со ДФЦ, финансиската корпорација за развој, каде што имав средба со Каролајн Вик, која е практично одговорна за развој и инвестиции низ светот. Финансиското портфолио е околу 200 милијарди долари. Разговаравме за можно финансирање на Чебрен и Галиште, разговаравме и за друг тип инфраструктурни, енергетски и податочни инвестиции што би ги правела Владата, а исто така и за приватни инвестиции коишто би дошле од Америка во Македонија. Така што, кога сето ова би се изанализирало, јас не би дал суд за фокусот и низ која оптика регионот го гледа администрацијата на претседателот Трамп, туку повеќе би се задржал низ која оптика ја гледа Македонија. Мислам дека ја гледа низ најблиска оптика, дека сме врвен приоритет во регионот и ценам дека во годините коишто следат, од ова стратешко партнерство ќе се изнедрат многу капитални проекти коишто ќе имаат историско значење.

Една таква иницијатива е веќе најавена – рудникот за антимон во Крива Паланка.

Таму се присутни во делот на ПД-грантирање од пет милиони долари, за развој на проектот во Крстов Дол, во местото Луке, Паланечко, но тоа е само почеток. Велам дека врз основа на оној разговор што го имав во ДФЦ со Каролајн Вик, интересот е огромен. Наша цел како Влада е да обезбедиме финансирање на проектот Чебрен и Галиште. Од нивна страна има интерес, истиот проект беше презентиран, задолживме канал за комуникација меѓу Владата и ДФЦ, и тоа е добро. Кога станува збор за стратешката и критичната инфраструктура, тука се гасоводите коишто ги градиме, тука се автопатите – Коридорот 8 и Коридорот 10д, пругата којашто ќе биде модернизирана, а е дел од Коридорот 10, и пругата којашто ја градиме, а е дел од Коридорот 8.

Американската страна е доста заинтересирана за гасоводот со кој САД би станале сериозен снабдувач на регионот со ЛНГ (втечнет гас). Каква би била нашата геополитичка положба како земја низ која за првпат поминува гасовод за снабдување на други држави и какви капацитети и индустрии може да се развиваат врз база на овој гасовод?

– Треба поблиску во јавноста да се објасни што е целта на тој гасовод. Треба терминалот за втечнет природен гас, познат како ЛНГ-терминал во Грција (Александрополи), да го поврземе со Централна Европа, за да биде конкуренција на Јужниот тек. Капацитетот е некаде околу три милијарди метри кубни, а ако се зголеми притисокот, може да дојде и до шест милијарди. Она што го прави специфичен е тоа што гасоводот е двонасочен. Ние досега како држава имавме само еден односочен влез – Жидилово – со капацитет од некаде околу 800 милиони метри кубни, или милијарда и 200 милиони со зголемен притисок. Што значи дека капацитетот на гас којшто би можеле утре да го користиме во Македонија со изградбата на овој гасовод е драматично зголемен. Но, за да бидеме на рутата на транзит, што е практично и наша цел и амбиција, ние мораме да го завршиме и северниот интерконектор со кој ќе се поврземе со соседна Србија. И тој ќе биде двосмерен, така што кога ќе ги завршиме овие два проекта, што јас очекувам да биде на крајот на 2028 година, геостратешката положба на земјата ќе биде сосема поинаква.

Во овој момент ние како држава консумираме околу половина милијарда метри кубни годишно. Значи, ќе имаме 12 пати зголемен капацитет за инвестиции, за гасни централи коишто би произведувале електрична енергија, којашто потоа би се користела во некои податочни дата-центри, а потоа од нив би црпеле можности за вештачка интелигенција. Тоа е еден сериозен план за развој на државата и каде би требало да се движи Македонија во иднина.

Тесно грло се високонапонските мрежи за пренос на електрична енергија. Ние сме одлично поврзани со нашиот северен и јужен сосед со далноводи на 400-киловотно напонско ниво. Одлично сме поврзани и со нашиот источен сосед – еден 400-киловолен далновод и два паралелни 110-киловолтни далноводи, а сега го градиме проектот со којшто ќе се поврземе со нашиот западен сосед, повторно со 400-киловолен далновод. Со тоа ќе бидеме буквално енергетска крстосница кога станува збор за преносот на висок напон на електрична енергија. Сите овие проекти се критична инфраструктура. Сите овие проекти ја зголемуваат отпорноста во регионот, безбедноста и се многу значајни за источното крило на НАТО. Ние како држава можеме да ја искористиме нашата сега веќе посилна геостратешка положба и од сето ова да извлечеме корист за граѓаните, и економски побргу да се развиваме. Тоа е суштината и тоа е приоритетот на оваа Влада.

Ги спомнавте податочните (дата) центри. Има и критики во Македонија дека центрите многу предизвикувале бучава, трошеле вода. Спомнавте неодамна дека сте во разговори за развој на вакви центри со компанијата „Рамбл“ на Крис Павловски, која неодамна склучи голем договор во АИ-индустријата. Дали сте во разговор и со други компании и што би можеле локалните заедници и економијата во целина да очекуваат од изградбата на овие центри?

– Тоа е процес кој е неповратен. Човештвото ќе се движи во таа насока. Секој којшто има дилема тука, не ѝ мисли добро на сопствената држава. Прашањето е како да го канализираме овој процес и да извлечеме максимум од него. Го спомнавте Крис Павловски и „Рамбл“ – тие сега направија аквизиција, купија компанија во Германија и сега се компанија од околу пет милијарди долари. Тоа е една сериозна групација која сериозно се развива. Да, разговараме со него. Меѓу другото, имаме уште пет други компании со коишто разговараме. Сите кои не се разбираат во високата технологија зборуваат за бучава, за водено ладење. Ние сега имаме и воздушно ладење и фреонско ладење, така што жалам што сѐ уште кај нас постојат и такви политички сили и елементи коишто се обидуваат да нѐ вратат повторно во некои времиња од XIX или почетокот на XX век, мислејќи дека на тој начин, по пат на емоција, ќе привлечат внимание. Но, мислам дека се политички губитници и ќе бидат поразени, бидејќи македонските граѓани сакаат да ја видат државата како оди напред. Оваа Влада има јасен план којшто може да го објасни на една страница. Во животот, во политиката, најважно е тоа што можете да го кажете со малку зборови, што можете едноставно да го објасните, за луѓето да ве разберат. Што е главната цел на оваа Влада? Економски развој којшто ќе се темели на три столба: Инфраструктура – патна и железничка. Енергетска инфраструктура, производни капацитети и преносни системи. Висока технологија, меѓу која се и податочните дата-центри, но и диверсификација на преработувачката индустрија, бидејќи најголем дел од нашите инвеститори кои се дојдени од странство во периодот 2008–2012 година се во автомобилската индустрија. Таму работите се менуваат и работиме на диверсификација на ова портфолио. Ова е практично стратегијата на оваа Влада и сѐ што правиме и работиме е во таа насока – како економски да го забрзаме развојот. Затоа што трудоинтензивната индустрија ние веќе нема да можеме да ја сервисираме во иднина, имаме сѐ помалку работна сила. На нас ни треба високотехнолошка индустрија, со голема додадена вредност, со којашто ќе го зголемиме бруто-домашниот производ и ќе го зголемуваме стандардот на граѓаните. Овој процес нема да биде за еден мандат. Ова е процес којшто треба да трае 2-3-4 мандати. Не велам дека оваа Влада ќе биде толку долго, ниту пак јас пледирам да бидам претседател на Владата толку долго. Но, во суштина, ова треба да биде национална стратегија за тоа како треба да се развива државата. Овој процес е неповратен. Човештвото оди натаму и, впрочем, ние денес без вештачка интелигенција и некои податочни центри коишто некаде функционираат веќе не можеме да направиме ниту телефонски повик преку мобилен телефон.

Дали Владата би можела да гарантира дека овие центри за кои се разговара би биле од нов вид, со затворен круг на разладување кои не трошат много вода?

– Апсолутно.

За да функционираат овие економски стратегии, потребни се договори за трговија. Има ли нешто ново на тој план со САД?

– Ние рамката ја дефиниравме. Условите се поставени, останува уште формално потпишување меѓу нашето МНР и нивниот трговски претставник и нивната Влада. Рамката е договорена, условите веќе функционираат. Ние имаме навистина најдобри услови во регионот.

Од опозицијата има критики за одлуката за намалување на дел од воената помош за четири држави од Европа, меѓу кои сме и ние, и за Јужна и Средна Америка. Колку е тоа значајно според Вас?

– Ние сме еден од најголемите корисници на воена помош од Соединетите Американски Држави. Оваа одлука има друг мотив, за којшто јас, нормално, сега не би зборувал. Но, нашата соработка во рамките на воената индустрија и помошта што ја добиваме од САД останува и ќе се продлабочува.

Добар дел од Вашата дискусија во Атлантскиот совет во Вашингтон беше на темата Бугарија. Дали во Њујорк се очекуваат одредени средби и разговори на тој план?

– Секако, кога разговараме со нашите европски партнери, посебно со луѓето од Советот и Комисијата, со претседателот Кошта, со високата претставничка за надворешна и одбранбена политика, Каја Калас, имаме и регионални настани на кои ќе учествувам и јас во делот на мултилатералата, таа тема е неизбежна. Нормално дека таа тема ја разговараме. Јас не сум од оние луѓе коишто брзоплето ги прават работите во политиката. Свесен притоа за реалноста, свесен за погрешната политика во минатото од претходните влади. Од друга страна, очекувањата на некои радикални елементи во нашата структура за повлекување од меѓународни договори и преговори – тоа би било идеално доколку сме ние сами на овој свет, но не сме сами и мораме да се бориме да ги повратиме загубените позиции кои во минатото, за жал, претходната влада ги минираше.

Така што, во рамките на таа борба ние секогаш презентираме аргументи коишто се јасно методолошки разбирливи за соговорниците. Подготвени сме да аргументираме, подготвени сме, ако аргументите на соговорникот ги совладаат нашите аргументи, да ги прифатиме. Не се инаетиме, не сме тврдоглави. Но, она што претставува наша цел е нашата стратегија, нашата вистина да ја презентираме на најдобар начин на којшто можеме и преку една политичка дебата, една политичка борба на меѓународната сцена да вратиме дел од позициите коишто претходните влади ни ги загубија.

Мислам дека привлекуваме внимание и веќе сме во сериозна оптика на нашите партнери, посебно во Европа. Бараме решенија. Јас никогаш нема да влезам во процес без да имам предвидлив крај. По мене, за да дојдеме до еден таков процес, најпрвин треба да изградиме доверба, а за тоа треба да разговараме. Треба таа желба да постои и од двете страни – ова е двонасочна улица, не може само од едната страна. Ќе го водиме процесот паралелно, подготвени сме да разговараме за усогласување на акцискиот план за малцинства, се разбира во присуство на меѓународната заедница, бидејќи ако водиме дијалог само со нашиот источен сосед, тогаш се потврдува она што ние го велиме – дека е билатерално прашање. Се плашам дека таков дијалог е дијалог на луѓе кои можеби нема да успеат да се слушнат на вистински начин. Затоа ценам дека е потребно да имаме уште еден на масата. Еве, тоа нека биде претставник можеби од страна на Европската Унија.

Продолжуваме да ги испорачуваме реформите коишто се дел од Планот за раст, од Реформската агенда. Го следиме развојот на настаните во Европа на политичката сцена – еве, последно референдумот во Исланд, регионалните избори во Германија, претседателските избори коишто доаѓаат во Франција... Динамично е, секаде во светот е динамично. Ние мораме во овие предизвици да ја најдеме и нашата шанса и тоа го правиме. Впрочем, ја бараме шансата и сите оние резултати коишто пристигнуваат – 4,3 проценти раст на БДП во вториот квартал, раст на индустриското производство, раст на туризмот, контролирана инфлација два до два и пол проценти пониска од нивото што е во Европската Унија – сѐ се тоа индикатори дека по овие 26–27 месеци, колку што работиме како Влада, конечно доаѓаат резултати и од еден длабок минус, од една тотално распадната, понижена, ограбена, омаловажена држава, ние доаѓаме до состојба на нула. Јас не можам да кажам дека сме не знам колку отидени нагоре, но сме на една состојба на нула од којашто треба да почнеме да градиме нагоре.

Деновиве имаше најава за некаков вид асоцијативно членство во ЕУ дури и за Канада, какво што претходно го покренаа Вучиќ и Рама. Некои зборуваат и за Шкотска, Велс.

– Јас не би навлегувал сега во таков тип дискусија. Тоа е сѐ само како брејнсторминг, размена на идеи. За нешто да влезе, да профункционира, тоа подразбира промена на договорот што го има самата ЕУ. Светот дефинитивно се менува, и тоа се менува со голема брзина. Се репозиционираат интересите и јас ценам дека во еден таков мултиполарен свет ние, повторно ќе кажам, како релативно малубројна земја, не многу значајна имајќи ја предвид големината како територија – но како локација значајна, посебно во овој дел од светот – треба да ја најдеме нашата шанса. И мислам дека ја пронаоѓаме.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во тек се подготовки за нов жесток удар на Иран, издадено е предупредување до земјите во Заливот

САД им порачаа на неколку земји од Персискиот Залив да бидат подготвени за кратка, интензивна воена кампања против Иран по изборите за Конгресот, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ). Трамп сè уште не донел конечна одлука.

Во тек се подготовки за нов жесток удар на Иран, издадено е предупредување до земјите во Заливот

Според WSJ, повикувајќи се на извори запознаени со дискусиите, пораките биле пренесени преку дипломатски и воени канали и се дел од растечкиот број индикации дека САД и Израел се подготвуваат за нова рунда интензивни борбени операции против Иран. Целта би била да се ослаби Техеран и да се принуди да преговара.

Американската војска ги преместува системите за воздушна одбрана „Патриот“ од Тексас во регионот, додека ги повлекува војниците од базите каде што биле изложени на напади. Американските сили на Блискиот Исток ги надополнуваат залихите со муниција, а бомбардерите и борбените авиони се подготвуваат за напади. Следниот месец, се очекува уште една ударна група на носачи на авиони и единици на морнарицата да се приклучат на армадата од околу дваесетина воени бродови во регионот, иако некои од бродовите би можеле да бидат повлечени.

Според изворите на весникот, американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не донел одлука, но се наклонува кон голем напад по изборите, кој би можел да биде насочен кон иранската инфраструктура и нуклеарните постројки. Алтернативата е да се обидеме да постигнеме договор, но напорите на регионалните медијатори досега не дадоа никакви резултати.

„Можеби ќе направиме уште една мала операција „Епски бес“. Или ќе се согласат“, рече Трамп на митинг минатата недела, осврнувајќи се на пролетната бомбардирачка кампања спроведена од САД и Израел.

Белата куќа соопшти дека нема да коментира за „чувствителни воени планови што можеби постојат, а можеби и не постојат“ и додаде дека Трамп ги држи сите опции на маса за да се осигури дека Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје. Трамп претходно изјави дека нема да го нападне Иран пред изборите.

Според WSJ, Израел, исто така, подготвил планови и цели за нов напад, а премиерот Бенјамин Нетанјаху останува посветен на продолжување на нападите со цел ослабување на Иран и, на крајот, соборување на режимот.

Враќањето на воздушните напади би значело промена во насоката на економскиот притисок. Заострените санкции и поморската блокада ја запреа продажбата на иранска нафта со месеци, ги прекинаа повеќето воздушни врски и ја намалија копнената трговија.

Аналитичарите се сомневаат во ефикасноста на нападите

Многу аналитичари не веруваат дека Иран би капитулирал пред нови напади. За време на најинтензивната фаза од војната, Иран претрпе повеќе од 20.000 напади од страна на САД и Израел, но продолжи да напаѓа бродови во Персискиот Залив, да ги таргетира американските војници и бродови и да поставува тешки услови за преговори.

Поранешниот израелски разузнавач Дени Цитринович верува дека една од најголемите грешки е верувањето дека нова рунда напади би можела да го собори режимот. Тој предупредува дека бомбардирањето би можело дополнително да го зацврсти Техеран во неговата намера да продолжи да ги развива своите ракетни и нуклеарни програми.

Сет Џонс од Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) оцени дека Трамп би можел да прогласи победа и да го намали американското учество во војната со нови напади, дури и без одлучувачки удар.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во вторникот му рече на Советот за безбедност на ОН дека агенцијата не видела никаква активност за обнова на објектите оштетени во двете војни. Но, инспекторите немаат пристап до тие објекти, па затоа Гроси не можеше да потврди дека Иран не пренасочил нуклеарен материјал.

Иран предупреди дека секој напад ќе биде одговорен со напади врз економски и цивилни цели во регионот, бидејќи претходно за време на војната ги таргетираше американските бази, дипломатските објекти, енергетските објекти и аеродромите во Заливот. САД и нивните сојузници од Заливот, исто така, се обидуваат да ја обноват својата ракетна одбрана, исцрпена од иранските напади.

Иран сè уште има стотици до илјадници ракети и го искористи затишјето за да ја зајакне својата одбрана и да состави нови балистички ракети од складирани делови, што ги загрижува израелските власти.

Медијаторите се обидуваат да ги оживеат разговорите, но САД инсистираат на разговори за нивната нуклеарна програма, додека Техеран поставува тешки услови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи

„Со носителот на листа се слушнав некаде околу пладне, околу 12 часот, не очекував дека сето тоа треба да го претворам во естрада, дека треба да кажам еве се слушнав“, истакна премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Мицкоски: Ние сме соседи со Србија, но мене ме интересира Македонија и се надевам во иднина да имаме добрососедски односи

„Со носителот на листа се слушнав некаде околу пладне, околу 12 часот, не очекував дека сето тоа треба да го претворам во естрада, дека треба да кажам еве се слушнав“, истакна премиерот Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ на прашање за изборите во Србија.

„Повеќе би кажал дека е протоколарен разговорот бидејќи јас не го познавам господинот Срдановиќ, тој е носител на листата којашто победи на изборите. Ние сме соседи, наши интереси се нашите домашни прашања, се надевам дека во иднина ќе имаме уште подобра соработка и добрососедски односи. Она што мене ме интересира најмногу од тоа се билатералните односи во делот на економијата. Ценам дека сегашниот потенцијал можеме да го зголемиме уште повеќе“, истакна Мицкоски.

За тоа дали разговарал со Александар Вучиќ и за односите со сестринската партија во Србија, Мицкоски со одговор:

„Мене ме интересира конкретно Македонија и ВМРО-ДПМНЕ“.

„Ние имаме односи какви што имаат две сестрински партии, какви што имаме со ХДЗ, какви што имаме со ГЕРБ, со која било сестринска партија, ЦДУ/ЦСУ од Германија, со СДС партијата на Јанша од Словенија, и секаде каде што сум повикан да помогнам ние ќе поддржиме. Не сум разговарал, но тоа не значи дека нема да разговарам, претпоставувам кога во рамките на Европската народна партија ќе се видиме дека ќе разговараме“, рече Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акција на Меѓународната вселенска станица- астронаутите поставуваат соларен панел (ВИДЕО)

Астронаутот на НАСА, Анил Менон, и астронаутот на Канадската вселенска агенција (CSA), Џошуа Кутрик, ја започнаа својата вселенска прошетка во 12:59 часот.

Акција на Меѓународната вселенска станица- астронаутите поставуваат соларен панел (ВИДЕО)

Астронаутите излегоа од воздушниот затворач Quest на Меѓународната вселенска станица (ISS) за да го инсталираат и распоредат Меѓународната вселенска станица Roll-Out Solar Array (iROSA) на каналот за напојување 2А.

Вселенската прошетка ќе се емитува во живо на повеќе платформи на НАСА, вклучително и на нивниот YouTube канал:

YouTube video

Ова е 100-тата вселенска прошетка во САД. Исто така, тоа е 285-тата вселенска прошетка посветена на склопување, одржување и надградба на вселенската станица. Ова ќе биде четвртата вселенска прошетка на Менон и првата на Кутрик.

Распоредувањето на iROSA ќе се изврши во текот на две вселенски прошетки. Тековната е првата, додека втората е закажана за 5 ноември. Потоа, дуото ќе го инсталира осмиот и последен флексибилен соларен панел на станицата на десната страна од структурата. Менон е член на екипажот 1 на вселенската прошетка и носи вселенско одело со црвени ленти. Кутрик е член на Екипаж 2 и носи одело без ознаки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер