Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу Македонија и Турција
1Потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу Македонија и Турција
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
Фудбал„Орел гатач“ го избра победникот на Европското првенство, никогаш не згрешил „Орел гатач“ кој што ги предвидува резултатите од Еврото ја предвиде победата на Англија во вечерашното финале, пишува секако англискиот весник „Сан“.Хани, женски африкански степски орел, тврди дека досега не направил грешка. Вчера ѝ бил понуден избор да слета на еден од двајцата мажи. Едниот го држеше англиското, а другиот шпанското знаме, а орелот ја избра Англија. Eagle Heights Wildlife Trust, во Ејнсфорд, Кент, каде што живее Хани, објави: „Хани предвиде дека фудбалот ќе се врати дома и дека Англија ќе го освои Еврото. За жал, таа не може да ни каже дали повторно ќе биде тензично или колку ќе гриземе нокти!" Majestic 'psychic' eagle who is NEVER wrong predicts Euro 2024 winner and leaves handler in 'no doubt' of result #EURO2024 #EURO2024Final https://t.co/hh7gIBn5CN — The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) July 14, 2024 Имено, Хани била спасена во 2001 година во Камерун, каде што требало да стане жртва на илегалната трговија со месо од диви животни. "Орелот предвидува неколку работи - дури и временска прогноза. Таа нема да излезе надвор ако врне силен дожд. Прилично е неверојатна со своите способности. И, се разбира, таа е невообичаено точна во предвидувањето фудбалски резултати. Таа е една во милион", рече еден од презентерите на Фондацијата Алекс Леонард. Финалето на ЕП 2024 меѓу Шпанија и Англија се игра на Олимпискиот стадион во Берлин и е закажано за вечерва од 21 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги помеѓу Македонија и ТурцијаМинистерството за социјална политика, демографија и млади на Македонија, и Министерството за семејство и социјални услуги на Турција потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во областа на социјалните услуги.Документот го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, на Македонија, Ѓоко Велковски и министерката за семејство и социјални услуги на Република Турција, Махинур Оздемир Гокташ. Меморандумот претставува основа за продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења, искуства и добри практики во повеќе области од значење за унапредувањето на социјалната заштита и благосостојбата на граѓаните. Соработката опфаќа области поврзани со јакнењето на семејството, развојот и унапредувањето на социјалните услуги за семејствата, жените, децата, лицата со попреченост и постарите лица, како и подобрување на социјалната интеграција на лицата со зависности. Посебно внимание е предвидено и на унапредувањето на политиките и услугите за вработување на лицата со попреченост и нивното целосно и ефективно учество во општеството, поддршката на активното стареење, развојот на услугите за деца, јакнењето на жените и развојот на механизми за соработка во борбата против насилството врз жените. Меморандумот предвидува и размена на искуства во областа на социјалната помош, практиките на социјалните услуги, нивното следење и евалуација, како и примена на културни, демографски и социоекономски анализи за унапредување на условите за живот на граѓаните Роми. Соработката меѓу двете министерства ќе се реализира преку размена на знаења, документи и најдобри практики, размена на експерти, како и организирање конференции, семинари и стручни состаноци. „Со потпишувањето на овој Меморандум создаваме дополнителна основа за размена на искуства и знаења и за унапредување на социјалните политики и услуги. Нашата цел е добрите практики и искуства да ги претвориме во конкретни решенија кои ќе придонесат кон подобар квалитет на живот и посилна социјална заштита за граѓаните“, истакна министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Со Меморандумот се воспоставува рамка за континуирана институционална комуникација и координација меѓу двете министерства, со цел размена на искуства и заедничко унапредување на политиките и услугите во областа на социјалната заштита. Меморандумот е склучен за период од пет години, со можност за автоматско продолжување, соопштуваат од МТСП.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку десет загинати во експлозија во воен објект во Боливија (ВИДЕО)Во експлозија што се случи вчера во воен објект во Вијача, во департманот Ла Паз во Боливија, повредени се најмалку 60 лица, вклучувајќи 52 цивили и шест војници, изјави министерот за одбрана Ернесто Хустинијано. Првичните извештаи покажуваат дека бројот на жртви е 10. Експлозијата се случила во област каде што била складирана пиротехничка опрема, изјави Хустинијано на социјалните мрежи. „Постојат прелиминарни извештаи за можни смртни случаи, но сакам да бидам одговорен: нема да објавиме никаков број на жртви додека оваа информација не биде целосно потврдена“, додаде тој. Причината за експлозијата е под истрага. NEW: Two dead, 59 wounded in Bolivia army barracks blast, police say pic.twitter.com/vc1GF8WYze — Insider Paper (@TheInsiderPaper) September 5, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУапсени се двајца кавадарчани, одземени им с епари и дрога за време на „Тиквешки гроздобер“Лишени од слобода две лица во Кавадарци, при преглед пронајдена дрога и пари, соопштуваат од МВР. На 04.09.2026 во 20:50 часот за време на одржување на културна манифестација „Тиквешки гроздобер“ во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес и ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Г.П.(42) и В.Ќ.(42), двајцата од Кавадарци. При преглед кај Г.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај В.Ќ. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, пари и телефон. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тие биле под дејство на алкохол, односно на Г.П. му биле измерени 0,53 промили, а на В.Ќ. му биле измерени 0,44 промили алкохол во крвта. Лицата се приведени во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook