„Опо“ го најави најтенкиот паметен телефон во индустријата - Канал 5

„Опо“ го најави најтенкиот паметен телефон во индустријата

Новиот паметен телефон со преклоп на кинеската технолошка компанија „Опо“ (Oppo), наречен „Фајнд Н-5“ (Find N5), ќе биде најтенкиот телефон во историјата воопшто.

„Опо“ го најави најтенкиот паметен телефон во индустријата

Уредот ќе биде познат и како „Уанплус опен 2“ (OnePlus Open 2) на некои пазари. А, како што се наведува, ќе има и најдобра отпорност на вода во својата класа. Менаџерот на серијата, Жоу Јибао, објавувајќи фотографии што ја истакнуваат големината на уредот, рече дека телефонот можеше да се направи уште потенок, но „ограничувањето е во приклучокот за полнење“ т.е. УСБ-Ц влезот што уредот мора да го има.

Така, „Фајнд Н-5“ ќе има дебелина од едвај 4 милиметри. УСБ-влезот е 2,6 мм.

YouTube video

Претходниот преклопен паметен телефон „Фајнд Н-3“ на „Опо“ се среќава и како „Уанплус опен“ на некои пазари. Ознаката „Н-4“ е прескокната затоа што бројот 4 се смета за несреќен во Кина.

Новиот паметен телефон ќе биде претставен во Кина во февруари. Според порталот „Мобајл-инту“ (Мobileinto), цената на основната верзија на телефонот со 12 гигабајти внатрешна меморија и 512 РАМ-меморија, се очекува да биде 1.499 американски долари (околу 1.450 евра). /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на летот на Бешикташ: Громови неколку пати го погодија авионот

Фудбалерите на Бешикташ доживеаа драматични моменти на пат кон Грузија, каде што вечерва ќе се соочат со петтото коло од Лигата на Европа против израелскиот Хапоел Бер Шева. 

Драма на летот на Бешикташ: Громови неколку пати го погодија авионот

Авионот што го превезуваше тимот мораше да ја промени рутата поради силна бура, а според извештаите на турските медиуми, неколку пати бил погоден од громови за време на летот.

Авионот полетал од Истанбул, а неговата дестинација бил Батуми. Сепак, поради исклучително лошите временски услови, авионот не успеал да слета во грузискиот град. По неколку кругови над областа на Батуми, пилотот го напуштил слетувањето во последен момент и го пренасочил авионот кон турскиот аеродром Ризе-Артвин, каде што безбедно слетал.

Според турските медиуми, авионот неколку пати бил погоден од гром за време на летот, а патниците доживеале и силни турбуленции. Членовите на клупската делегација го опишаа патувањето како едно од најстрашните искуства во нивниот живот.

„Се извлековме само со страв“

Ондер Озден, директор на професионалниот фудбал на Бешикташ, зборуваше за драматичниот лет. „Верувам дека ова беше една од најопасните ситуации што некогаш сум ги доживеал. Бевме малку исплашени. Сите се плашеа, но не е важно, сите бевме заедно и заедно го преживеавме тоа“, рече Озден.

Тој, исто така, коментираше за одлуката на пилотот да го прекине обидот за слетување. „Кога се обиде да слета, веројатно сфати дека тоа не е можно. Само се извлековме со страв“, додаде тој.

По безбедното слетување во Турција, од играчите се очекуваше да го продолжат своето патување со автобус до Батуми. Поради непланирана промена на рутата, патувањето беше значително подолго, а прес-конференцијата на тренерот Винченцо Италијано пред натпреварот беше откажана.

Зошто Бешикташ игра во Грузија?

Бешикташ ќе игра против Хапоел Бер Шева во Батуми, иако тие треба да бидат домаќини на натпреварот. УЕФА го премести натпреварот од Истанбул поради безбедносни проблеми поврзани со војната во Газа и политичките тензии околу домаќинството на израелски клуб во Турција.

Натпреварот е закажан за четврток, а за Бешикташ е од големо значење во борбата за пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа. Турскиот тим освои седум бода во досегашните четири кола, додека Хапоел Бер Шева има само еден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите се закануваат со протест, бараат 180 денари за студентски оброк

Веднаш да се зголеми на 180 денари студентскиот оброк,бараат студентските здруженија... 

Студентите се закануваат со протест, бараат 180 денари за студентски оброк

Во спротивно, студентите најавуваат протест.Тие велат дека по одржаните средби со претставниците на Владата и Министерството за образование и наука, остануваат на барањето за повисок дневен износ на субвенционираниот оброк и не ги прифаќаат дигиталните ваучери.

,,Студентскиот оброк мора веднаш да се покачи , нашето барање денес ќе го испратиме до соодветните институции и очекуваме во рок од 7 дена да биде разгледано барањето и во рок од 14 календарски дена да биде истото реализирано и обработено со дела, студентите чекаа три години... ,,

Доколку не ни се исполнат барањата ќе протестираме заради тоа што ние немаме друг начин,веќе долго време изгубивме на средби, долго време изгубивме на иницијативи и на градење на апликации..повеќе не можеме да чекаме,,

Додека студентите најавуваат протест, премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека предложениот модел со дигитална апликација ќе им овозможи на студентите дополнителни поволности и попусти, а во иднина тие ќе можат да ги користат и надвор од земјава.

„Јас сум убеден дека таа апликација ќе овозможи на студентите можеби и да се дуплираат и триплираат привилегиите кои што тие ќе ги имаат по различна основа од 5 до 50 проценти, кои што сега не ги користат и ги немаат. Следната фаза е тоа да го користат и надвор од државата...“

Субвенционираниот студентски оброк во моментов изнесува 140 денари. Последното зголемување беше во 2023 година, кога износот од 120 се покачи на 140 денари. Студентите во изминатиот период побараа и бесплатен јавен и меѓуградски превоз, како и подобри услови во студентските домови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран со дронови го нападна Кувајт- загинаа двајца Италијанци

Двајца италијански државјани беа убиени во нападот на Иран врз Кувајт. 

Иран со дронови го нападна Кувајт- загинаа двајца Италијанци

Тие се техничари на компанијата „Рајнметал Италија“, а според изјавата на портпаролот на одбраната на Обединетите Арапски Емирати, тие загинале од „остатоци од беспилотни летала соборени додека одбивале напади врз клучна инфраструктура“, пишува „Ла Република“.

Ги штителе земјите од Персискиот Залив од иранска одмазда

Се претпоставува дека техничарите кои загинале биле дел од контингентот војници и цивили распоредени во регионот од март. Целта на таа мисија е да се заштитат земјите од Персискиот Залив од иранска одмазда и да се обезбеди снабдување на Италија со енергија.

Батеријата за противвоздушна одбрана „Рајнметал Скајнекс“ е исто така стационирана во Кувајт. Овој систем се смета за најдобро оружје за одбрана од напади со беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер