ВМРО-ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДС, Левица и ДУИ
САД и Иран повторно разменија напади по што се намали бројот на бродови што патуваат низ Ормутскиот теснец
1ВМРО-ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДС, Левица и ДУИ
2САД и Иран повторно разменија напади по што се намали бројот на бродови што патуваат низ Ормутскиот теснец
Македонија Николоски ќе оствари работна посета во општина ТетовоДенес заменик претседателот на Владата и министер за транспрот, Александар Николоски ќе оствари работна посета во општина Тетово.Притоа ќе изврши увид во реконструираната улица "Штипска". Предвидено е министерот да даде изјава за медиумите.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДС, Левица и ДУИЛошите едноцифрени рејтинзи на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик.Ваквиот нивен однос нема друго оправдување, затоа што консензусот помеѓу политичките партии за носењето на овој закон со месеци се градеше во работната група. Изборниот законик е дел од Реформската агенда и наместо да седнат на маса со сите политички чинители и да се постигне договор за негово носење во македонското Собрание, СДС, ДУИ и Левица избраа да блокираат и како раштиман оркестар да создадат какофонија во јавноста. Откако во Левица увидоа дека рејтингот им се намалува и не им оди како што посакуваат, со непотпишувањето на договорот за носењето на ИЗ, се обидуваат пред своето членство да се покажат како тврдокорни кои не прават компромис. СДС како добар препишувач, откако видоа дека Левица го блокира законот, смислија начин како да го блокираат ИЗ со поднесување на 10 илјади амандмани, со изговор дека гласањето на дијаспората по електронски пат бил недемократски и неевропски чин. И ДУИ, да не останат покуси, се приклучува на блокирање на овој реформски закон, со свој изговор и барање сите одлуки кои се носат во ДИК да бидат носени со консензус, наместо досегашниот мнозински модел. Тоа што е заедничко за овие партии е тоа што сите се исплашени, а до некаде и убедени, дека на следните избори им следи дебакл и убедлив длабок пораз и сегашните нивни постапки, не се ништо друго, освен создавање алиби за изборниот дебакл. Друго заедничко за истите овие партии е што и едните и други прстот го вперуваат во ВМРО-ДПМНЕ, како партијата да им е крива за тоа што граѓаните не гледаат опција во нив и не ги поддржуваат нивните политики. ВМРО-ДПМНЕ, повторно јасно и гласно кажува, неформалните опозициски коалициски партии нека седнат заедно и нека се договорат, тоа што тие ќе предложат, тоа ќе прифати, само начинот на остварување на правото на глас на дијаспората, да се олесни. А, опозицијата, со ваквото однесување, докажува дека за нив важен е само партискиот интерес, не и иселениците и враќањето на македонските граѓани во сопствената татковина. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува амандманската расправа за ребалнасот на буџетот09:28Со поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
СветСАД и Иран повторно разменија напади по што се намали бројот на бродови што патуваат низ Ормутскиот теснецСАД и Иран повторно разменија напади по што се случи „драматичен“ пад на бројот на бродови што патуваат низ Ормутскиот теснец.Сад велат дека погодиле 90 воени цели, некои во близина на протокот. Иран вели дека 14 лица се убиени во последните два дена. Државните ирански медиуми, исто така, објавија дека биле погодени цели во близина на нуклеарната централа Бушер, повикувајќи се на заменик-гувернерот на покраината. САД не коментираа за последните напади. Иран соопшти дека како одговор ги таргетирал американските објекти во Кувајт, Бахреин и Катар. Синоќа Техеран започна со повеќе напади врз локации во Кувајт, Јордан и Ирак, објавија државните медиуми. Нападите се случија откако Иран го погреба својот убиен врховен лидер Ајатолахот Али Хамнеи во светилиште во Машхад, со што заврши една недела погребни поворки и собири. Нападите врз катарските и саудиските бродови претходно оваа недела го нарушија примирјето, а американскиот претседател Доналд Трамп прогласи дека примирјето е „завршено“Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа барање на МНР остварена средба со претставник на амбасадата на АлбанијаНа барање на македонското минстерство за надворешни работи вчера била остварена средба со претставник на амбасадата на Република Албанија во земјава, велат од МНР.Во духот на пријателските односи меѓу двете земји, соседи и нато сојузници на средбата беше побарана официјална информација од албанските власти во врска со настанот што се случи на граничниот премин Ќафасан, при кој на државјани на нашата земја не им бил дозволен влез во Република Албанија, информираа од МНР. Од ВРЕДИ побараа официјален одговор од Тирана откако на 8 јули пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и заменик-генералниот секретар на владата Хасим Муртезани биле задржани еден час на Ќафасан, а граничните власти на едно лице од придружбтата не му дозволиле влез. По ова целата група македонски политичари, во знак на протест, се вратила назад. Во објава на социјалните мрежи пратеникот Ќоку се сомнева дека причина за ваквиот потег е неговата поддршка за протестите против владата во Албанија Од албанската полиција тврдат дека забраната за влез била за тоа лице а не за пратениците на ВРЕДИ. Се огласи и спикерот Гаши, кој во духот на како што вели добрососедските и братски односи, очекува Тирана целосно да го расчисти случајот со задржувањето на пратениците.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook