“На кавга со Иван / на кавга со Мирчевски” утре со Максим Димитриевски

Понеделник на youtube каналот на Канал 5 ТВ а во 23.00 - ТВ ПРЕМИЕРА на Канал 5 ТВ!

Ќе биде кавга! Добра кавга!

Особено кога ќе се кавгаш со човек кој како феникс се издигна од партискиот пепел.

Понеделник, 23.00 час Канал 5 Телевизија:

“На кавга со Иван” со Максим Димитриевски.

Максо меѓу другото ќе треба да ми одговори кога реши да премине на “десната” страна, зошто не го подмести својот грб кога се решаваа владините кадри?

Му беше ли незгодно кога изврши “обљуба врз политички немоќни лица” односно кога ги повика раководството на СДСМ во рок од 24 часа да поднесат неотповикливи оставки?

Зошто им се “плаши” на ВЛЕН?

Реков…ќе биде кавга…прво ПРЕМИЕРА на 5CAST на youtube каналот на Канал 5 ТВ а во 23.00 - ТВ ПРЕМИЕРА на Канал 5 ТВ!

stay tuned…

#macedonia #fight_with_ivan #kanal5 #television #5cast #youtube #linkedin

Како да направите маичка без ракави од бабиното милјè

 - Шик парче облека во само два чекора!

Понекогаш ви снемува инспирација или пари за нова облека, па потребна ви е само идеја за импровизација.

Ако сте љубител на маички без ракави, a старите ви здодеале, можеби решението лежи во дневната соба на вашата баба. Една инфлуенсерка ја споделила својата идеја користејќи го хекланото милјè од својата баба. Иако ваквите ракотворби некогаш се користеа за украсување на дел од мебелот, најчесто маси, се чини дека бабиното милјè има поширока употреба.

Дамите сакаат маички и тие се задолжителни парчиња облека во нивниот плакар, понекогаш трошат и време и пари барајќи соодветна со која би излегле, но обично наидуваат на „индустриски“ маички изработени по истиот шаблон. Меѓутоа, доколку сакате да зрачите со автентичност и нешто поразлично, потребно ви е едно хеклано милјè кое повеќе не се користи и две бели ленти.

Доранелис Патон е инфлуенсерка која на Инстаграм често споделува модни трикови, а ја следат околу 762.000 лица. Таа покажа дека овој старински реквизит може да го искористите и за излегување така што едната лента ќе ја проврете низ дупките на хекланото милјè по должина на едниот раб и откако ќе ја наместите ќе ја врзете околу вратот. А, со другата лента се поврзуваат двете страни од хекланото милјè одзади на грбот, а потоа двата краја од лентата одат напред и се врзуваат како ремен. Крајниот резултат е софистицирана автентична маичка, која сигурно ќе ве издвои од толпата.

Придружниците на Дора беа воодушевени од оваа идеја и ѝ се заблагодарија што ја споделила со нив.

- Ми се допаѓа идејата. Елегантно и нежно.

- Тоа е нов начин да дојдам до бабиното милје. Многу слатко!

- Ова е непогрешлив доказ дека елеганцијата се раѓа така што секоја облека изгледа одлично.

- Не би било лошо да ја посетам баба ми која ќе ми ги подари сите хеклани милјеа - беа дел од коментарите.

Многу нејзини придружнички рекоа дека сигурно ќе го пробаат овој одличен трик штом набават хеклано милје за да заблескаат на некоја забава. Други се пофалија дека и самите знаат да прават такви работи и дека сигурно нема да им недостига инспирација за слична креација.

Извор: srecna.republika.rs

Осум години е во врска со своето момче, но не сака да живее со него

  - Една важна работа ги држи разделени

Александра Севил, која живее во Њујорк, повеќе од 8 г. е во врска со својот партнер, но не планира брак или заеднички живот со него. Како што изјавила таа за Бизнис инсајдер, овој начин на живот е совршен за двајцата.

-Кога нашата врска стана сериозна, размислувавме да изнајмиме заеднички стан, но не успеавме да се договориме. Мојот партнер има син од претходниот брак, па му беше важно да биде во близина на добро училиште. Јас имам куче, па ми беше важно недалеку од станот во кој живеам да имам парк каде ќе можам да го шетам својот миленик – ја започнала својата исповед оваа жена.

Мојата комода во неговиот дом

Александра признава дека од почетокот имала внатрешно чувство дека не треба да го прави тоа.

- Го сакам моето момче, но имам чувство дека некогаш може да ми биде непријатно ако бидеме нонстоп заедно, 24 часа на ден. Бракот никогаш не ми бил важен, не сакам деца, а независноста ми е приоритет - искрена е Александра.

Кога му го кажала тоа на својот партнер, тој се воздивнал со олеснување.

- Мојот партнер има стан со пристојна кирија, во кој веќе со години живее со својот син. Освен тоа, двајцата бевме свесни дека моето присуство ќе го наруши животот на неговиот син, а јас не бев подготвена да се вклопам во нивниот живот и рутина, иако и двајцата би сакале да поминуваме повеќе време заедно – додала таа.

Под влијание на околината и пријателите кои започнале заеднички живот или се венчале, Александра во еден момент почнала да ја преиспитува својата врска и каде таа води.

- Набргу сфатив дека нашиот одвоен живот всушност има бројни предности и дека ја зацврстува нашата врска. Имам свој стан, време за себе, за пријателите, а љубовта и партнерот се секогаш тука. Моето момче се погрижи да имам простор во неговиот дом и да се чувствувам добредојдено. Имав сопствена комода и дел од гардероберот, полица во бањата и кука за крпата. Кога го добив сето тоа, сфатив дека можеби нема да ми треба повеќе. Важно е да се има различни опции, другото е прашање на личен избор - рече Александра.

Таа се преселила да живее во негова близина

Како што минувале годините, таа и нејзиниот партнер копнееле да поминуваат повеќе време заедно, па Александра со нејзиното куче се преселила во стан кој се наоѓа на истата улица во Бруклин каде што живее нејзиниот партнер.

- Ова дополнително ни го олесни гледањето и обезбеди безброј нови можности. Иако не живееме под ист покрив, практично секогаш сме заедно. Тој е со мене додека го шетам кучето, вечераме заедно речиси секој ден, со неговиот син имам одличен однос, па практично функционираме како семејство – додава таа.

Александра не ја исклучува можноста еден ден да започне заеднички живот со партнерот.

- Работите се менуваат, ако еден ден решиме да живееме заедно, тоа ќе биде само затоа што и двајцата го сакаме тоа, а не затоа што околината го очекува тоа од нас. Сите опции се отворени – заклучила Александра.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер