Митко Јанчев за Канал 5 изјави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ - Канал 5

Митко Јанчев за Канал 5 изјави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Јанчев кој граѓаните на Кавадарци и Македонија го сметаат за еден од најсупешните градски „татковци“, ја потврди информацијата која ја даде за еден Youtube канал.

 Митко Јанчев за Канал 5 изјави дека ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Кавадарци и поранешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев за нашата телевизија децидно ги демантираше гласините дека „одработува“ за СДСМ, туку напротив, упорно работи за својата партија се со цел да ја види силна, моќна, но и поевропска.
За нашата телевизија изјави
„Да, по примерот на СДСМ, сметам дека треба да се направи сериозен избор на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа ќе значи да може секој да се кандидира на начин на внатрепартиско гласање, на проевропски непосредни избори. За жал, партијата бележи само политички порази, и тој факт не ме остава рамнодушен, па затоа и предложив неколку деловни потези кои би можеле финансиски пред се да ја стабилизираат партијата.“

Дополнително, ни изјави : „Лидерот треба да знае дека зборотдаден пред своето гласачко тело но и пред целата јавност, без разлика за што е даден - мора да се исполни. Затоа што така не трпи само позицијата на Лидерот туку и на целата партија, сосема незаслужено. Ако си кажал дека по пораз на изборите ќе се повлечеш од лидерската позиција, зарем треба некој да те потсетува тоа да го направиш?“ вели Јанче за Канал 5 ТВ

Кога станува збор за Кавадарци ни рече „ покрај политиката која ја гледам само како алатка за подобрување на животите на македонските граѓани, немама намера да го „оставам“ Кавадарци. Гледам дека жителите се задоволни од мојата и работата на мојот тим, и тоа е дополнителен мотив наредната година повторно да се кандидирам“.

За крај не сакаше да ја коментира изјавата на портапролот на ВМРО-ДПМНЕ , Наум Стоилковски, кој го смести во „естрадни води“, која смета дека е недолична за првото лице на партијата, и само ни кажа дека не е лошо истиот, ако воопшто може да се нарече господин, да го погледне својот сопствен двор, и да ги прекине праксите на „медиумски генералштаб“ кои водат диригирани и исти кампањи на одредени портали против него, а потоа да си ја исполни граѓанската должност - кога ќе добие покана , да се појави на Суд, а не истата да ја игнорира, при што се претставува за некаква квази жртва. Единствена жртва кога тој настапува како портпарол е неговата партија, но и самата домашна јавност!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филибек: Европската перспектива е јасна, потребна е политичка волја од власта

Филибек укажа на фактот дека европската перспектива на Македонија и Западен Балкан е јасна, но дека за нејзина реализација е неопходна политичка волја од актуелната власт.

Филибек: Европската перспектива е јасна, потребна е политичка волја од власта

Европската перспектива е јасна, потребна е политичка волја од власта, порача генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек, во рамки на меѓународната конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Корчуланската висока политичка школа, на која беше промовирана „Скопската иницијатива“.

Филибек укажа на фактот дека европската перспектива на Македонија и Западен Балкан е јасна, но дека за нејзина реализација е неопходна политичка волја од актуелната власт.

„Тука сум и со една јасна порака во однос на заморот што се чувствува во јавната дебата за интеграцијата на земјата во Европската Унија. Тој замор е последица на недостигот од политичка волја и решителност кај актуелната власт. Националистичката реторика што ја поттикнуваат не помага во процесот, туку дополнително ја збунува јавната дебата за европската иднина на државата“, потенцираше Филибек.

Филибек нагласи дека европската иднина на Македонија е неразделна од европската иднина на регионот, при што интеграцијата мора да се одвива паралелно и заеднички.

„Пораката што сакам да ја пренесам е јасна: иднината на Европската Унија е поврзана со интеграцијата на Западен Балкан и со полноправното членство на Македонија во европското семејство. Истовремено, иднината на Македонија е во Европската Унија, заедно со останатите земји од регионот. Тоа се два процеса кои мора да се движат паралелно и заедно да придонесат за конечно обединување на европскиот континент“, рече Филибек.

Филибек потсети и на улогата на СДСМ во реформските и европските процеси во државата.

„Во изминатите години СДСМ покажа лидерство токму во овој процес и го трасираше патот на реформите. Денес постои реална можност за напредок и таа шанса мора да се искористи. Европската Унија покажува јасна подготвеност за проширување, а тоа го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за време на неговата посета на земјите од регионот“, рече генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек.

прес конференција на Џакомо Филибек – генерален секретар на ПЕС, Скопска иницијатива

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денови за спорт на младите во општина Илинден

Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. 

Денови за спорт на младите во општина Илинден

На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“.

Согласно програмата, се одиграа финални општински натпревари во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска конкуренција, турнир во баскет, атлетска трка, како и елементарни штафетни игри.

На атлетската трка на 60 метри во женска конкуренција, првото место го освои Јована Костова, второто место Бојана Стојчевска, а третото место Ангела Богдановска. Во машка конкуренција првото место го освои Роберт Митев, второто место Борјан Миленковски, а третото место Горазд Спасиќ.

На атлетската трка на 200 метри во женска конкуренција, првото место го освои Андреа Велковска, второто место Јана Миленковска, а третото место Јана Жарковиќ. Во машка конкуренција првото место го освои Горазд Димитриевски, второто место Дарко Трајановски, а третото место Филип Христовски.

На натпреварите во футсал во машка конкуренција, првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Ристо Крле“, додека второто место ѝ припадна на екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“.

Во ракомет, во машка конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“.

Во одбојка, во машка конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, второто место ООУ „Ристо Крле“, а третото место ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Браќа Миладиновци“, а второто место ООУ „Ристо Крле“.

На турнирот во баскет за учениците од СОСУ „Илинден“, првото место го освои тимот на класот I-2, второто место го освои тимот од трета година, а трето место му припадна на тимот на класот IV-2.

Сите натпревари беа проследени од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на најуспешните екипи и поединци им додели пехари и медали. Градоначалникот истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да вложува во спортот и младите, со цел создавање здрави генерации и поттикнување на спортските активности кај учениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ја гледа Црна Гора како 28-ма членка

Европските лидери  ја потврдија својата посветеност на проширувањето на ЕУ на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват,истакнувајќи ја Црна Гора како водечки кандидат за членство до 2028 година.

ЕУ ја гледа Црна Гора како 28-ма членка

Лидерите на ЕУ Тие уште еднаш ја истакнаа Црна Гора како водечки кандидат, која се стреми да стане 28-ма членка на унијата до 2028 година, и ја повикаа Србија да се реформира и да ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со онаа на Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер