Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!
1Со изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
2Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!
Живот„Маратонот на љубовта“, 500 црвени рози и почит за Тоше на Гумење во КрушевоСо 500 рози крушевчани напладне ги пречекаа 13-те спортисти-маратонци кои по 15-ти пат го истрчаа ултрамаратонот од Нова Градишка, Хрватска, до Гумење во Kрушево каде е вечното почивалиште на Тоше Проески. Маратонците се поклонија пред гробот на Тоше со букет од 26 црвени рози колку што имаше години Тоше Пртоески кога на 16 октомври 2007 година го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска. Наум Капричевски, ултрамаратонец вели дека маратонот, сега наречен „Маратон на љубовт“ ќе го трчаат додека можат. – И оваа година, по 15-ти пат македонските спортисти го стартуваа ултрамаратонот од Нова Градишка во Хрватска во чест на нашиот Тоше. Еве, точно напладне денеска, на 16 октомври, живи и здрави стигнавме на Гумење во Крушево да оддадеме почит на нашата најголема мотивација и инспирација – Тоше Проески. Трчавме за великанот и, како што рече поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, војводата на песната од нашето време. Пораките по пат што ни ги испратија се – да му оддадеме почит на Тоше, да запалиме свеќа од сите, ширум Балканот, да стигнеме живи и здрави и да продолжиме да го трчаме овој ултрамаратон онолку години колку што имаме замислено, изјави Капричевски. Маратонецот Никола Ѓелов вели дека чувствата се измешани. – И оваа година го истрчавме ултрамаратонот во чест на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески. Маратонот го завршивме со измешани чувства, големи емоции, многу тажни сеќавања, вели Ѓелов. Неговите почитувачи и фанови од земјава и Балканот непоколебливо на Гумење и овој 16-ти октомври. Стела Прислан Фујс од Загреб, Хрватска која секогаш е во Крушево, и на денот на загинувањето на Тоше и на неговиот роденден вели дека додека се говори за него, Тоше е жив. – Сите го паметиме овој датум пред 15 години. И веста која пристигна. Никој не веруваше. Застанаа срцата кои го сакаа Тоше. И ден-денес е исто и го ценам секого кој зборува за Тоше, кој пишува за него, ги имитира неговите песни, кој се труди никогаш да не заборави. И додека е така, покажувате дека е жив. Маратонците ги испративме од Нова Градишка, еве ги пречекуваме овде на Гумење. Таа нивна жртва произлезе од љубов. Сите се едно за Тоше, изјави Стела Прислан Фујс. Маријана Пешева, од Благоевград, Бугарија е првпат, ама за Тоше се знае во нејзината земја. – Првпат доаѓаме, од Благоевград од Бугарија сме. За Тоше знаеме сите овие години и за неговите песни. Се слушаат, рече Маријана Пешева. Игор Блажески кој се грижи за вечното почивалиште на Тоше е сведок на бројните посетители отсекаде од светот. – Поминаа 15 години и уште не може да поверуваме дека го нема. Има премногу посетители на неговиот гроб. Доаѓаат од Хрватска, од Србија, Босна и Херцеговина, од цела Македонија, од Австралија, Германија, туристи има од секаде од светот. Кога ќе дојдат ги чувствуваат духот и делото на Тоше, рече Блажески. Младите од крушевската гимназија ги пееја песните на Тоше, допирајќи ги срцата на сите кои дојдоа да му оддадат почит на големиот музичар и хуманист, Тоше Проески. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо изведување докази предложени од одбраната треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ Со изведување докази предложени од одбраната денеска во судницата во идризово треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.На последното рочиште во фокусот беше сведочењето на вештакот ангажиран од одбраната, Петре Русески. Неговите тврдења за исполнетоста на условите за пренамена на објектот предизвикаа реакции кај обвинителството и кај семејствата на жртвите. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Пожарот во дискотеката „Пулс“ во кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
СветТрамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова порака на својата социјална мрежа „Truth Social“, во која отворено ја бранеше Русија и упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“. „Мојата одлука во врска со Русија е многу едноставна. Во процес сум на договарање мир во војната меѓу Русија и Украина и не сакам да направам ништо што би можело, на непромислен начин, да ја одврати Русија од преговарачката маса. Се постигнува голем напредок, што ги вклучува и тековните преговори за заложниците! Потпишувањето на тој документ во овој момент би довело токму до тоа, а јас можам да го потпишам подоцна, или во кој било момент што ќе го одберам!“, наведе Трамп на почетокот од објавата. Понатаму, тој се осврна на улогата на Москва на Блискиот Исток и на нападите врз руската нафтена индустрија. „Можеби уште поважно е тоа што Русија прави многу малку – ако воопшто прави нешто – за да ѝ помогне на Исламската Република Иран, во споредба со она што би можела да го направи. Сакам така и да остане, а така и ќе биде – под услов некои безумни луѓе да не се испречат на патот. Последно, Зеленски ги напаѓа рафинериите за дизел во Русија, добро знаејќи дека овие напади сериозно им штетат на глобалните пазари на дизел, вклучително и на оној во Соединетите Држави. Земјоделците, сточарите и бизнисите од секаков вид трпат големи штети поради тоа; сепак, и покрај ова, Русија продолжува да испорачува милиони барели дизел ширум светот по ниска цена“, изјави Трамп. На крајот, тој експлицитно го обвини Зеленски дека нема никаква желба за мир, опишувајќи ја ситуацијата во Украина во крајно мрачни тонови. „На Зеленски не му е грижа, а искрено, со сите пари што Европа великодушно му ги дава – а кои во минатото му ги даваше и ’нечесниот‘ Џо Бајден – тој нема никаква желба да ја заврши оваа војна, а веројатно никогаш и немал. Пред две години можеше да постигне подобар договор отколку што може сега. Неговата земја е во урнатини, голем дел од неа е изгубен, ги нема повеќе неговите океани и мориња, а машкото население е исцрпено, рането и/или мртво. САКАМ ОВАА ВОЈНА ДА ЗАВРШИ! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател. Патем, Украина нема океани. Оваа изјава на Трамп доаѓа во време на радикална промена во политиката на Вашингтон во однос на војната во Украина. По долг и пријателски телефонски разговор со Владимир Путин, Трамп неодамна одлучи привремено да ги укине санкциите за увоз на руски дизел и еднострано прогласи „енергетско примирје“ – потег што го затекна Киев неподготвен, додека руската војска на терен веднаш го прекрши со нови воздушни напади.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28