Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат
ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
1Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат
2ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
Технологија„Кумот на вештачката интелигенција“ испрати порака до младите: Нема причина за оптимизамЏефри Хинтон, добитникот на Нобелова и Тјурингова награда за неговата работа во областа на сметачката машинеријаКого често во научните и технолошките кругови го нарекуваат „кумот на вештачката интелигенција, неодамна во интервју за „Фајненшл тајмс“ им порача на младите дека не треба да бидат оптимисти во врска со развојот на вештачката интелигенција. Денес, Хинтон ретко зборува за позитивните придонеси што може да се очекуваат од вештачката интелигенција, без истовремено да предупреди за нејзините опасности. Неговото име влезе во историјата благодарение на откритијата од 1980-тите што овозможија развој на денешните длабоки невронски мрежи. Но, во последните две години, тој стана најпознатиот песимист кога станува збор за иднината на вештачката интелигенција. Тој не е единствен во тоа. Многу други луѓе вклучени во развојот на вештачката интелигенција, како што се ко-основачот на Институтот за истражување на машинската интелигенција, Елиезер Јудковски, сопственикот на „Х-AI“, Илон Маск, и физичарот од МИТ, основачот на Институтот за иднината на животот (Future of Life Institute), Макс Тегмарк, размислуваат слично. Помал број луѓе ќе се богатат, а повеќето ќе осиромашат Во неодамнешно интервју за „Фајненшл тајмс“, Хинтон предупреди дека светот влегува во фаза во која вештачката интелигенција ќе „создаде огромен профит и огромно богатство за малкумина, додека мнозинството ќе станува сè посиромашно“. „Она што всушност ќе се случи е дека богатите луѓе сè повеќе ќе ја користат вештачката интелигенција за да ги заменат работниците. Ова ќе создаде масовна невработеност и огромен раст на профитот. Неколкумина ќе станат многу побогати, а повеќето луѓе посиромашни. Тоа не е вина на вештачката интелигенција, туку на капиталистичкиот систем“, објаснува Хинтон. Вештачката интелигенција како закана за работните места Предвидувањата на Хинтон се во спротивност со идеите што сакаат да ги создаваат некои извршни директори на големи технолошки компании, како што се извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, коосновачот и директор на DeepMind на Google, Демис Хасабис, или извршниот директор на Alphabet на Google, Сундар Пичаи, кои истакнуваат претежно оптимистички предвидувања според кои вештачката интелигенција ќе стане алатка што ќе помогне во решавање на гладот, болестите и климатските промени. Хинтон тврди дека првото влијание од развојот на вештачката интелигенција ќе биде драстичен удар врз пазарот на трудот. Вештачката интелигенција веќе може да автоматизира цели категории на работни места, од канцелариски до креативни, а како што моделите напредуваат во следните пет до дваесет години, овој процес ќе се забрза. „Нема сомнение во технолошката заедница дека овие работи ќе станат попаметни“, вели Хинтон, прашувајќи што ќе се случи ако вештачката интелигенција стане многу попаметна од луѓето. „Ако асистентот е многу попаметен од вас, како ќе ја одржувате моќта? Единствениот пример што го знаеме за помалку интелигентно суштество кое контролира поинтелигентно суштество се бебе и мајка. Кога бебињата не би можеле да ги контролираат своите мајки, тие би умреле.“ Хинтон заклучува дека единствена шанса за човештвото е да „ја дизајнира вештачката интелигенција да ни биде како мајка, бидејќи мајката се грижи за животот на детето.“ Универзалниот основен приход и човековото достоинство На прашањето дали ова сценарио може да се ублажи со универзален основен приход, решение што го предложиле некои технолошки лидери, Хинтон вели дека тоа не е доволно. „Универзалниот основен приход нема да го реши проблемот со човековото достоинство, бидејќи луѓето вредноста ја црпат од својата работа“, објасни тој. Со други зборови, не е доволно само со пари да се компензира губењето на работата: работата на луѓето им дава значење и општествена улога. Порака до младите: Нема причина за оптимизам Можеби најпесимистичкиот дел од интервјуто е оној што се однесува на помладите генерации. Кога го прашале како младите луѓе можат да останат позитивни во свет кој се соочува со закана од вештачка интелигенција, тој решително одговара: „Во искушение сум да прашам зошто би останале позитивни? Можеби би направиле повеќе ако не би биле толку позитивни... Замислете кога преку телескоп би можеле да видите инвазија на вонземјани која би се случила за десет години - дали тогаш би се запрашале како да останете позитивни? Не, би се запрашале како да се справиме со тоа. Ако „да се остане позитивен“ значи да се преправаме дека нема да се случи, тогаш луѓето не треба да останат позитивни“, порачува тој. Вештачката интелигенција и глобалната трка Во интервјуто, Хинтон, меѓу другото, ја критикува американската администрација за недостатокот на волја сериозно да ја регулира вештачката интелигенција, бидејќи нејзина примарна грижа е да остане пред Кина во трката за развој на вештачката интелигенција. Напротив, тој тврди дека откако разговарал со кинески политичари во Шангај, добил впечаток дека Кина ја сфаќа заканата сериозно. „Многу од политичарите таму се инженери. Тие го разбираат тоа на начин на кој адвокатите и трговците не го разбираат“, додава тој. На прашањето дали може да ѝ се верува на Кина дека ќе ги заштити интересите на човештвото, тој одговорил: „Тоа е секундарно прашање. Опстанокот на човештвото е поважен од тоа да се чувствуваме добро. Можете ли да ѝ верувате на Америка? Можете ли да му верувате на Марк Закерберг?“ Песимизам со искуство Хинтон е свесен дека неговата возраст ги става неговите грижи во различен контекст. „Имам 77 години и крајот наскоро доаѓа“, рекол тој. Тој изразил загриженост за помладите генерации, истакнувајќи дека човештвото е на историски раскрсница: „Се наоѓаме во историски момент каде што се случува нешто неверојатно и тоа може да биде неверојатно добро или неверојатно лошо. Можеме да шпекулираме, но работите нема да останат онакви какви што се сега.“ Не се согласуваат сите со Хинтон Важно е да се напомене, како што забележавме во воведот, дека многу експерти за вештачка интелигенција не го делат песимизмот на Хинтон. На пример, неговиот долгогодишен колега и добитник на Тјуринговата награда, Јан Лекан, сега главен научник за вештачка интелигенција во Мета, верува дека големите јазични модели како ChatGPT се сè уште далеку од вистинската интелигенција и дека тврдењата на Хинтон за непосредни егзистенцијални закани се претерани. Критичарите, исто така, истакнуваат дека неговите проценки за губењето работни места не ги земаат предвид историските обрасци во кои новите технологии прво ги истиснувале луѓето од одредени работни места, за потоа да отворат цели нови сектори на занимања. Некои критичари го обвинуваат дека со своите изјави дава аргументи за претерана контрола, а тоа оди во прилог на големите технолошки компании кои би можеле да ги задушат помалите конкуренти преку построга регулатива.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар. Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта. „Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова. Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот. „Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата Манчестер Сити се соочува со можно исклучување од Премиер лигата доколку нивната жалба во декември биде одбиена, објави денес „Фајненшл тајмс“.- Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година доколку нивната жалба биде одбиена. Жалбата во случај на финансиски малверзации ќе биде разгледана кон средината на декември. Казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните казни, тврди весникот. Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 точки од обвинението за кршење на финансиските правила на Премиер лигата помеѓу сезоната 2009/10 и 2017/18, како и за несоработка со истрагите до февруари 2023 година. Клубовите во Англија беа казнети со бодови, обично од четири до 12, за многу помали прекршоци, а англиските медиуми се убедени дека Сити ќе биде казнет со одземање бодови што ќе им овозможи да играат во втората лига следната сезона, или дека ќе останат во Премиер лигата следната сезона, но со таков дефицит во бодови што сигурно ќе бидат исфрлени во Чемпионшип. Повеќето клубови во Англија веруваат дека, во случај на драконска казна, Манчестер Сити ќе мора да се откаже од сите трофеи што ги освоил.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!Со „освоеното“ 41. место меѓу 48 европски економии и со проектиран БДП од едвај 11.760 долари по жител, Македонија е официјално меѓу последните десет економии на нашиот континент. Ова не е само лоша статистика, туку сериозно предупредување за економската состојба и развојната перспектива на државата. Додека Владата помпезно се фали за економски успеси, инвестиции и развој, реалноста е дека Македонија останува меѓу најслабите европски економии. Граѓаните се соочуваат со низок животен стандард, слаба куповна моќ и сè поголема неизвесност, а државата нема убедлива стратегија како да го промени овој тренд. Наместо економија што создава домашна вредност, продуктивност и добро платени работни места, продолжуваме да се потпираме на увоз, евтина работна сила и инвестиции без речиси никаква развојна визија. Домашното производство е запоставено, земјоделството е сè понеизвесно, а зелената транзиција останува на маргините на економските политики. Дури и новите инвестиции, вклучително и дата-центрите, мора да се оценуваат според нивниот вистински придонес за економијата, отворањето квалитетни работни места, потрошувачката на енергија и вода и заштитата на јавниот интерес. На Македонија не ѝ требаат уште владини прес-конференции за економски успеси. Ѝ треба економија во која граѓаните ќе живеат подобро, домашното производство ќе има иднина, а инвестициите ќе создаваат долгорочна вредност. ДОМ бара Владата да престане да ги слави ваквите „резултати“ како успех и конечно да понуди сериозна развојна стратегија заснована врз зелена економија, домашно производство, енергетска сигурност и одржливи инвестиции. Економијата не се мери преку партиски соопштенија, туку преку вистинските показатели за куповната моќ и квалитетот на живот на секој граѓанин!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook