„Комунална хигиена“ спроведува акција за чистење на јавни површини

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје информира дека продолжува акцијата за чистење на јавните површини во Скопје. 

Денеска се отстранети отпадоци од јавните површини на плоштадот „Филип Втори“, реонот на црквата „Св.Димитрија“, Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите, платото пред Националната опера и балет и Филхармонија.

Во текот на утрешниот ден, активностите ќе продолжат на кејот „13-ти Ноември“.

- Преку акцијата за чистење во која учествуваат административците на претпријатието, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје има цел подигнување на свеста кај жителите на нашиот град дека секој поединец преку своето совесно однесување може значително да придонесе за одржувањето на хигиената и заштитата на животната околина, се вели во соопштението.

Во текот на вчерашниот ден акцијата се одвивала во централното градско подрачје, на потегот од порта „Македонија“, улицата „Македонија“, до булеварот „Кирил и Методиј“ и Музејот на Град Скопје. /МИА

ЛШ: Тројца фудбалери на Баерн неизвесни за дуелот со Реал

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид

Фудбалерите од средниот ред Џамал Мусиала и Конрад Лајмер, како и дефанзивецот Матијас де Лихт се под знак прашалник за првиот натпревар од полуфиналната пресметка на Баерн Минхен во Лигата на шампионите против Реал Мадрид идниот вторник, објави германскиот клуб.

Мусиала вчера не настапи во победата на Баерн во Бундеслигата над Ајнтрахт Франкфурт поради воспаление на тетивата.

„Тој навистина сакаше да игра, а и ние. Имаше два дена кога не чувствуваше никаква болка, но тоа повторно се врати вчера“, објасни тренерот на Баварците, Томас Тухел.

Лајмер го истегна зглобот на натпреварот со Ајнтрахт, додека Де Лихт има повреда на лигаментите на коленото.

„Ќе видиме дали и двајцата ќе бидат подготвени за натпреварот во вторник. Ќе треба да почекаме да видиме што ќе покажат дополнителните тестови“, додаде Тухел.

Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење

Вкупно 142 мерки, меѓу кои  52 за непочитување на брзината на движење се изречени во контролите на сообраќајот што вчера ги спроведе Секторот за внатрешни работи Скопје на територија на град Скопје.

Како што информира МВР, при тоа се изречени и 15 мерки за возење без возачка дозвола, шест за користење мобилен телефон при возење, шест за управување под дејство на алкохол,...

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, какао што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски убиен кај Вејце

Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце.

Мурал со ликот на Бобан Трајковски денеска на пладне ќе биде откриен во центарот на Куманово, во рамките на одбележувањето на 23-годишнината од неговата трагична смрт кај тетовското село Вејце.

Муралот е изработен од уметниците Младен Трендевски - Трендо, Горан и Дејвид, сограѓани на Бобан, а организатори на настанот се Здружението Сила и колегите на Трајковски од специјалната единица Волци.

На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осуммина припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени, а потоа масакрирани и запалени.

притисни ентер