„Колдплеј“ со изненадуваање во Гластонбери - со нив свиреше и Мајкл Џ. Фокс

​ Поп-составот „Колдплеј“ во саботата настапи на Фестивалот во Гластонбери, Англија. А, со нив свиреше и глумецот Мајкл Џ. Фокс, кој со години се бори со Паркинсоновата болест.

Џ. Фокс (63) на сцената се појави со гитара и во ортопедска количка, а по настапот се огласи и на „Инстаграм“.

„Испраќам љубов и благодарност до тимот на 'Колдплеј' што се погрижи толку добро за нас. И голема благодарност до Крис, Вил, Џони, Гај и Фил. О, да, во случај да се прашувате - беше e**нo многу добро. Има одредено време за секој бенд и бенд за секое време, ова е времето на 'Колдплеј',“ напиша Мајкл.

За време на настапот, предодникот на групата, Крис Мартин ѝ кажа на публиката дека Џ. Фокс има клучна улога во создавањето на тој поп-состав.

- Главната причина зошто сме бенд, е тоа што го гледавме „Враќање во иднината“. Засекогаш му благодариме на нашиот херој и еден од најневеројатните луѓе во светот, г-н Мајкл Џ. Фокс. Ти благодарам многу Мајкл, ти си нашиот херој!, нагласи Крис.

Концерти на „Танец“ во Охрид и Прилеп

На сцената „Долни Сарај“ во Охрид вечерва ќе концерт ќе одржи ансамблот „Танец“, со што свечено ќе биде отворен 63. Балкански фестивал на народни песни и игри.

Два дена потоа, на 5 јули, на летната сцена на Заводот и музеј во Прилеп, „Танец“ ќе има целовечерен концерт со изворен вокално-инструментален репертоар, по повод свеченото отворање на јубилејниот 50. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски - Долнени.

- Секако, и овогодинешната културно-сценската манифестација „Галичка свадба“ нема да да помине без Танец, каде ансамблот на 13 и 14 јули ексклузивно ќе ги изведе ората „Тешкото“, „Невестинско“ и „Манукот“, а на 2 август, како и досега, Танец и оваа полусезона ќе ја заврши со традиционалните концертни настапи во Крушево и Пелинце, по повод големиот македонски празник Илинден, најавуваат од „Танец“.

На 25 јули традиционално „Танец“ ќе има голем концерт спроти Меѓународниот фолклорен фестивал „Илинденски денови“ каде ќе настапи целиот ансамбл со богата кореографска и вокално-инструментална програма.

- Јубилејната концертна сезона на Танец продолжува веќе во септември, со балканската турнеја на проектот „Фолклорно-класична симбиоза„ (грандиозниот заеднички концерт на Танец со оркестарот и хорот на Националната опера и балет), после која ќе следува ноемврискиот гала концерт по повод централно одбележување на 75-годишнината на НУ Танец и секако, традиционалниот новогодишен концерт кон крајот на декември. Во меѓувреме Танец нема да ги запостави и настапите низ татковината и ќе одржи уште неколку концерти во Велес, Струмица и Свети Николе, соопштија од ансамблот. /МИА

Вознемирувачко видео: Во стампедо на верскиот фестивал во Индија загинаа 121 лице

Во стампедо на хинду верски настан во северна Индија загинаа 121 лице, а 28 се повредени, јавија индиски медиуми, а според полицискиот извештај, на настанот присуствувале неколку пати повеќе луѓе од дозволеното.

„Меѓу жртвите има 108 жени и седум деца“, изјави за новинарите Маној Кумар Синг, главен секретар на државата Утар Прадеш.

Стампедото се случило во село во областа Хатрас, на околу 200 километри југоисточно од главниот град Њу Делхи.

Полицијата дозволи да се соберат 80.000 луѓе, а околу 250.000 луѓе присуствуваа на настанот, според полициски извештај.

ВИДЕОТО ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА:

Санкционирани 146 возачи во Скопје, 15 за брзо возење

Петнаесет санкции за брзо возење се изречени во текот на вчерашниот ден на територија на главниот град на државата, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. 

Вкупно се изречени 146 мерки меѓу кои и четири за некористење на сигурносен појас, три за користење на мобилен телефон при возење и исто толку за минување на црвено светло. Санкционирани се и пет возачи кои возеле нерегистрирани возила.

Изречени се и 43 санкции за прекршоци што ги направиле возачи на мотоцикли.

притисни ентер