„Kia“ е луксузен автомобил на годината за Германците - Канал 5

„Kia“ е луксузен автомобил на годината за Германците

„Kia EV9“ е прогласен за „Германски луксузен автомобил за 2024 година“.

„Kia“ е луксузен автомобил на годината за Германците

Електричниот „SUV EV9“ е избран во категоријата „луксузно возило“ за „Германски автомобил 2024“ (GCOTY). Во оваа категорија спаѓаат сите модели со основна цена од повеќе од 70.000 евра.

„Kia EV9“ победи на натпреварот меѓу вкупно девет модели кои се бореа за оваа престижна титула.

Во шестиот избор на „GCOTY“, жирито составено од 27 автомобилски новинари тестираше и оцени вкупно 48 нови модели. Натпреварот е поделен во пет категории: „компактен“, „премиум“, „луксуз“, „нова енергија“ и „перформанси“.

Жирито ќе го избере вкупниот победник меѓу петте најдобри во сегментот, кој ќе биде објавен на почетокот на октомври.

„EV9“ е најголемиот модел на „Kia“ во Европа. Како и „EV6“, тој е изграден на платформата за електрични возила „E-GMP (Electric-Global Modular Platform)“ и има ултра брза технологија за полнење на батериите од 800 волти, што му овозможува да има одлични перформанси за полнење во својата класа.

Во идеални услови, батеријата со капацитет од 99,8 kWh достигнува досег од 239 километри за само 15 минути полнење.

Овој електричен „SUV“ се нуди во верзија со еден мотор (150 kW) и погон на задните тркала, кој нуди автономија до 541 km според стандардот „WLTP“ или со погон на четири тркала (AWD) и два електрични мотори од 141 киловати со автономија до 497 km (WLTP).

Верзијата со „AWD“ погон е достапна и во варијантата „GT-line“, а од 0 до 100 km/h забрзува за 5,3 секунди и достигнува максимална брзина од 200 km/h.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице

При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.

Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице

На 26.10.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството одби Дејан Јованов и неговиот син да сведочат на судењето на полицајците за „Пулс“

Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници.

Обвинителството одби Дејан Јованов и неговиот син да сведочат на судењето на полицајците за „Пулс“

Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници обвинети за пропусти при контролите и издавањето согласности за работа на објектот.

Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште оцени дека предложените сведоци немаат допирна точка со суштината на обвинението. Одбраната, пак, тврди дека со нивното сослушување ќе докаже дека јованов не добивал плата неколку месеци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентите

Втор ден по изборната победа на Студентската листа, славјето во Белград не стивнува. Со музика, диџеи и факели, илјадници граѓани повторно го исполнија плоштадот Славија, прославувајќи ја политичката промена.

Дел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентите

Но, додека на Славија се славеше, во други делови на Белград се одржаа собири и протести пред медиумите кои со години во јавноста важеа за блиски до власта на Александар Вучиќ.

Незадоволството почна пред телевизијата „Информер “ каде што група демонстранти упадна во просториите и ја прекина програмата во живо. Главниот и одговорен уредник, Драган Вучиќевиќ, се соочи со гневните граѓани, кои бараа јавно да им се извини за досегашното известување, а дел од нив му упатуваа навреди.

Собирите продолжија и пред телевизијата „Пинк“, каде што демонстрантите фрлаа јајца кон зградата, а полицијата постави кордон пред влезот за да спречи евентуален упад. Се играше и оро пред јавниот сервис, каде што за денеска е најевен нов протест со барањата за оставки на раководството и уредниците на информативната програма.

Во меѓувреме, носителот на победничката Студентска листа, Илија Срдановиќ, повика на смирување на тензиите и порача дека очекува мирно и законско примопредавање на власта.

-Ценети сограѓани. Ве замолуваме да останете до крајот на изборниот процес и понатаму мирни и достојанствени како што бевте до сега. Изборите се уште не се завршени. Изборните резултати не се прогласени. Мора да останеме достојанствени до крајот. Немојте да наседнувате на било какво насилство. Ве замолува вашата Студенска листа и вешето студентско движење,- изјави –Илија Срдановиќ – носител на Студентската листа.

Речиси в исто време, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ остро ги осуди упадите во медиумите. Вучиќ предупреди дека Србија ја очекува долга и тешка политичка борба, порачувајќи дека нема да се повлече пред, како што ги нарече, опасните и неодговорни луѓе.

-Вечерва бевме сведоци на насилство без преседан, монструозно насилство, упад во Информер. Напад врз слободата на изразување, слобода на говор и слобода на новинарството. Интересно е што никој не смее да каже збор за тоа, ќути и ЕУ, ќутат сите. Имаме работа со опасни и неодговорни луѓе. Имаме работа со луѓе кои мислат дека сите треба да им се плашат а не да се разговара со луѓето. Воопшто не се плашиме од нив... Нам ни останува да се подготвиме за долга, тешка и мачна борба – изјави Вучиќ.

Во меѓувреме, македонскиот премиер Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека телефонски разговарал со Срдановиќ и лично му ја честитал изборната победа. Мицкоски му посакал успех во периодот што следува, изразувајќи уверување дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката меѓу Македонија и Србија ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер