„Канал 5“ очекува извинување од „Светот на Биби“ и „Факултети МК“

„Канал 5 ТВ“ очекува извинување од од „Светот на Биби“ и „Факултети МК“ за јавно изнесените обвинувања.

„Почитувани Светот на Биби и Факултети МК поради вашата закана за правна разврска на непостоечка вест објавена од Канал 5 ТВ, односно фотомонтажа, и поради фактот што крајно аматерски реагирате без при тоа да пратите еден меил до нас со прашање: „Канал 5 дали сте објавиле ваков текст?“, очекуваме извинување од ваша страна на сите платформи и квази медиуми каде што сте не нападнале.

Канал 5 ТВ апсолутно нема никаков интерес за објавување на вести поврзани со вашиот одличен продукт/ бренд и сметаме дека е крајно неодговорен овој ваш потег, за кој не сакам но почнувам да се сомневам дека можеби самите сте го иницирале?!?

Затоа имате рок од 24 часа да се извините на сите социјални мрежи каде не наклеветивте неаргументирано, во спротивно ќе ги искористиме сите правни лекови против вас за овој клеветнички гест.

Во 21 век фотомонтажите се за жал „нормална“ состојба, но вие не смеете да се впуштате во квалификации без иститите да ги проверите.

Очекувам извинување!“, стои во реакцијата на директорот на Канал 5 ТВ, Иван Мирчевски.

Просечната цена на нафтата на ОПЕК го надмина прагот од 73 долари за барел

 Просечната цена на нафтата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) се зголеми на 73,36 долари за барел, информира денеска нафтениот картел на својата веб-страница.

Еден барел завчера се продаваше за 72,45 долари.

За да се одреди цената на нафтата на ОПЕК, се користи т.н. „нафтена кошничка“, која вклучува 13 сорти нафта за извоз во земјите-членки на картелот: Саудиска Арабија, Ирак, Нигерија, Либија, Ангола, Иран, Кувајт, Венецуела, ОАЕ, Алжир, Габон, Конго и Екваторијална Гвинеја.

Историскиот максимум за „кошничката на ОПЕК“ беше 140,73 долари за барел, забележана на 3 јули 2008 година.

Цената на барел нафта се одредува со изведување на аритметичка просечна вредност од котирањата во моментот на затворање на трговијата со сите сорти од „кошничката на ОПЕК“ претходниот работен ден.

Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн противници на Македонија во квалификациите за СП 2026

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Светскиот шампионат во 2026 година.

Виза за Мундијалот во 2026 година чии домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико, црвено жолтите ќе се обидат да обезбедат во групата Ј против селекциите на Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн, е епилогот од денешната ждрепка во Цирих.

Според системот за квалификации на УЕФА 54 европски селекции поделени во 12 групи ќе се борат за пласман на Мундијалот во 2026 година.

Директен пласман на Светскиот шампионат обезбедуваат само победниците на 12 групи, а преку плеј-офот ќе се одредат уште четири учесници од Европа.

Составот на преостанатите 11 групи е :

Група А: Италија/Германија (победник), Словачка, Северна Ирска, Луксембург

Група Б: Швајцарија, Шведска, Словенија, Косово

Група Ц: Португалија/Данска (поразена), Грција, Шкотска, Белорусија

Група Д: Франција/Хрватска (победник), Украина, Исланд, Азербејџан

Група Е: Шпанија/Холандија (победник), Турција, Грузија, Бугарија

Група Ф: Португалија/Данска (победник), Унгарија, Ирска, Ерменија

Група Г: Шпанија/Холандија (поразена), Полска, Финска, Литванија, Малта

Група Х: Австрија, Романија, Босна и Херцеговина, Кипар, Сан Марино

Група И: Италија/Германија (поразена), Норвешка, Израел, Естонија, Молдавија

Група Ј: Белгија, Велс, Македонија, Казахстан, Лихтенштајн

Група К: Англија, Србија, Албанија, Летонија, Андора

Група Л: Франција/Хрватска (поразена), Чешка, Црна Гора, Фарски Острови, Гибралтар

Во баражот ќе има место за 12-те второпласирани во квалификациските групи и плус четири репрезентации од 14-те што го освоија првото место во групите од Лигата на нациите а кои не завршиле на првите две позиции во регуларните квалификации. Меѓу нив и Македонија со огромни шанси да се најде во баражот за пласман на СП 2026.

Отстранети диви депонии во скопските општини Ѓорче Петров и Чаир

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје подигнале и транспортирале 30 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Ѓорче Петров и Чаир.

Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, почнати се активности за отстранување поголемо количество непрописно одложен кабаст, мешан комунален и отпад од картонски пакувања на улицата „Лихнида“ во општината Ѓорче Петров. Активностите за расчистување на оваа локација, како што е најавено, ќе продолжат и во текот на денешниот ден.

Расчистени се и неколку помали диви депонии лоцирани на улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ во општината Чаир, каде се подигнати приближно 20 кубни метри градежен и кабаст отпад одложени на јавни и на сообраќајни површини.

притисни ентер