„Каква ти е жена, такав ти је живот" за старт на Фестивалот на БНТС - Канал 5

„Каква ти е жена, такав ти је живот" за старт на Фестивалот на БНТС

 Фестивал на балканската независна театарска сцена ќе се одржи од 27 август до 5 септември во Парк шумата во општина Гази Баба. 

„Каква ти е жена, такав ти је живот" за старт на Фестивалот на БНТС

Љубителите на тетарските претстави ќе имаат можност да проследат вкупно шест претстави во режија на Раде Вукотиќ.

Фестивалот ќе започне со театарската претстава „Каква ти е жена, такав ти је живот", со Драган Маринкович – Маца, која ќе се одржи во петок со почеток од 20 часот.

Останатите селектирани претстави се „SEX BOMB", во која играат Ѓорѓе Давид, Никола Ивачков, Марија Вељковиќ и Бојана Грабовац, потоа „Не ми го чепкај пивото", со Надица Петрова, Бобан Алексоски и Давид Илиќ, во понеделник „Средба со неочекуваното" – Tеатар ГЕСТОС / Читалиште Елин Пелин, Софија; Р. Бугарија, со актерите Славјана Љубомирова, Камен Иванов и Атанас Чопов, во вторник „Јас бремената" – Театар КЕРЕКЕШ, Вараждин; Хрватска, играат Јан Керекеш и Ана Бегиќ Тахири, и „Ожени ме" во продукција на Театар Провокација, играат Избела Јакимова и Бранко Атанасов

-Ова е една од најстарите театарски трупи која опстојува веќе 30 години на оваа балканска сцена, а за да се опстане толку време мора да се понуди квалитет. Раде Вукотиќ е директорот и режисерот на овие претстави и тој секогаш во неговите претстви има ѕвезди. Станува збор за фестивал со натпреварувачки карактер, на крај ќе се доделуваат награди за најуспешната претстава, најуспешните актери, режија и се она кое ќе го видиме дека се издвојува по нешто, истакнуваат од Театар Провокација.

Станува збор за проект овозможен од страна на општина Гази Баба во соработка со театарот Провокација.

Градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски на прес-конференција истакна дека Фестивалот има за цел да им овозможи на граѓаните да се расположат и да не мислат на секојдневните грижи и страв кои ги наметна ковид пандемијата.

-Пандемијата со вирусот Ковид-19 изминатиов период, не спречи сите нас да уживаме во културните настани, стравот од пандемијата со која се соочи целиот свет е присутен кај сите, токму затоа решивме да понудиме еден концепт кој ќе ги врати насмевките кај луѓето, и на момент да заборават на проблемите и на стравот и да се расположат, рече Георгиевски.

Фестивалот ќе се одржува во Парк шума кај црквата Сретение Господово во општина Гази Баба, а влезот ќе биде слободен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер