Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
2Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
Македонија„ХЕРЕ“ ја мапира Македонија во 3-д„ХЕРЕ“, со цел да ги опфати многу чувствителните податоци на патиштата, вклучувајќи ленти и знаци на патот, во месец мај и јуни 2026 година при улици ќе вози со возило опремено со најнова технологија.Германската компанија „ХЕРЕ технологии“ (HERE Technologies), како глобален лидер во дигиталното мапирање и услугите за локација, а во рамки на напорите да се понудат најнапредните мапи на светот, од следната пролет ќе мапира високо чувствителни тридимензионални (3-д) форми на Македонија. „ХЕРЕ“, со цел да ги опфати многу чувствителните податоци на патиштата, вклучувајќи ленти и знаци на патот, во месец мај и јуни 2026 година при улици ќе вози со возило опремено со најнова технологија. Јасно обележеното „ХЕРЕ“-возилото, покрај 3-д и снимките на улично ниво, ќе ги опфати и интересните точки како што се продавници, бензински пумпи и ресторани. Овие информации ќе се користат за создавање богати и детални мапи на македонските патишта, дизајнирани за поддршка на високо автономни возила и други напредни услуги коишто ја подобруваат безбедноста на патот, го намалуваат сообраќајниот метеж и им овозможуваат на луѓето полесно да навигираат во урбаните области. „ХЕРЕ“ всушност работи на прецизно мапирање на светот за активизирање на автоматските возила и други напредни услуги. „'ХЕРЕ' е посветена на почитување и заштита на приватноста на луѓето. Регистрираните снимки се чуваат во возилото и потоа во шифриран облик се пренесуваат и се чуваат во безбеден објект. По нивното пренесување, заради замаглување на лицата и регистарските таблички, снимките се преработуваат со софтвер и напредни алгоритми водечки во индустријата. Снимките ќе се објават само по замаглување на лицата и регистарските таблички. Во ретки случаи, како на пр. кога снимката правилно не е замаглена, 'ХЕРЕ' ја олеснува секој да го пријави овој случај. Посетете ја официјалната страница и во долниот лев агол на картата кликнете на алатката 'Пријави'. За да дознаете повеќе за проектот, за тоа како 'ХЕРЕ' ја заштитува вашата приватност и за да уживате во богатото искуство со мапирање, Ве молиме да ја посетете веб-страницата", се вели во соопштението. „ХЕРЕ“ е „Платформа со отворена локација“, се вели, којашто на луѓето, институциите и градовите им овозможува да ja користaт моќта на локацијата. „Ние се зајакнуваме за светот низ призмата на локацијата да добие смисла и на нашите клиенти да им помогнеме да постигнат подобри резултати, и тоа - преку помагање во управувањето со градската инфраструктура или преку помагање на деловната активност да ги оптимизира своите средства сѐ до безбедно насочување на возачите на возилата до нивната дестинација. За подетални информации за 'ХЕРЕ', вклучувајќи ги и нашите услуги на платформата за локација засновани на новата генерација облак, посетете ја нашата веб-адреса“, се додава. Наредниве недели возилото ќе патува по сите поголеми патишта низ целата земја и по улиците на некои градови. Целиот процес тече непречено и не го прекинува редовниот проток на сообраќај. Тагови: мапи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПочина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата. Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга. Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот. „Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот. Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.Состојки за денешниот рецепт: 4 јајца 1 главица кромид 1 домат 150 гр. свежи печурки 1 зелена лута пиперка 100 гр. кашкавал малки мајонез масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаТеодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот судТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот. Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година. Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДекларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37