„ХЕРЕ“ ја мапира Македонија во 3-Д - Канал 5

„ХЕРЕ“ ја мапира Македонија во 3-Д

Наредните недели возилото ќе патува по сите поголеми патишта низ целата земја и по улиците на некои градови. Целиот процес нема да го прекинува редовниот сообраќај.

„ХЕРЕ“ ја мапира Македонија во 3-Д

Холандската компанија „ХЕРЕ технолоџис“ (HERE Technologies), како глобален лидер во дигиталното мапирање и услугите за локација, а како дел од напорите да се понудат најнапредните карти на светот, оваа пролет ќе мапира високо чувствителни тридимензионални мапи на Република Македонија.

„'ХЕРЕ', со цел да ги опфати многу чувствителните податоци на патиштата, вклучувајќи ленти и знаци на патот, во месец мај и јуни 2025 година ќе вози по македонските патишта и улици, со возило опремено со најнова технологија. Јасно обележеното 'ХЕРЕ'-возило, покрај 3-Д и снимките на улично ниво, ќе опфати и други интересни точки, како што се продавници, бензински пумпи и ресторани. Овие информации ќе се користат за создавање информативно богати и подрбни мапи, направени за поддршка на целосно и делумно самуправувачки возила и други напредни услуги коишто ја подобруваат безбедноста на патиштата, го намалуваат сообраќајниот метеж и им овозможуваат на луѓето полесно возење во урбаните области“, соопшти компанијата.

Наредните недели возилото ќе патува по сите поголеми патишта низ целата земја и по улиците на некои градови. Целиот процес нема да го прекинува редовниот сообраќај.

„ХЕРЕ“ е посветена на почитување и заштита на приватноста на луѓето. Регистрираните снимки се чуваат во возилото и потоа во шифриран облик се пренесуваат и се чуваат во безбеден објект. По нивното пренесување, за откривање и замаглување на лица и регистарски таблички се преработуваат со софтвер и напредни алгоритми, водечки во технолошката индустрија. Снимките се објавуваат само по замаглување на лица и регистарски таблички.

Во ретките случаи, кога снимката не е правилно замаглена на „ХЕРЕ“, секој може да ја пријави оваа појава. Посетете ја официјалната картичка во долниот лев агол на мапата и кликнете на алатката „Пријави официјално“. На интернет-страната ќе може да дознаете повеќе за проектот, за тоа како платформата ја заштитува приватноста на корисниците и сниманите лица и други корисни информации. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“

Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. 

Почина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“

Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата.

Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга.

Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот.

„Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот.

Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Во четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.

„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчук

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 главица кромид

1 домат

150 гр. свежи печурки

1 зелена лута пиперка

100 гр. кашкавал

малки мајонез

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. 

Теодора Евтимовска-Бојковска е избрана нова судијка во Уставниот суд

Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот.

Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година.

Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер