Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
2Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
Веб ТВ„Гответе со Дракче“ - 15.05.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалУапсен турски новинар: Проблемот настанал бидејќи тој излажал за трансферот на еден фудбалер?!Турскиот новинар Бурхан Џан Терзи беше уапсен поради ширење невистинити информации за трансферот на Џамал Мусиала во Галатасарај.Во светот на фудбалот сме виделе секакви работи, особено за време на преодниот рок. Трансфери на фудбалери што пропаѓаат, што не се реализираат, па дури и погрешни трансфери. Но, никој поради тоа не завршил во затвор. Сè досега, кога е уапсен турскиот новинар Бурхан Џан Терзи. 🇹🇷 INCROYABLE ! Un journaliste turc a été placé en GARDE À VUE et INTERPELLÉ DEVANT CHEZ LUI après avoir annoncé le transfert de Jamal Musiala à Galatasaray ! 😳😭 Burhan Can Terzi faisait l’objet d’une enquête pour « diffusion publique d’informations trompeuses ». Il a… — Actu Foot (@ActuFoot_) August 10, 2026 Постои и видеоснимка од апсењето, како и потврда дека тоа навистина се случило. Зошто? Затоа што тој го најави трансферот на Џамал Мусиала од Баерн Минхен во Галатасарај, и тоа во два наврати. Турскиот клуб и во двата наврати ги отфрли тие обвинувања, а потоа Терзи беше уапсен пред својот дом. Тој беше обвинет за ширење лажни информации. Помина неколку часа во притвор, по што беше пуштен на слобода. Многумина сметаат дека ова било некаков вид предупредување да внимава на информациите што ги објавува во иднина.Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзгаснат пожарот во „Средорек“, утрово горела и сендвичарница во КумановоПожарот што рано утрово избувна во кумановската населба „Средорек“ е изгаснат, соопштија од Територијалната противпожарна единица Куманово.Сигналот за пожарот бил примен во 05 часот и 35 минути , по што екипите интервенирале околу два часа. Огнот избувнал на локација со отпад и диви депонии.кумановските пожарникари утрово интервенирале и на пожар во сендвичарница на улицата „Борис Кидрич“. Во интервенцијата учествувале едно противпожарно возило и пет пожарникари.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нова еколошка катастрофа тлее кај РашчеНова еколошка катастрофа тлее кај Рашче - под закана е изворот од кој со вода се снабдува СкопјеВо Гостивар, повеќе од месец дена граѓаните немаат безбедна вода за пиење. Над 50 населени места се со загадена вода. А овде, на север, во околината на изворот за вода Рашче, тлее нова еколошка катастрофа. Нова закана за чиста вода за пиење се случува овде во заштитеното еколошко подрачје на Рашче, и тоа пред очите на власта на Мицкоски. Околината на изворот од кој со вода се снабдуваат Скопје и 25% од граѓаните во Македонија е затрупана во депонија. Стравична е оваа слика што ја објави наш познат новинар. Страшно е тоа што го гледаме тука на терен. За оваа катастрофа, не му треба на ВМРО и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дрон - еве каква е состојбата…катастрофа! Тотален хаос. И тоа на подрачје каде што е изворот за вода за пиење и каде што се произведуваат земјоделски производи, кои стигнуваат на пазарите. Ова е директна закана за водата за пиење и за здравјето на граѓаните. Кој го дозволува овој еколошки геноцид? Кој дозволил ваква дива депонија да се создава во близина на изворот од кој се снабдува една четвртина од граѓаните во државата? Кој ќе одговара за овој ризик од загрозување на здравјето и животите на граѓаните? Цела држава ја отруја од неодговорност - 50 населени места во државава се со загадена вода а никој не понесува одговорност. Не смее да се чека да се случи нова уште поголема катастрофа. Кој го штити изворот Рашче? Кој ќе гарантира дека водата е безбедна? И кој ќе понесе одговорност? Граѓаните имаат право на чиста и безбедна вода. Не може цела Македонија да биде заложник на неспособноста и неодговорноста на ВМРО. Водата не е партиска тема. Водата е живот. Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook