Хулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовките - Канал 5

Хулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовките

Хулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовките за новата сезона, и покрај тоа што сакаше да си замине.

Хулијан Алварез се врати во Атлетико Мадрид и се приклучи на подготовките

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Аргентинецот, Хулијан Алварез, се појави во тренинг-центарот на клубот и им се приклучи на соиграчите во подготовките за новата сезона.

Иако за време на Светското првенство јавно изјави дека сака да си замине, 26 годишниот Алварез сепак постапи професионално и се одзва на поканата на клубот да продолжи со работа по паузата.

Атлетико Мадрид објави фотографии од играчите кои овој понеделник се приклучија на подготовките – Алварез, шпанските репрезентативци Маркос Љоренте и Алекс Баена, како и голманот Хуан Мусо.

„Во наредните денови, четворицата ќе работат според посебен план за тренинг пред да му се приклучат на тимот“, беше соопштено.

Сепак, ситуацијата со Алварез сè уште не е решена и неизвесно е како ќе се одвиваат работите.

Летово пак , Барселона го подготвува теренот за доаѓањето на Алварез, се разделува со напаѓачот Феран Торес откако претходно Роберт Левандовски замина за САД.

Сепак, и Атлетико се прашува за тоа, барем до 2030 година, кога истекува договорот на одличниот напаѓач. Алварез дојде во Атлетико Мадрид од Манчестер Сити пред точно две години, а Манчестер Сити доби 95 милиони евра за него, што претставуваше рекордна продажба во историјата на клубот. Клаузулата за заминување во неговиот договор изнесува половина милијарда евра.

Колкав интерес владее кај шпанската јавност за овој случај, покажува потегот на новинарот Херардо Ромеро, кој ги следеше сите безбедносни камери на улиците што водат од домот на Алварез до тренинг-центарот на клубот. Тој го очекуваше исходот од ситуацијата и пристигнувањето на Алварез во Атлетико, што на крајот и се случи. Сепак, конечната одлука за неговиот трансфер се одложи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица

Извршен е увид на местото на настанот.

Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица

На 01.09.2026 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13- годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда. Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Горан „бетон“ Герасимовски, со троцифрен број на одобренија за градба, најмалку има право да зборува за бетонизација, уште помалку да ја обвинува опозицијата во Општина Центар, каде што ТОЈ владее заедно со кадрите на Венко и Заев.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Кога на Горан не му успеваат намерите, тогаш за него време е да стопира градби за кои веќе има дадено одобрение.

Како му беше сè во ред кога издал одобрение за градба, а сега глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ ја спроведува.

Шемите им смрдат на КОРУПЦИЈА, а нивното расипништво има докажан континуитет.

СДСМ и Герасимовски најмалку имаат право да зборуваат и за интересот на центарци, бидејќи се покажа на дело дека мислат само на себе. Истите методи што сега ги спречивме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета за градежната компанија „Пелагонија“, која сè исплаќаше со години.

Ако и оваа одлука им поминеше на Совет, уште колку милиони евра ќе требаше да плаќаат центарци, само поради неуспешни комбинаторики на Горан, за кои зборува цел Центар?

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тенисерот Вавринка заминува во пензија

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра последниот гренд слем меч во кариерата, откако во првото коло на Ју-Ес Опен загуби од Матео Беретини со 7:6, 7:6, 6:0. 

Тенисерот Вавринка заминува во пензија

Швајцарецот, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, беше испратен со големи овации од публиката во Њујорк.

Вавринка во Њујорк првпат настапи во 2005 година, а десет години подоцна го освои трофејот, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Овојпат до настапот стигна со специјална покана, откако во последен момент се ослободи место во главниот турнир.. „една од причините поради кои играв до 41 година беа токму ваквите моменти“, изјави Вавринка по мечот.

„Тоа ми покажа дека во овие 20 години ја правев вистинската работа – секогаш се борев, излегував на терен и се обидував да го дадам најдоброто од себе“, порача Швајцарецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер