Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
2Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
Здравје„Ги запознаваме ретките болести“: ЛиподистрофијаЛИПОДИСТРОФИЈА/LIPODYSTROPHY MKБ-10 Е88.1ПРЕВАЛЕНЦА – Проценката на преваленцата за дијагностицирана липодистрофија е 2,8 случаи на милион луѓе. Конгениталната липодистрофија (поради наследен генетски дефект) се проценува дека е исклучително ретка, а веројатно влијае само на еден на милион луѓе. Една подоцнежна студија објавена во изминатата година сугерирала клиничка преваленца на липодистрофија со повисока тенденција, и тоа до 1 на 20 000 индивидуи и генетска форма со тенденција до 1 на 7 000, особено кај лицата со ХИВ-инфекција. ВОВЕД Синдромите на липодистрофија се група генетски или стекнати нарушувања во кои телото не е во состојба да произведе и одржува здраво масно ткиво. Медицинската состојба се карактеризира со абнормални или дегенеративни состојби на масното ткиво на телото. Поконретно, липоатрофија (од грчки липо – „масти“ и дистрофија – „абнормална или дегенеративна состојба“) се користи кога се опишува губењето на маснотии од една област (обично лицето). Оваа состојба се карактеризира и со недостиг на циркулирачки лептин што може да доведе до остеосклероза. Отсуството на масно ткиво е поврзано со отпорност на инсулин, хипертриглицеридемија, безалкохолна масна болест на црниот дроб (NAFLD) и метаболички синдром. Липодистрофијата може да се подели на: - синдроми на вродена липодистрофија; - вродена генерализирана липодистрофија (синдром Berardinelli–Seip); - семејна делумна липодистрофија; - Марфаноид-прогероид-липодистрофија; - хронична атипична неутрофилна дерматоза со липодистрофија и синдром на покачена температура; - стекнати синдроми на липодистрофија; - стекната делумна липодистрофија (Баракер–Симонсов синдром); - стекната генерализирана липодистрофија; - центрифугална абдоминална липодистрофија (Lipodystrophia centrifugalis abdominalis infantilis); - прстенеста липоатрофија (Ferreira-Marques lipoatrophia); - локализирана липодистрофија; - липодистрофија поврзана со ХИВ. ЕТИОЛОГИЈА Генетските форми на липодистрофија, конгенитална генерализирана липодистрофија и семејна парцијална липодистрофија, се предизвикани од одредени генетски мутации (промени). Мутациите во гените AGPAT2, BSCL2, CAV1 и CAVIN1 предизвикуваат конгенитална генерализирана липодистрофија тип 1, 2, 3, 4, соодветно. Овие гени играат важна улога во развојот и функцијата на адипоцитите, клетки што складираат маснотии во човековото масно ткиво. Мутациите на овие гени влијаат на структурата и функцијата на адипоцитите. Семејната делумна липодистрофија може да биде предизвикана од мутации на неколку гени, најчесто мутации во генот LMNA. Дете со CGL ги наследува генските мутации од неговите биолошки родители. Секој од родителите носи по една копија од мутираниот ген, но тие обично не покажуваат знаци и симптоми на состојбата. Стекнатите липодистрофии можат да бидат предизвикани од лекови, автоимуни реакции или да имаат непозната причина (идиопатска). Додека стекнатите липодистрофии немаат директна генетска основа, некои истражувачи мислат дека некои луѓе можат да имаат генетска предиспозиција за развој на одредени форми на стекната липодистрофија. СИМПТОМИ И ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ Бидејќи има многу видови на липодистрофија, нејзините симптоми варираат во голема мера, па засегнатите можат да немаат здравствени проблеми со години. Најчестиот симптом на липодистрофија е забележливо и постојано намалување на количината на маснотии во некои делови од телото или релативно вишок маснотии во други делови од телото. Луѓето со стекната делумна липодистрофија постепено губат маснотии од лицето, вратот, рацете и градите во текот на детството. Некои луѓе со APL можат да имаат вишок маснотии околу стомакот, нозете или задникот. Оние кои имаат суптилен поттип на синдромот можат да покажат необично и необјасниво високи нивоа на холестерол, триглицериди и гликоза при рутински тестови на крвта. Симптомите, исто така, се движат по сериозност, од ненаситен апетит на едниот крај, до неподнослива болка поради панкреатитис (воспаление на панкреасот) на другиот крај. Друг знак може да биде ако пациентот страда од хипергликемија (премногу шеќер во крвта) или хипертриглицеридемија (премногу триглицериди во крвта) која е отпорна на нормален третман. Дијагностицирањето вообичаено е врз основа на клиничка слика, физички преглед, семејна историја на медицински состојби и искуство на ендокринолог. Користењето дебеломер за преклопување на кожата за мерење на дебелината на наборите на кожата во различни делови од телото или скенирање на вкупниот состав на телото со помош на Двојна енергетска рендгенска апсорптиометрија, исто така, може да помогне да се идентификува поттипот. Апсорптиометријата со рендген со двојна енергија може да биде корисна со обезбедување на регионални мерења на % масти и директна визуелизација на дистрибуцијата на маснотиите со помош на „масна сенка“. Понекогаш генетската потврда е можна во зависност од поттипот со помош на Next-Generation Sequencing (NGS) Gene Panels и Whole-Exome Sequencing (WES) генетско тестирање. Сепак, кај до 40 % од пациентите со делумна липодистрофија, не е идентификуван предизвикувачкиот ген. ПОСЛЕДИЦИ Поради недоволниот капацитет на поткожното ткиво да складира маснотии, маснотиите се депонираат во немасното ткиво (липотоксичност), што доведува до отпорност на инсулин. Пациентите можат да покажат хипертриглицеридемија, тешка масна болест на црниот дроб, и делумно или никакво масно ткиво. Просечниот животен век на пациентот е приближно 30 години, со откажување на црниот дроб како вообичаена причина за смрт. За разлика од високите нивоа забележани кај безалкохолната масна болест на црниот дроб (NAFLD) поврзана со дебелината, кај липодистрофијата, нивоата на лептин се многу ниски. ТРЕТМАН Третманот на липодистрофијата зависи од тоа за кој специфичен тип се работи и дали некои други состојби се поврзани со веќе постоечката, како што се дијабетес или абнормални нивоа на холестерол. 1. модификација на животниот стил (диета и вежбање по потреба), метформин и фибрати (и/или статини); 2. метформин, тиазолидиндиони - во третман на инсулинска резистенција; 3. фибрати (и/или статини) - во третман на дислипидемија (хиперхолестеролемија); 4. козметички третман, естетка пластична хирургија; 5. баријатриска хирургија (Roux-en-Y гастричен бајпас хирургија/ RYGB); Терапијата за замена на лептин со хуман рекомбинантен лептин метрелептин се покажала како ефикасна терапија за ублажување на метаболичките компликации поврзани со липодистрофијата и е одобрена од FDA за третман на синдроми на генерализирана липодистрофија. Во Европа врз основа на ЕМА, метрелептинот треба да се користи како додаток на диетата за лекување на липодистрофија, при што пациентите имаат губење на масното ткиво под кожата и таложење на маснотиите на други места во телото, како што се црниот дроб и мускулите. Лекот се користи кај: возрасни и деца на возраст над две години со генерализирана липодистрофија (синдром на Berardinelli–Seip и Лоренсов синдром) и кај возрасни и деца на возраст над 12 години со делумна липодистрофија (вклучувајќи и синдром на Barraquer–Simons), во случаи кога стандардните третмани се безуспешни. Volanesorsen е Apo-CIII инхибитор и е лек кој моментално се истражува како потенцијален терапевтски лек за намалување на нивото на хипертриглицериди кај пациенти со фамилијарна парцијална липодистрофија во студијата BROADEN.Тагови: ретки болести Липодистрофија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаМицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери. Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија. Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки. Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија. И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облекаМузејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше... Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет. Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година. Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз. Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед. https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embedТагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter