Македонија Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во ЕвропаПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа на драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, економскиот колапс и лицемерното однесување на Владата, која наместо резултати, нуди само пропаганда.„Нашите информации се дека ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласови до сега. Таков пад на гласовите, таков дебакл до сега во историјата на државата за толку кратко време едноставно не се случил“, изјави Филипче. Тој предупреди дека власта се обидува да ја покрие реалната состојба во државата со агресивна ПР-пропаганда, но граѓаните не се наивни. „Не затрупуваат со информации, со пропаганда, со ПР дека прават економски бум. Што се случи? Бум слушнавме само со тоа што треснавме на земја. Евростат излегува со податоци дека сме последна земја во Европа според економската стапка“, потенцираше Филипче. Според него, Мицкоски говори за вредности, отчетност и транспарентност, но со секој чекор ја демантира сопствената реторика. „Зборува за транспарентна работа, зборува за отчетна работа, зборува за некаков систем на вредности, а ако навистина ја вршат работата како што треба, нема да има потреба да зборуваат за тоа. Нема да имаат потреба да зборуваат како владата и институциите треба да работат во интерес на граѓаните, ако јавната администрација сама работи така“, истакна Филипче. Тој потсети дека кога институциите се навистина чесни и ефикасни, резултатите сами зборуваат, без да се замајува јавноста со празни приказни. „Нема да има потреба да им зборуваат за фотелји, за клупи и за гајби на граѓаните ако навистина работат чесно. Факт е дека тоа не го прават на тој начин“, нагласи претседателот на СДСМ. СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook