„ЕВН Снабдување“ со пониска цена за малите и средни компании

Пониска цена на електрична енергија за малите и средни компании ќе донесе третата фаза од процесот на либерализација на пазарот. Анализите на „ЕВН Снабдување“ покажуваат дека компаниите ќе имаат поконкурентни цени на електричната енергија како резултат на промената на тарифниот модел.

Над 80 000 мали и средни компании оваа есен ќе можат сами да изберат свој снабдувач за електрична енергија. Отворениот пазар за нив ќе значи пониска цена на електрична енергија, а тоа директно ќе влијае на подобрувањето на нивната ефикасност, конкурентност и продуктивност, велат од ЕВН. Неофицијално дознаваме дека малите компании ќе имаат пониски цени за над 30 %.

“Во следната фаза од процесот на либерализација , ЕВН Снабдување ќе понуди продукти за малите и средни компании кои ќе овозможат снабдување со електрична енергија со пониски цени . Како и досега ќе понудим е најдобра цена на пазарот. Отварањето на пазарот ќе значи пониска цена само ан енергијата, а тарифата на дистрибутивната мрежа и понатаму ќе биде регулирана од Регулаторната комисија за енергетика“ изјави Нико Берберу, менаџер на ЕВН Снабдување

Либерализацијата на пазарот на електрична енергија е предвидена во Атинскиот меморандум чиј потписник е и Македонија . Првата фаза од овој процес започна во 2007 година, а предвидено е заклучно со следната година истиот да заврши , кога сите потрошувачи, вклучувајќи ги и домаќинстават ќе можат да изберат свој снабдувач на електрична енергија.

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

притисни ентер