СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
2СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
Технологија„Џејмс Веб“ пронајде водена пареа околу комета од Кујперовиот ПојасВселенскиот телескоп „Џејмс Веб" на американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА, го забележа своето второ големо откритие овие две недели.Истражувачите преку камерата на телескопот открија водена пареа околу кометата „238П-Рид" во тн. „главен“ астероиден појас, наречен Кујперов Појас. Научниците досега веруваа дека кометите можат да го зачуваат својот воден мраз и кога се релативно оддалечени до Сонцето, но досега немаа цврсти докази за таа претпоставка. Општо земено, тие очекуваа дека кометите во Кујперовиот Појас или во Ортовиот Облак се доволно далеку од Сонцето за мразот да се задржи на нив. Сепак, ова откритие создаде и нова загатка... Додека јаглеродниот диоксид обично сочинува 10 отсто од потенцијално испарената материја на кометата, инструментите на „Веб“ не открија ниту еден отсто во „238П-Рид". Истражувачкиот тим претпоставува дека ЦО2 или се одвоил од кометата во текот на милијарди години или дека „Рид“ се создал во дел од Сончевиот Систем којшто не содржел ЦО2. „Рид“ е едно од првите вселенски тела користени за дефинирање на кометите во „главниот појас“. Телескопот „Џејмс Веб“, пак, е првата доволно моќна опрема, оспособена за подробно да ги проучува овие комети. Потребно е повеќе набљудување за да се утврди дали недостатокот на ЦО2 кај „Рид“ е случајност или таков е случајот и со други комети од главниот појас. Без оглед на одговорот, истражувачката Стефани Милам смета дека мисија за собирање примероци може да помогне да се дознае повеќе за кометите како оваа. Кујперовиот Појас почнува приближно на работ на орбитата на Нептун, што е релативно попогоден за научни вселенски истражувања. Ортовиот Облак е оддалечен околу две светлосни години од Земјата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера Филипче да не се однесува како народот да има колективна амнезија и да каже зошто не реагирал за водата во Гостивар кога бил министер.Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера и да дава лицемерни изјави и да се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија. Постојат документи од кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина. Наместо да се однесува очајнички, за да присобрери некој поен оти партијата на која е лидер му е во слободен пад, сега е должен да одговори на јавноста зошто кога бил министер молчел и не делел лелции, а сепак постоеле индиции дека водата за пиење во Гостивар не ги задоволувала законските стандарди. Инаку не е ова одлика само на Филипче туку и на целата СДС, затоа што проблемот продолжил и откако Филипче веќе не бил министер. Во документте стои дека на 11.11.2020 година, микробиолошката анализа покажала зголемен број на колиформни бактерии и констатирала дека водата не треба да се користи за пиење. 15.02.2021 и 01.03.2021, повторно било констатирано дека водата не ги задоволува критериумите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење. 11.07.2022, водата за пиење доставена од ЈП „Комуналец“ – Гостивар, не одговарала за употреба поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. 29.06.2023 повторно била констатирана неисправност поради бактериски колонии. 04.08.2023 година повторно било утврдено дека водата за пиење не одговара поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Ама на ова, ни Филипче ни СДС, како тогашна владејачка партија не реагирале соодветно. А и сега не реагираат соодветно, туку само се обидуваат да продадат своја верзија на случајот со намера дека тоа ќе им донесе политички поени. Одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, не бараат оти коалицијата СДС-ДУИ-Тарабари не може да се раздели, па и во опозиција делува заеднички, против народот. Филипче да даде јасен одговор и недвосмислен на јавноста зошто молчел за време на неговиот мандат како министер за здравство. Ова не е времето на Зоран Заев и криминалната СДС кога се игнорираа вакви случаи. Во тек е официјална постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции детално ја разгледуваат целокупната документација и ги проверуваат сите релевантни факти. Лицата за кои постои сомневање за најголема одговорност веќе се лишени од слобода, а истрагата продолжува, се преземаат сите неопходни активности за целосно расветлување на случајот, а јавноста ќе биде навремено информирана и добива соодветни препораки и насоки врз основа на резултатите од анализите. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски - го загрозија здравјето на граѓаните на ГостиварВладата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна.Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено. Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше. А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава. Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија. Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие. За ова мораат кривично да одговараат: • Христијан Мицкоски • министерот Клековски • и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар. Ова сѐ уште трае. Одговорноста не може и не смее да се избегне. Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРасветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот.На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети. За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар по преземени мерки и активности ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан. Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување. По целосно документирање на случајот, во текот на денешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка. Тагови: мвр насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter