„BMW“: Побарувачката за дизели и бензици го достигна својот максимум - Канал 5

„BMW“: Побарувачката за дизели и бензици го достигна својот максимум

Сега продажбата на електрични автомобили ќе расте.

„BMW“: Побарувачката за дизели и бензици го достигна својот максимум

„BMW“ соопшти дека побарувачката за своите автомобили со бензин и дизел го достигнала врвот минатата година и очекува електричните модели да доведат до раст на продажбата во наредните години, пишува Блумберг.

Сега можеме да се запрашаме дали оваа проценка сè уште се заснова на фактот дека „BMW“ во моментов инвестира милијарди долари во електрични возила и платформата „Neue Klasse“ и очекува многу од овој стратешки проект.

Германскиот производител на премиум автомобили има добро пополнети книги за нарачки за електрични автомобили за да продаде половина милион електрични возила оваа година, околу една петтина од вкупните испораки, рече главниот финансиски директор Валтер Мертл.

Продажбата на електрични возила на „BMW Group“ минатата година скокна за 75%, поттикната од моделите како што е седанот „i4“, иако растот на продажбата на електрични возила е бавен на многу пазари.

Следната година „BMW“ се префрла на нова механичка платформа за електрични возила со првите модели кои ќе излезат на пазарот. Новата технологија има за цел да ги преполови трошоците за батериите во споредба со сегашната генерација на автомобили, со очекувана поголема продажна маржа.

До крајот на деценијата, електричните возила на „BMW“ ќе имаат поголем поврат од автомобилите со мотори со внатрешно согорување, рече Мертл.

Од друга страна, многу луѓе не се задоволни со електричните автомобили. „Audi“ најави дека го намалува производствениот капацитет поради незаинтересираност.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка

Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.

Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Р. Словачка

„На покана на словачката амбасадорка Н.Е. г-а Ивета Хрицова и полковник Иван Улични, присуствував на приемот по повод Денот на Уставот и Денот на вооружените сили на Република Словачка.

Денот на Уставот е потсетник на правно-политичките темели на современата словачка држава, а Денот на вооружените сили симболизира модерна и храбра армија, подготвена да ја брани татковината.

Словачка е наш докажан пријател и најгласен поддржувач на македонскиот пат кон ЕУ.

Длабоко верувам во европската иднина на македонско-словачките односи.“- стои во објавата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

Паркот на Франкофонија синоќа беше претесен за сите што дојдоа заедно да прослават 50 години Општина Центар. 

Герасимовски: Илјадници гласови, една енергија, Центар прослави 50 години со вечер за паметење

Многу музика, насмеани лица, публика од сите генерации и македонски песни што се пееја во еден глас ја одбележаа четвртата година на музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“.

Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона приредија вистинска музичка вечер за паметење, со публика која пееше заедно со нив од почеток до крај. За расположението и смеата се погрижи Сашко Коцев, кој со својот препознатлив хумор и непосредност ѝ даде посебен печат на целата вечер.

Градоначалникот Горан Герасимовски од сцената им се обрати на присутните и им се заблагодари што во толку голем број дојдоа заедно да го одбележат јубилејот на Општината.

„Вечерва не сум овде пред вас само како градоначалник. Тука сум како еден од вас – како сосед, како пријател, како човек кој го сака Центар. Вечерва славиме половина век Центар, половина век генерации кои растеле тука, создавале семејства, пријателства и спомени и го правеле Центар тоа што е денес. Ви благодарам што сте тука и што овој јубилеј го славиме заедно“, порача Герасимовски.

„Нешто што ќе остане“ веќе четврта година е настан посветен на македонската музика и домашните изведувачи. Герасимовски нагласи дека токму тоа е идејата која Општина Центар сака да ја продолжи и во иднина.

„Имаме одлични македонски музичари и уметници и тие заслужуваат сцена, публика и поддршка. Сакавме овој настан да биде наш – со наша музика, наши изведувачи и наша публика. Тоа го правевме досега и тоа ќе продолжиме да го правиме“, истакна Герасимовски.

А синоќешната слика од Паркот на Франкофонија најдобро покажа зошто – илјадници луѓе, различни генерации, македонска музика и една заедничка причина за славење – 50 години Центар.

Вечер што ќе се памети и уште едно „Нешто што ќе остане“.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра.

Велјановски: Од 340 на 560 милиони евра, талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ, биле само провизии, проценти, тендери.

Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб.

Затоа СДС и ДУИ треба да одговорат зошто проектот со години доцнеше, а неговата проценета вредност растеше? Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови?

Почитувани граѓани,

Денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на изнаоѓање одржливо решение за железничкиот Коридор 8 и реализација на стратешкото поврзување.

Но, не смееме да заборавиме на претходни црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот.

Не сме исти. Разликата е евидентна.

YouTube video

Александар Велјановски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер