Бил Клинтон “ја соблече“ Ариана Гранде (видео) - Канал 5

Бил Клинтон “ја соблече“ Ариана Гранде (видео)

Бил Клинтон, беше фатен од камерите како буквално ја  “соблекува“  со поглед Ариана Гранде.

  Бил Клинтон “ја соблече“ Ариана Гранде (видео)

Пејачката беше меѓу гостите – изведувачи на последната почест на музичката легенда Арета Френклин, а поранешниот претседател на САД не ги тргна очите од неа, фино смешкајќи се.

Младата пејачка доби многу критики во врска со тоалетата што ја избра за тажниот настан. Нејзиниот фустан беше црн, но тој едвај и го покриваше задникот.

Горниот дел беше длабоко деколте, а градите на Ариана ѕиркаа од проѕирна ткаенина.

На испраќањето на Арета Френклин со концерт-трибјун во амфитеатарот во Чијн парк, Детроит, присуствуваа нејзините деца, пријатели и десетици обожаватели.

Во спомен на Арета Френклин, пееше Стиви Вондер и Џенифер Хадсон.

Меѓу другите изведувачи беа Шака Кан, Аријана Гранде, Џенифер Холидеј, синот на Арета, Едвард и неколку евангелски пејачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Владата препорача работа од дома за вработените во осумте државни институции, лоцирани во административната зграда „Нова Македонија“, по поплавата која вчера се случи во објектот по пукање на топловодна цевка. 

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Поради ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини исклучена се и струјата и водата..

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата.

-Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата - информираат од владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил  управуван од 70-годишна жена

Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје.

„Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“

Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“

Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами.

Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на лотаријата Перпарим Бајрами, кои беа во бегство, но се вратија и се предадоа на властите во земјава, во овој судски предмет обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски.

Тие се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на Ад „Државна Лотарија“ во износ од над 9 милиони евра.сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер