ТенисЗверев и Рубљов ги објавија наодите од тестирањето по корона скандалот на тенискиот турнир во Задар Веста дека бугарскиот тенисер Григор Димитров има коронавирус и дека финалето на турнирот со Ѓоковиќ во Задар е откажано поради тоа предизвика бура од реакции, не само во светот на тенисот.Во Задар, турнирот е прекинат пред финалето на Ѓоковиќ и Рубљов, откако е откриено дека Димитров има коронавирус. Подоцна биле тестирани и другите тенисери од турнирот, а најмалку уште тројца играчи имаат коронавирус, меѓу кои и хрватскиот тенисер Борна Ќориќ. Синоќа во Задар биле тестирани вкупно 22 лица, од кои 19 биле негативни. Заедно со Борна, позитивни се Марко Паники, кондициски тренер на Новак Ѓоковиќ и Кристијан Грох, тренер на Григор Димитров. Меѓу тенисерите е и Марин Чилиќ, кој има негативен резултат, но сепак ќе оди во самоизолација 14 дена. Рускиот тенисер Андреј Рубљов, финалист на турнирот и германската sвезда Александар Зверев преку своите Твитер профили објавија дека биле тестирани, но за среќа не биле позитивни. pic.twitter.com/egVyfJAS6H — Alexander Zverev (@AlexZverev) June 22, 2020 ,,Само што дознав дека мојот тим и јас сме негативни на „ковид-19“. Длабоко се извинувам на секој кој потенцијално му бев закана со учеството на турнирот во Задар. Ќе ги следам препораките за самоизолација што ги добив од докторот. Како дополнителна претпазливост, мојот тим и јас ќе продолжиме со редовно тестирање. Посакувам брзо закрепнување на сите оние кои се позитивни за вирусот “, напиша Зверев. Hi everyone! I wanted to tell you that I am fine and healthy. I tested negative for Covid-19. I hope that our lives will soon return to normal. And we can handle it together🖤 — Andrey Rublev (@AndreyRublev97) June 22, 2020 Рубљов исто така потврди дека е негативен. What is happening in the world now is our responsibility. This is a global problem and it affects all of us. We need to all help reduce the spreading of this virus. So I am going to self quarantine for the next 14 days. Thank you for your support. — Andrey Rublev (@AndreyRublev97) June 22, 2020 ,,Со почит кон сите. Сакав да кажам дека сум добро и дека сум здрав. Јас сум негативен на ковид-19. Се надевам дека нашите животи ќе се вратат во нормала наскоро и можеме да го издржиме сето ова заедно. Она што се случува во светот е наша одговорност. Тоа е глобален проблем и влијае на сите нас. Заедно мора да се обидеме да го спречиме вирусот да продолжи да се шири, така што ќе бидам во карантин во следните две недели. Ви благодарам за поддршката “, напиша Русинот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Супа од тикваВо понеделник (02.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Ленче Кукиќ.Состојки за денешниот рецепт: 1 помека тиква 2 главици кромид 2 моркови 4 чешниња лук 1 парче сирење 400 гр. шманд или кисела павлака 100 гр. печени семки 100 мл. маслиново масло 2 големи лажици сув зачин 2 големи лажици куркума Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИрачкиот премиер тврди дека го видел американскиот план за инвазија врз Иран преку ИракИрачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп.Ирачкиот премиер Али ал-Заиди наводно им кажал на лидерите на шиитската коалиција дека видел дел од протечен воен план, претставен пред американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува влез на американските сили во јужен Иран преку Ирак. Ова го пренесува весникот „Ал-Мада“, повикувајќи се на анонимни извори блиски до владата. Според овие наводи, планот содржи три сценарија. Едното предвидува копнен упад на САД во Иран, додека другото вклучува можност Иран да изврши притисок врз Багдад за да дозволи влез на иранските сили во Кувајт преку ирачкиот град Басра. Третото сценарио не е опишано. Оваа информација не е независно потврдена, а ниту Белата куќа, ниту кабинетот на ирачкиот премиер не ја коментираа. Според истиот извор, Ал-Заиди предупредил дека вооружените фракции ќе бидат уапсени доколку се вклучат во војната на страната на Иран. Наводно, Вашингтон бара од Багдад да преземе конкретни мерки во однос на групите блиски до Техеран, стравувајќи дека Ирак би можел да стане појдовна точка за напади или одмазда.Тагови: Ирак Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter