Зошто некои мајки се груби и сурови кон ќерките - психолозите го имаат одговорот! - Канал 5

Зошто некои мајки се груби и сурови кон ќерките - психолозите го имаат одговорот!

Доктор Тери Аптер никогаш не била уверена дека нејзината мајка е задоволна од неа, што перманентно и ја намалувало самодовербата. Аптер сега, како психолог, напиша книга во која ги објаснува најчестите пет однесувања на мајките кои лошо делуваат на своите ќерки, а тоа се контролирањето, лутината, нарцисоидноста, зависта и емотивната затвореност.

Зошто некои мајки се груби и сурови кон ќерките - психолозите го имаат одговорот!
Суровоста не мора да значи насилство - една од најтешките работи за детето е кога мајката е индиферентна. Неодамна писателката Анџела Левин го опиша својот отровен однос со мајка си, која никогаш не и подарила љубов и поддршка додека Анџела била дете. Таа постојано била незадоволна од својата ќерка, не и давала да ги чита омилените книги, без никаква причина се ослободила од кучето за кое Анџела како дете била многу поврзана, а кога Анџела останала бремена, нејзината мајка рекла дека и посакува да има дете како неа „за да сфати како е да се живее со таква личност“.

На сведоштвото на Анџела реагирале огромен број сега возрасени жени, кои го споделувале искуството - како на нив влијаеле нивните мајки.

- Приказната на Анџела ме расплака. Имам 69 години и сеуште страдам од депресија бидјеќи имав слична мајка како нејзината. Мојата мајка почина на 95, пред 15 години. Јас 50 години се обидував да и угодам, да ме пофали, никогаш не успеав - пишува 65 годишна жена.

Друга вели дека дури кога родила свои деца, осознала колку тие може да се сакаат и колку семејството може да биде полно со љубов и поддршка!

- Некои луѓе едноставно не се створени за родители, а во тоа време било „нормално“ да се има семејство, во кое тие се однесувале како децата да им се наметнати - вели Анџела.



In response, many readers wrote to the Mail about their toxic relationships with their mothers


И денеска, милиони мајки за Денот на мајката добиваат подароци и искрени прегратки од своите деца, но ги има и такви на кои сопствените деца не можат да им подарат картичка „ти си најдобрата мајка на светот“.

Image result for bad mother and daughter

Зошто е тоа така?

Д-р Тери Аптер вели дека ефектот од „тешка мајка“ трае долги години по детството. И таа самата имала мајка која била непредвидлива, одеднаш избувнувала и никогаш не била задоволна од ќерка си.

- Тоа влијаеше врз мене така што никогаш немав самодоверба, бев чувствителна на критиките од другите луѓе, не очекував на никој да му се допаднам и мислев дека моја работа е да се обидувам да им угодам на другите - вели Аптер.

Но, признава дека заслуга на нејзината мајка е што студирала психологија, во обид да најде објаснување зошто мајка и така се однесувала со неа.

По 30 годишно истражување, д-р Тери Аптер ја објави книгата „Тешки мајки“ (Difficult Mothers) во која објаснува 5 начини на однесување на мајките кои имаат лошо влијание на децата и како децата да се справат со тоа. Тери вели дека по 30 годишно истражување на семејните односи, може да каже дека една од пет мајки има „отровен“ однос со својата ќерка.

Кавгите меѓу родителите и децата, особено во тинејџерските години, се честа и нормална појава, но мајките и тогаш се обидуваат да ги разберат своите деца и да им ги исполнат потребите. Во 20% од случаите се случува нешто сосема друго - вели Тери.

Доктор Тери Аптер набројува пет однесувања на мајките кои лошо делуваат на своите ќерки, а тоа се контролирањето, лутината, нарцисоидноста, зависта и емотивната затвореност.

Мајките кои контролираат ја праќаат пораката до децата дека детските желби, амбиции и намери се лоши и опасни и само мајката знае што е добро за детето.


Нарцисоидните мајки се свртени само кон себе и бараат другите да им се восхитуваат. Може да се помисли дека тоа е големо его, но всушност се работи за слаба самодоверба на која секогаш и е потребна потврда.

Завидливата мајка не е среќна кога нејзиното дете се развива и успева, и постојано ги задушува амбициите на детето велејќи му дека „не е доволно добро, се преценува“.

Многу е тешко за детето кое се обидува да успее за да ја задоволи или да измами поддршка од мајка си, а со својот успех постигнува само да ја навреди!

Лутите мајки ја користат лутината за да доминираат во семејството. Тери Аптер вели дека нејзината мајка одеднаш почнувала да вика и да обвинува секого, барем еднаш неделно, и тоа го одбележало детството на девојчето.

И на крајот, најстрашното од се за едно дете - емоционално недостапна мајка. Пострашно од лутина и од се друго. Мајката едноставно не е тука за детето, нема топлина за него, го лишува детето од сопственото чуство за себеси.


Related image


Тери Аптер вели дека не ги прифаќа критиките дека е една од оние кои „ги обвинуваат мајките за се“. Таа вели дека од односот на мајката кон детето зависи многу во понатамошниот живот на детето.

- Да, имаат влијание и татковците и другите роднини, но мајката е таа која со односот кон детето ја соддава основната релација. Детето уште од раѓањето во зависност од односот со мајката, го развива чувството за себе си. Нема дете на кое не му е важно одобрувањето и близината со мајката - вели Аптер.

Иако за жените денеска не постои социјален притисок да мора да имаат деца, сепак процентот на „тешки мајки“ останува сличен. Зошто се такви?

Некои несвесно ги истураат своите фрустрации на своите деца, други поради тоа што имаат чувство дека пропуштаат многу шанси или пак самите како деца ги немале условите што ги имаат нивните деца, трети од други причини. Но важно е да се осознае дека постојат „тешки мајки“ за нивните ќерки да можат да излезат од тој круг и кога ќе имаат свои деца, да знаат да се однесуваат поинаку. Повеќе прочитајте тука.






Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Брачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.

Родители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долгот

Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com.

Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација.

Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка

Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето.

Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник.

Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана.

Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност

За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор.

Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните.

Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата.

Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција.

Таткото веќе бил осудуван

Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време.

Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал.

За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна.

Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста.

Сомнителни финансиски трансакции на двојката

Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите.

Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.

Пијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)

Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП.

Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата.

YouTube video

Засолништето купува камери

Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд.

Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун.

Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките.

Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари.

Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните.

Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите.

YouTube video

Проба алкохол од повеќе шишиња

Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари.

Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите.

„Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард.

Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци.

Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот.

Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.

Иран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне

Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран.

Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември.

Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон.

„Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој.

Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај.

„Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“.

Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите.

Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата.

Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер