МагазинЗошто мажите не им приоѓаат на жените?Исповед на момче од генерацијата Z.Како и многу мажи од неговата генерација, 28-годишниот Рајан Кеслер се плаши да разговара со жени. Но, недостатокот на самодоверба не е она што овој самец од Менхетен го спречува да ѝ пријде јавно на девојка, туку стравот дека може да биде сфатен како наметлив чудак или, уште полошо, токсичен мачо тип. Кеслер, аналитичар за кибернетичка безбедност, вели дека нему му е најважно другата личност да не се чувствува непријатно. „Не сакам некој да се чувствува непријатно поради мене. Сакам да бидам пристоен и да имам почитување“, вели тој. „Некои девојки воопшто не сакаат да им се пристапува. Затоа секогаш сум внимателен и на штрек.“ Како резултат на тоа, признава тој, неговите средби со жени се ретки во денешно време - иако сè уште се надева дека ќе ја запознае „вистинската“. Полесно е со апликациите за запознавање Кеслер вели дека му е многу полесно да го направи првиот чекор на апликациите за запознавање, каде што сите, барем во принцип, пристапиле со истата цел. „Реално, многу жени не излегуваат за некој да им пријде. Па така целата ситуација станува некако... чудна“, вели тој. Страв од етикетата „морничав тип“ Кеслер не е изолиран случај. Речиси половина од слободните мажи во САД денес се борат со т.н. „анксиозност од пристап“, покажува извештај од 2025 година. Истражувачите откриле дека стравот од тоа да бидат етикетирани како „морничави“ сериозно влијае врз подготвеноста на мажите да им пријдат на жените. Дури 44% од 1.000 испитаници признале дека овој страв придонесува мажите помалку да иницираат контакт. Иронично е што овој тренд се чини спротивен на она што многу жени всушност го посакуваат. Всушност, 77% од жените на возраст од 18 до 30 години и 68% од оние помеѓу 30 и 40 години велат дека би сакале мажите почесто да им приоѓаат. Претпазливоста не е без причина Претпазливоста не се родила од каприц. Креаторката на содржини, Вив, преку едно популарно видео објаснува дека проблемот не е само во пристапот, туку и во тоа што некои мажи не знаат како да престанат откако ќе бидат одбиени. „Проблемот е кога мажите продолжуваат да притискаат дури и откако е јасно дека жената не е заинтересирана“, рече таа. „Не можам да ви опишам колку пати дипломатски и учтиво сум укажала дека не сум заинтересирана, а тоа завршило на раб на вознемирување... Имаше мажи кои ме следеа, а еден дури и ме зграпчи.“ Совет од стручни лица Стручњакот за односи од Њујорк, Конел Барет, се согласува со неа, но вели дека тоа не значи оти мажите треба целосно да се повлечат. „Почитувањето не значи да те снема“, вели тој. „Слободен, хетеросексуален маж сепак треба до одреден степен да го води танцот на додворување. Жените не велат: „Не приоѓајте“. Тие велат: „Не објективизирајте нè, не малтретирајте нè и не бидете груби“. Барет, чии клиенти се претежно мажи под 35 години, советува да нема претерано преиспитување, туку на жените да им се пристапува лесно, а не во грч. „Променете го вашиот начин на размислување. Барањето љубов е најнормалната човечка работа“, вели тој. „Во ред е да се каже „здраво“, сè додека тоа го правите со емпатија и доза на шарм“. Некои кренале раце: „Не вреди маката“ Но, не се сите такви оптимисти. Грант Гринли, 24-годишен актер и модел од Тексас, се откажал од приоѓањето прв во живо, а и на апликациите, после бројни одбивања. „Никогаш повеќе нема да пристапувам, и сериозен сум. Не ме интересира како тоа влијае на мојот љубовен живот“, вели тој. „Денес, да им се пријде на жените, едноставно не вреди маката“. Последната капка што му ја прелила чашата била неодамнешен обид во еден клуб кога една од девојките го одмерила ладно, а друга го дочекала со: „Уф. Кој си ти?“ „Денес, мажите, дури и оние кои не се чудаци, завршуваат исмејувани на интернет само затоа што некого го поканиле да излезат“, вели тој. „Ако некогаш ја запознаам девојката од моите соништа, таа ќе мора да го направи првиот потег.“ „Жени, на вас е редот“ Леви Мекејчен, 37, стендап комичар дели слично мислење, тој верува дека е време жените почесто да преземаат романтична иницијатива. „Неодамна бев излезен и една жена која не беше мој тип започна разговор со мене. Беше одлично, го добив нејзиниот број“, вели тој. „Мислев дека е одлично што ми пристапи.“ Тој верува дека повеќето мажи би го сметале овој потег за исклучително храбар и привлечен. „Ако му пристапите на момче за кое мислите дека е симпатично, тој ќе помисли: „Ова е најхрабрата жена што некогаш сум ја запознал“, вели тој. Тој дури преку Интернет повикува на целосна промена на улогите: „Мажи, треба целосно да престанеме да им пристапуваме на жените. Жени, ваш ред е.“ „Ме советуваа дека ако влезам во соба со сто жени, 99 од нив нема да бидат заинтересирани“, вели тој. „Но, една ќе биде. И ќе ми даде до знаење. Сè што треба да направам е да не зезнам.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ЖивотЈП „Лајка“ со над 75% зголемен обем на заловувања и ветеринарни третмани во 2026 годинаБележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75%.Бележиме значителен раст на оперативните резултати во 2026 година, со најизразено зголемување во периодот од април до октомври, кога бројот на заловени и третирани кучиња е зголемен за над 75% во споредба со истиот период минатата година. Во првите десет месеци од 2026 година, претпријатието има реализирано вкупно 1.285 заловувања, 1.084 ветеринарни третмани и 310 вдомувања. Во споредба со истиот период во 2025 година, тоа претставува зголемување од 52% кај заловувањата, 50% кај ветеринарните третмани и 8% кај вдомувањата. Изразено во бројки, оваа година се заловени 440 повеќе кучиња, третирани се 362 повеќе, а нов дом добиле 23 кучиња повеќе во однос на минатата година. Особено значаен раст е забележан во периодот од април до октомври, кога се реализирани 1.014 заловувања и 852 ветеринарни третмани, наспроти 580 заловувања и 483 третмани во истиот период минатата година. Овие резултати укажуваат на значително зголемен интензитет на теренската работа и поголем опфат на бездомните кучиња на територијата на Град Скопје. Една од поважните промени во работењето на ЈП „Лајка“ е повторното воведување на стратешко заловување по општини, со кое, покрај редовното постапување по пријави од граѓаните, се спроведуваат и однапред планирани теренски активности. Наместо интервенциите да се засноваат исклучиво на поединечни пријави, екипите систематски обработуваат цели подрачја, населба по населба и локација по локација, со цел поголем број бездомни кучиња да бидат опфатени со програмата за хуман третман. Заловените бездомни кучиња поминуваат низ ветеринарен третман кој вклучува стерилизација или кастрација, вакцинација против беснило, тестирање за лајшманиоза, микрочипирање и третман против внатрешни и надворешни паразити, по што понатаму се постапува согласно предвидените процедури. И покрај зголемениот обем на работа, сакаме да посочиме дека долгорочното справување со проблемот на бездомните кучиња не зависи единствено од активностите на претпријатието, туку и од одговорноста на сопствениците на домашни миленици.Затоа упатуваме апел до сите сопственици да ги микрочипираат и регистрираат своите кучиња, согласно законските обврски. Микрочипирањето не е само законска обврска, туку и начин за сигурна идентификација на сопственикот, особено во ситуации кога кучето ќе се изгуби или ќе биде затекнато на јавна површина. Одговорното сопствеништво, спречувањето на неконтролираното размножување и ненапуштањето на милениците се неопходни за долгорочно намалување на бројот на бездомни кучиња. Резултатите од 2026 година покажуваат значителен напредок во обемот на работењето на ЈП „Лајка“, но и ја нагласуваат потребата од континуирана работа, институционална соработка и поголема одговорност на сопствениците, со заедничка цел - похуман и поодржлив пристап кон проблемот со бездомните кучиња во Скопје.Тагови: ЈП Лајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари КејнДобитникот на „Златната топка“ капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина. Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO). Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери. Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO). Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат. Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него. Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал. Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал. Неочекуван е и изборот на голманот. Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“. FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26. ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија) ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија) СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија) НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).Тагови: ФИФА Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сосВо вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор АндреевскиСостојки за денешниот рецепт: 500 гр. шпагети 200 гр. мелено месо 2 главици кромид 2 чешниња лук 400 мл. доматен сос масло сол, бибер и др. зачини малку свежо нане или магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06