Зошто Јошко Гвардиол носи маска на лицето за време на натпреварите на СП ?

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол станува апсолутна ѕвезда на Светското првенство во Катар.

Згодниот 20-годишник го привлече вниманието на фудбалските стручњаци, но и на жените ширум светот, бидејќи не е оженет и нема информации во јавноста за неговиот љубовен статус. На девојките им се допаѓа и неговата негувана брада на која е посветен, а многу девојки се прашуваат зошто Гвардиол носи маска на натпреварите.

Секако, не се работи за мода или моден додаток, туку за повреда, односно заштита на лицето после повреда.

Гвардиол се повреди на почетокот на ноември. Фудбалерот заработи скршеница на носните коски на натпреварот против Фрајбург, а лекарите брзо најдоа решение за проблемите - маска која му беше направена и доставена за неколку дена.

Гвардиол ќе ја носи маската до крајот на првенството.

Поради непредвидени трошоци „Филипс“ отпушта 6.000 вработени

Холандската компанија Филипс ќе отпушти околу 6.000 лица, што е осум отсто од вкупниот број вработени, поради непредвидени трошоци кои произлегуваат од повлекувањето од пазарот на медицинско помагало за лекување на проблеми со спиењето.

Според Блумберг, половина од планираните отпуштања ќе бидат спроведени оваа година.

Извршниот директор на компанијата Рој Џејкобс рече дека тоа е значајна мерка што мора да се преземе поради зголемените трошоци на компанијата.

Повлекувањето на медицинскиот апарат за терапија со спиење почна во јуни 2021 година, откако истражувањата покажаа дека постои врска помеѓу апаратот и појавата на рак и на респираторни проблеми.

Тестовите кои ги спроведе Филипс покажаа дека нивните производи, сега повлечени од пазарот, веројатно не би му наштетиле на здравјето на пациентите, а Џејкобс, кој го замени долгогодишниот извршен директор Франс ван Хаутен во октомври, рече дека се надева дека ќе добие повеќе детали за влијанието во однос на каква било потенцијална штета во втората половина од годината .

-Кога ќе ги имаме тие информации, веднаш ќе ги објавиме. Ќе се обидеме да вложиме максимални напори за да го најдеме најдоброто решение, рече тој.

Со најновите отпуштања, Филипс им се придружи на се поголемиот број производители кои ги намалуваат трошоците за да се справат со превирањата во синџирот на снабдување и инфлацијата.

СЗО: Ковид-19 и натаму претставува глобална јавно здравствена криза

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека коронавирусот продолжува да претставува вонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на оваа агенција ма Обединетите нации.

Пандемијата е веројатно во „преодна точка“, па затоа се уште бара внимателно управување за „ублажување на потенцијалните негативни последици“, се наведува во соопштението на СЗО.

СЗО пред три години го прогласи Ковид-19 за глобална здравствена закана. Во пандемијата, во сите делови на светот од заразата починаа повеќе од 6,8 милиони лица, а болеста имаше негативно влијание врз светската економија и функционирањето на општествата.

Со пристигнувањето на вакцините и соодветните третмани во 2020 година ситуацијата со пандемијата почна полека да се менува, наведуваат британските медиуми.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус изрази надеж дека вонредната состојба ќе биде укината оваа година, особено ако на глобално ниво се подобри пристапот до мерките против инфекцијата.

Советниците на експертскиот комитет на СЗО за статусот на пандемијата во декември минатата година соопштија дека веројатно не е време да се прогласи нејзиниот крај поради неизвесноста околу бранот на инфекции во Кина, која на крајот на 2022 година ги укина своите строги мерки за „нулта толеранција од Ковид-19“.

Муцунски: Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа

Деновиве заврши реконструкцијата на основното училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.

Проект, кој целосно се реализираше со средства првично планирани за кабинетот на градоначалникот, кои беа пренаменети за овoj проект по инацијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски.

“Ветив дека ќе работиме поинаку и на дело го покажуваме тоа. Реализираме проекти кои за дечињата значат многу. Сега родителите веќе не треба да водат грижа, затоа што дечињата ќе учат во модерни и реновирани простории. Откако беше обновена фасадата на училиштето и извршена оваа реконструкција, важно е дека до крајот на оваа година планирано е да започне и доградба на училишната зграда. Со тоа, ќе го зголемиме капацитетот на училиштето и ќе обезбедиме подобри услови за реализација на училишните активности“, истакна градоначалникот при посетата на основното училиште.

Инвестицијата во висина од 30 илјади евра, средства целосно обезбедени од буџетот на Општина Аеродром, опфати санација и реконструкција на дел од училишната зграда, реконструкција на училницата за дневен престој, санација на санитарните јазли, промена на вратите и промена на подот во дел од училниците.

Со овој проект уште еднаш покажавме дека инвестициите во објекти наменети за децата се исклучително важни. Сите механизми на општината се ставени на на располагање за дечињата да спортуваат и рекреираат во модерни објекти каде има соодветни услови за нивен раст и развој. Новиот начин на управување, одговорното и транспарентното работење и пренамената на непродуктивните трошоци кон проекти за нашата иднина се уште еден доказ за нашата намера дс го направиме Аеродром поубава општина за сите генерации.

притисни ентер