Даските на сцената кои беа домаќин на бројни регионални и светски ѕвезди, а и на култното „златно славјече“(атмосфера Златно славејче) денес за жал стојат во темнина и прекриени со прашина, а музиката која одекнуваше од ова место сега е заменета со тишина.
Пред локалните избори тука беше врвулица од работници, каде што постојано се говореше за симболиката на Универзална сала и колку е битна нејзината реконструкција. Изборите завршија, на ова место веќе 7 месеци нема никакви активности.
Длабоката врска на скопјани со ова место е нераскинлива, за секого претставува симбол и е еден голем извор на убави сеќавања и моменти проживеани токму во Универзална.
-Симбол на Скопје после земјотресот/ Детство, најчесто на детство ме потсеќа, златно славејче тука беше./ После земјотресот, прва работа што беше најголема во Скопје, тоа беше Универзална сала, тука сме израснати./ За Скопје е се, сите концерти, сите конгреси се таму се одржуваше, треба цело Скопје, цела Македонија да вложи во него за што побрзо да се изгради.
Денешното здание на овој културен центар граѓаните го коментираат како – Дупка во моментов, се надеваат дека што побргу ќе го врати сјајот, оти е жалосно да се гледа во каква состојба е денеска.
-Какво е чувството да се гледа во ваква состојба? Никакво, после ова и рушењето на скопски саем веќе немаме сали никакви. /Жалосно е ова да се гледа, после толку години, ова е трагедија, резултат на политиката, ништо друго/ Кога ќе започнеме нешто ние секогаш го оставаме – Страдаме ние и јас како прв комшија тука, жалосно е ова да се види нели?
Проектот беше стопиран, бидејќи градоначалничката Арсовска сметаше дека има безбедносни пропусти во проектот и дека на скопјани ќе им се сруши врз глава, а архитектите пак од друга страна тоа го демантираа.
- Ќе ни се сруши ли над глава? не се разбира дека не. Сепак, Арсовска пред два дена даде надеж дека салата ќе се реанимира.
Со зголемен интензитет се планира за да се финализира она што било преземно како обврска со проектот за надворешниот дел на објектот на универзалната сала
Универзална сала прекина да прима гости пред 7 години, а од тогаш се чека на нејзина реконструкција.