Зоран Димитровски и Тодор Пендаров во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости беа Зоран Димитровски и Тодорв Пендаров.

Незнам што се бара повеќе од Македонија, во договорот е јасно наведено да нема да мешање во внатрешните работи на друга држава, но дали е европски принцип тоа што нам ни го прави Бугарија, праша Димитровски.
Матичната држава има право да се грижи за малцинствата, Бугарија е контрадикторна, тие го признаваат турското малцинство, а не дозволуваат регистрација на ОМО Илинден, рече Пенаров

Се случуваат апсурди во документи на ЕУ, се користи ФИРОМ, поради тоа што Бугарија има проблеми со терминот „Северна“, рече Димитровски.
Немаме никакви територијални претензии, со Бугарија сме сојузници во НАТО, и сме дел од ОБСЕ, не ми треба ЕУ по секоја цена, Рече Пендаров.

Албанските фудбалери не ја пеат химната кога се интонира и го претпочитаат албанското знаме, тоа се прашања на кои треба сериозно да се разговара, рече Димитровски.
Двојазичноста се озакони, како што се почитува рамковниот договорот, да се почитува и макеодонското знаме, рече Пендаров.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на Обединетите нации

Комисијата на Обединетите нации за наркотици го отстрани канабисот од списокот на најопасни дроги, на кој се наоѓаат и хероинот и синтетичките опијати.

Одлуката ја поддржаа 27 земји, 25 беа против, а една беше воздржана.

Канабисот е опфатен со Единствената конвенција за опојни дроги во 1961 година. Тој беше вклучен во категорија што дозволува национални забрани за дроги со „особено опасни својства“.

Потегот на Комисијата на ОН за наркотици, чие седиште е во Виена, е преземен врз основа на препорака на Светската здравствена организација (СЗО).

Сепак, Комисијата не го легализира канабисот. Тој сè уште е наведен меѓу дрогите кои предизвикуваат „голема зависност и злоупотреба“.

Тоа значи дека производството и трговијата со канабис сè уште е ограничено на употреба во научни и медицински цели според меѓународното право.

Санкционирани 381 возач во Скопје, 44 за возење без возачка дозвола

Во засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи изречени се и девет мерки за минување на затворен семафор (црвено светло).

На територијата на град Скопје полицијата во текот на вчерашниот ден изрекла вкупно 381 меркa, меѓу кои 44 за возење без возачка дозвола, 30 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 26 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи изречени се и девет мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 72 мерки за непрописно паркирање , 51 возило се подигнати со „пајак", како и 71 санкција за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

Француски специјалци проверуваат 76 џамии, некои ќе бидат затворени поради екстремизам

Француската влада ќе започне серија мерки, „сеопфатни и без преседан“, за борба против верскиот екстремизам, рече министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, додавајќи дека прв чекор ќе биде да се прегледаат 76 џамии.

Дарманин на Твитер објави дека резултатот од овие истраги, доколку се воспостават врски со екстремизмот, може да биде затворање на џамиите.

Владата на францускиот претседател Емануел Макрон одговори на неколку смртоносни исламистички напади во последните неколку недели со ветување дека ќе преземе акција против, како што некои јавни службеници го нарекоа „внатрешниот непријател“.

притисни ентер