Знаете ли што се случува во вашето тело ако не сте доволно наспани? - Канал 5

Знаете ли што се случува во вашето тело ако не сте доволно наспани?

Во продолжение прочитајте што се случува во вашето тело ако не се наспиете доволно.

Знаете ли што се случува во вашето тело ако не сте доволно наспани?

Се намалува либидото – Количината на хормоните кои ја поттикнуваат сексуалната желба за 15 проценти е помала кај луѓето кои дневно спијат помалку од 5 часа.

Склони сте кон болести – Недостатокот на сон влијае и на имунитетот. Поточно ја намалува способноста на реакција и одговор на инфекции. Поради тоа ненаспаните луѓе први ги “собираат” сите бактерии или вируси, а потоа им треба многу повеќе време за да се опорават.

Раздразливи стe – Делот од мозокот кој е задолжен за размислување и логично заклучување обично е во баланс со делот од мозокот кој ги контролира емоциите како стравот, лутината, анкциозноста. Така што доколку сте недоволно наспани тоа ќе резултира со појава на страв, раздразливост, лутина.

Ќе возите лошо – Не само што недоволното спиење го загрозува вашето здравје, туку може да влијае и на животот на другите луѓе. Според истражувањата, ненаспаноста ве прави невнимателни и ја нарушува можноста за квалитетно извршување комплексни функции, меѓу кои е и возењето. Нашите реакции се забавени, а со тоа и можноста за лоша и бавна реакција при возењето. Неверојатен е податокот дека недостатокот на сон ги успорува нашите реакции во иста мера како и алкохолот.

Се дебелеете – Бидејќи сте будни – посегнувате по храна. А недоволно одмореното тело нема доволно енергија да ја вари брзо храната, па вие се дебелеете. Затоа, обидете се да спиете барем по седум часа навечер – време препорачано за сите возрасни лица. Тоа ќе ви ја подобри работата на организмот, а вас ќе ве направи порасположени.

Мозокот работи послабо – Недостатокот на сон го намалува дотокот на крв во мозокот, а со тоа се забавува функцијата на размислување. Всушност, кога не сте наспани, не можете да размислувате и резонирате брзо.

Не можете да помните – Истражувањата покажале дека спиењето ги засилува врските помеѓу нервите кои го контролираат помнењето и помагаат во процесот во кој новата информација станува сеќавање. Недостатокот на сон го попречува процесот на помнење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“.

Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата.

Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот

​Кога зборуваме за јавното здравство мора да зборуваме и за луѓето кои се неговиот најважен столб.

Николовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот

Лекарите, медицинските сестри, специјалистите и сите здравствени работници.

Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува здравствениот систем, недостигот на медицински кадар.

Владата донесе одлука да го откочи процесот и да овозможи вработување на преостанатите 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година. Со ова се заокружува предвидената бројка од 600 приватни специјализанти од кои првите 300 веќе се вработени.

Приоритет ќе имаат општите и хируршките болници надвор од Скопје, како и дефицитарните медицински профили.

Тоа значи дека ќе го јакнеме здравствениот систем таму каде што има најголема потреба. Процесот ќе продолжи преку обновување на повикот и изразување интерес од кандидатите кои останаа надвор од првиот бран на вработување. И ова е сериозна поддршка за младите лекари. Но уште поважно ова е инвестиција во иднината на македонското здравство.

Граѓаните од Штип, Тетово, Кичево и другите градови и региони мора да имаат пристап до специјалистичка здравствена услуга во своето место, а не да бидат принудени за секој преглед или интервенција да патуваат во Скопје.

Со вработувањето на овие специјализанти им даваме перспектива на младите лекари, но истовремено обезбедуваме и посилни јавни здравствени установи низ целата држава.

Паралелно со решавање на кадровскиот дефицит обезбедивме и раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи.

Овој раст е резултат на договорите што Владата ги потпиша со репрезентативните синдикати и е предвиден како долгорочен процес. Само во 2024 година средствата за плати во здравството се зголемија за 10% додека за 2025 година беше предвидено дополнително зголемување од 5% а за тековната 2026 година од 5 до 7%.

Средствата за плати во здравството за следната 2027 година предвидено е да се зголемат за уште 5 до 7% додека за 2028 година од 7 до 10%. Тоа значи дека во периодот опфатен со договорите растот на платите во здравството ќе надмине 40%.

Особено внимание посветуваме на медицинските сестри и средниот медицински персонал кои секојдневно се на првата линија во грижата за пациентите кои на крајот од 2024 година добија нето покачување од 3850 денари.

Нашите здравствени работници заслужуваат подобри услови за работа, повисоки плати и сигурна професионална перспектива, затоа што здравствените работници се инвестиција во здравјето на секој граѓанин. Со конкретни мерки, чекор по чекор Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради здравствен систем со повеќе лекари, повеќе специјалисти, подобро платени здравствени работници и поквалитетна здравствена услуга.

YouTube video

Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео18+: Брутално ликвидиран израелски криминалец среде бел ден

Еден од најопасните израелски криминалци, 40-годишниот Јанис Јушваев, е убиен викендов додека напуштал бензинската станица во близина на Цезареја. 

Видео18+: Брутално ликвидиран израелски криминалец среде бел ден

Јушваев, кој беше семеен човек и татко на три деца, убиен е во момент кога земјата се соочува со растечки проблем со организираниот криминал.

Неговото убиство е снимено од безбедносните камери, пренесува „Телеграф“. На снимката се гледа како убиецот се качува по скалите кон влезот додека двајца мажи излегуваат.

Откако тие поминуваат, Јушваев излегува и почнува да се симнува по скалите. Тогаш убиецот му приоѓа одзади и пука во задниот дел од неговата глава. Јушваев паднал на земја, а напаѓачот побегнал пеш. Полицијата го опиша Јушваев како водач на криминална организација поврзана со заедницата на Евреи од Кавказ.

Со години тој избегнувал осуда бидејќи полицијата не успевала да собере доволно докази за да го поврзе со пукања, бомбашки напади и палење возила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер