Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
1Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
2Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите
СветОсуден албански разбојник ја исмева британската полиција, но властите не може да го депортираатАлбанскиот осуден провалник Доријан Пука (28), кој не може да биде депортиран од Велика Британија затоа што побарал азил, го исмејувал британското МВР објавувајќи новогодишни пораки од ноќен клуб во Лондон, објавија денеска британските медиуми.Како што објави британски Телеграф, Пука не може да биде депортиран додека целосно не се разгледа неговото барање за азил, процес кој може да потрае со месеци, ако не и со години, со оглед на заостанатите жалби од Судот за имиграција. Пука, кој двапати бил затворен во Британија и бил депортиран поради кражба, објави снимка на која се забавува на новата година во ноќен клуб како пуши луле со стомачна танчерка. https://t.co/369CKqAJLi An Albanian convicted burglar who cannot be deported has taunted the Home Office by posting Happy New Year messages from a London nightclub. Dorian Puka, 28, who has been jailed and deported twice for burglaries, posted a picture of himself celebrating… — Naomi Canton (@naomi2009) January 2, 2025 Првично беше затворен на девет месеци во 2016 година, а потоа беше депортиран следната година за обид да упадне во имот кога сопственикот го забележал на веб камера додека бил на одмор во Франција. За една година Пука успеал да ги избегне граничните контроли и да се врати во Велика Британија каде извршил серија кражби во предградијата на Лондон. Тој на крајот бил фатен како носи скап часовник што го украл кога го забележале полицајци во цивилна облека во југозападен Лондон, по што бил затворен на три и пол години пред да биде депортиран од Британија во март 2020 година. Откако се вратил во родната Албанија неколку месеци, тој патувал низ Германија, Белгија и Холандија пред да помине низ граничните контроли за повторно да влезе во Британија во декември 2020 година, според неговиот Инстаграм профил, а тогаш аплицирал за азил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентитеПремиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНедоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките креветиДел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство. Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво. На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување. Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook