Злоупотреба на вештачката интелегенција – моќно средство за дезинформации и сеење страв, како да се препознае? - Канал 5

Злоупотреба на вештачката интелегенција – моќно средство за дезинформации и сеење страв, како да се препознае?

Со вештачката интелегенција мора да се навикнеме да живееме, но уште повеќе да научите како да ги препознаеме негативните ефекти.. 

Злоупотреба на вештачката интелегенција – моќно средство за дезинформации и сеење страв, како да се препознае?

„Конечно и ние како доктори да ја признаеме вистината за вакцините. Вакцините против Ковид 19 се отров, еве што содржат вакцините: пластика во вашето тело, која е штетна“.

Овие содржини на социјалните медиуми ги шокираа граѓаните, бидејќи ги соопштуваат познати доктори од Македонија и од Србија: имунолозите Александар Петличковски и Предраг Кон, обајцата прилично експонирани за време на ковид- кризата.

Она што повеќе шокира од содржината што во видеото ја изговараат обајцата доктори е што малкумина се посомневаа во веродостојноста на ова видео, кое е изработено со помош на вештачката интелигенција со злоупотреба на нивниот глас. Дури откако беа споредени двете видеа, стана јазно дека се работи за манипулација.

„Во време на агресивната кампања за принудно вакцинирање против Ковид 19, подгреано од огроманата пропаганда се криеше вистината“,е изјавата на Предраг Кон, што е направена со вештачка интелигенција за негова злоупотреба.

„Дојде време да се каже дека вакцините беа штетни и сите беа принудени да се вакцинираат“, е изјавата направена со вештачка интелигенција за злоупотреба на Александар Петличковски.

Професорот Петличковски признава дека неколку секунди бил збунет, бидејќи бојата на гласот е идентична и цел ден објаснувал дека не е тој. Во замката поверувале и здравствени работници.

„Јас не сум тој, иако релано изјавата може секој да збуни. Мене ми се јавијаи колеги за да проверат. За жал, се покжа дека целта е да се наштети на процесот за имунизација“, изјави проф.д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија и генетика.

Во видеата се злоупотребени и новинари кои се соочиле со проблеми во самите редакции и морале да објаснуваат дека се жртви на тнр. дипфејк – видеа генерирани со вештачка интелигенција.

И моите колеги на работа ме прашуваа уредниците на вести: ако е тоа така ајде да правиме репортажа за тоа дека вакцините се штени. И тогаш морав да објаснам дека станува збор за вештачка интелигенција, изјави Ана Стаменковиќ РТС.

„Навистина обичен човек не би препознал, имаше коментари дека веруваат на видеото. Не е пријатно да ве стават во таква конотација“, Љубица Јаневска- Ивановска, презентерка во Канал 5 ТВ.

„Мене ми требаше да им објаснам прво на моите уреденици дека станува збор за вештачка интелигенција. Кога дел од новинарите поверуваа, што е со обичните луѓе“,Ана Стаменковиќ, новинарка во РТС – Србија.

Експертите не се двоумат да кажат дека вештачката интелигенција веќе стана воено средство, бидејќи нападите создадени со неа, имаат сериозно влијание и тоа најчесто се прави онаму каде јавноста е најранлива, како што е стравто за здравјето и животот кој постои кај секој од нас.

Признаваат дека не може да се утврди каде се прави нападот, но се сигурни дека може да имаат такво влијание што може да уништат цел систем, во случајов здравствениот, вели професорот Анис Сефиданис од Факултетот за машинска интелигенција и роботика.

Во Македонија, според Сефиданис нема никаво познавање од странско мешање и маниупулација со информации (СММИ) и последиците од него. Потребно е повеќе информации во медиумите, итна едукација во училиштата, во пензионерските здруженија каде најчесто жртви се пензионерите.

„Треба голема голема едукација во делот на препознавање на вакви информации каде може да се влијае со материјална корист, а на штета на корисниците и исто така да се влијае да се изгуби довербата во здравствениот систем“, вели Анис Сефиданис од Факултетот за машинска интелигенција и роботика.

Професорот со кратко видео ги открива „знаците“ дека некое видео е сомнително: никој не стои зад одредена информација, нема други пријатели на социјалната мрежа, лош јазик или превод. И советува тоа веднаш да се пријави.

Од МВР, каде пристигнуваат пријави за вакви злоупотреби, велат дека најчесто овие видеа се направени од центри кои се надвор од Македонија и се појавуваат во ист период во земјите од регионот со истата порака и цел: дезинформации, во случајов со вакцините, а и со користење непроверени лекови.

Во Македонија, во првите шест месеци од 2025 година регистрирани се четири пријави од доктори за злоупотреба на нивни лични податоци каде се зборува за штетноста на вакцините и медицината.

Но, освен безбедносните истраги, важно е и лицата кои се злоупотребени во вакви злонамерни видеа, да се појават во јавноста и да ја побијат манипулацијата.

А за јавноста треба да важи златното правило: Ако нешто ви звучи премногу добро за да е вистинито, најверојатно е лажно!

Оваа содржина е изработена во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“, што го спроведува Институтот за комуникациски студии, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошта бара европските преговарачи да имаат заеднички став за Украина на преговорите со Русија и САД

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска во Даблин изјави дека Европа мора да зборува со еден глас во мировните преговори за завршување на војната во Украина. 

Кошта бара европските преговарачи да имаат заеднички став за Украина на преговорите со Русија и САД

Тој истакна дека ова не е во спротивност со договорот според кој Европа ќе биде претставена во преговорите од повеќе луѓе.

„Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така, има двајца претставници, има три или четири лица во украинската делегација“, рече Кошта на прес-конференцијата. Тој го коментираше договорот според кој Европа ќе биде претставена во преговорите од институциите на Европската Унија и пет земји од таканаречената група Е5 - Германија, Франција, Обединетото Кралство, Италија и Полска. „Важно е да се има тим и да се зборува со еден глас и тоа е она што се согласивме да го направиме“, рече Кошта.

Европа се согласи кој ќе ја претставува во преговорите

Договорот беше постигнат по дводневни дискусии во Даблин. Лидерите на педесет европски земји се собраа таму вчера на самитот на Европската политичка заедница, а во петокот на неформалниот самит на Европската Унија. Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф разговараа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а потоа во Даблин со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По средбите, тие изјавија дека Русија се согласила со вклучување на европски претставници во следната рунда мировни преговори, кои се водат со американско посредништво. Сепак, сè уште нема потврда од Москва дека Русија е подготвена за учество на европски претставници во преговорите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека прво треба да се утврдат вистинските намери на Европејците и дали сакаат да придонесат во мировните напори. Дури потоа, рече Песков, ќе биде можно да се донесе одлука за преговори во проширен формат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орбитата на Земјата е преполна со отпад- колку ситните фрагменти може да бидат опасни ?

Вселената е огромна, но орбитата на Земјата е сè повеќе полна. 

Орбитата на Земјата е преполна со отпад- колку ситните фрагменти може да бидат опасни ?

Откако првиот сателит беше лансиран во 1957 година, човештвото собра речиси 50.000 објекти што можат да се следат во орбитата. Повеќе од 32.000 од нив се доволно големи, со дијаметар поголем од 10 сантиметри, за редовно да бидат индексирани од страна на Мрежата за вселенски надзор на САД, според ClearanceJobs.

Ова вклучува нефункционални сателити, потрошени тела на ракети и остатоци од фрагментација на вселенски летала.

Според новообјавените податоци од Европската вселенска агенција (ESA), се проценува дека има околу 1,5 милиони фрагменти со средна големина, со големина од 1 см до 10 см (0,38 до 3,8 инчи), а уште позагрижувачки е што се проценува дека има околу 230 милиони уште помали парчиња остатоци што орбитираат околу планетата. Нивната големина се движи од 1 мм до 1 см (0,038 до 0,38 инчи).

Исто така, има приближно 100 милиони микроскопски снегулки од боја, метал и честички од цврст погон во орбитата. Големината е важна, бидејќи овие објекти сè уште можат да се движат со хипербрзини до 35.000 милји на час. И покрај нивната навидум мала големина, кинетичката енергија се зголемува со квадратот на брзината. Ова значи дека дури и микроскопска снегулка боја, прашок или фрагмент од метал има огромна сила на удар при ударот, удирајќи со силата на многу потежок објект што се движи со брзина на автопат на Земјата.

Во најлош случај, остатоците можат да ги вдлабнат, скршат или оштетат прозорците на вселенските летала и сателитите (како што беше случајот со претходните удари врз прозорците на куполата на Меѓународната вселенска станица). Сепак, микроскопските објекти, исто така, предизвикуваат постојан ефект на пескарење врз вселенските летала, на крајот трошејќи ги термалните ќебиња, сончевите панели и надворешните обвивки.

Ударите со голема брзина, исто така, можат да трансформираат честичка во облак од плазма со висока температура, што може да предизвика кратки споеви, радиофреквентни аномалии или системски дефекти во сателитите.

Иако објектите што орбитираат се во суштина бестежински, вкупната тежина на сите вештачки материјали што сега се во орбитата на Земјата се проценува на повеќе од 6.600 тони. ЕСА забележува дека поголемиот дел од овој материјал доаѓа од 19.610 сателити што моментално се во орбитата, од кои приближно 15.800 се сè уште оперативни.

Останатите неколку илјади продолжуваат да орбитираат околу Земјата, каде што би можеле да бидат погодени од помали објекти, што само би ја зголемило количината на вселенски отпад.

„Доколку продолжат сегашното орбитално однесување и трендови, клучните орбитални области ќе станат целосно неупотребливи, додека многу милиони парчиња отпад веќе се во орбитата“, предупреди ЕСА.

Постои ризик од неконтролирана верижна реакција, позната како Кеслеров синдром, во која еден судир во ниската Земјина орбита го разбива сателитот на илјадници нови парчиња. Доколку се одвива такво катастрофално Кеслерово сценарио, тоа би ги осакатило модерните глобални комуникации, временската прогноза, GPS и научните мрежи за набљудување, би го исклучило човештвото од пристап до вселенските и сателитските технологии, потенцијално правејќи ја ниската Земјина орбита неупотреблива за идните генерации.

Секако нема недостаток на отпад што би можел да претставува сериозен проблем и закана.

Проблемот со вселенскиот отпад може да се спореди со пластиката што моментално ги загадува океаните на Земјата. Повеќе од осум милиони тони пластика влегуваат во океаните секоја година, придружувајќи се на проценетите 170 трилиони пластични честички што моментално циркулираат во морињата. Штетата е веќе длабоко вкоренета во живите организми, рововите во длабокото море и човечките тела низ целиот свет, што претставува сериозен проблем.

Сепак, напорите за чистење на океаните би можеле да послужат како водич за тоа како може да се исчисти и орбитата.

Мисијата ClearSpace-1 на ESA, развиена од швајцарскиот стартап ClearSpaceSA, е првата активна мисија во светот за отстранување на вселенски отпад. Таа вклучува средба во орбитата, а потоа заробување и преземање на напуштен објект од орбитата на Земјата, така што и отпадот и чистачот безбедно ќе согорат по повторното влегување. Мисијата ClearSpace е закажана да се лансира во 2029 година, со цел да се отстранат два мртви сателити од орбитата до 2032 година.

НАСА, исто така, има своја иницијатива за чистење на вселенски отпад. Американската вселенска агенција ја претстави својата Стратегија за одржливост на вселената во април 2024 година, признавајќи дека вселенскиот отпад станува еден од најголемите предизвици за иднината на вселенските летови. НАСА се обрати до јавноста преку натпреварот „Детектирај, следи и санира: Предизвикот на малите вселенски отпадоци“, поканувајќи иноватори од целиот свет да дизајнираат системи за пронаоѓање и чистење на мали отпадоци (од 1 мм до 10 см).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери

Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек.

Турци киднапирале маж во Призрен за да запре со градба- му ставиле вреќа на главата, откриени се од надзорни камери

Основниот суд во Призрен им одреди едномесечен притвор на петмина турски државјани осомничени за физички напад, киднапирање и незаконско лишување од слобода на човек, а потоа и за принудување да се откаже од градежните работи што ги извршувал во овој град, објави Коха.

Според судот, осомничените М. Д, М. Д. Г, С. К, Р. О. и М. П. се товарат за кривични дела лесна телесна повреда, принуда и незаконско лишување од слобода.

Се сомнева дека на 1 ноември, околу 7:20 часот наутро, тие го пресретнале мажот по име С. Б. во Призрен, блокирајќи му го патот со комбе. После тоа, наводно физички го нападнале, го удирале со тупаници и клоцале, а за време на нападот користеле и ножеви, нанесувајќи му девет убодни рани и исеченици на несреќниот човек.

По нападот, осомничените, според сомневањата на истражните органи, насилно го ставиле во комбе, му ставиле вреќа на главата и го однеле во приватна куќа во Приштина. Таму го држеле против негова волја околу десет часа, заканувајќи се и притискајќи го.

Според обвинителството, целта на осомничените била да го принудат мажот да ги запре градежните работи на објектите на компанијата во Призрен, да ги отстрани работниците од градилиштето и да ја напушти земјата.

Истиот ден, помеѓу 17 и 17:30 часот, осомничените наводно го вратиле во Призрен, исто така со вреќа преку главата, и го оставиле на улица, по што му била укажана помош во Регионалната болница во Призрен.

Случајот бил пријавен во полиција откако на 3 ноември преку оперативни канали било примена снимка од нападот од надзорни камери, на која се гледа како пет лица физички напаѓаат маж, а потоа го насилно внесуваат во возило. Полицијата следниот ден ја идентификувала жртвата и преку интензивна истрага ги лоцирала и уапсила петмината осомничени.

Судот им одредил едномесечен притвор по барање на обвинителството, оценувајќи дека постои ризик од бегство, бидејќи осомничените се странски државјани кои привремено работат во Призрен. Исто така, било оценето дека тие би можеле да влијаат врз оштетената страна и потенцијалните сведоци, како и да го попречат понатамошниот тек на истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер