Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
1Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
БалканКосовскиот министер за регионален развој Фикрим Дамка уапсен во Призрен Министерот за регионален развој на Косово во заминување и претседател на Демократската партија на Турците на Косово, Фикрим Дамка е уапсен во Призрен поради сомнение дека сторил кривично дело напад и закани, потврди призренската полиција.„Полицијата интервјуираше осомничени и жртви и беа собрани други докази и сведочења“, рече портпаролот на регионалната полиција во Призрен, Шаќир Битиќи. По разговорот, обвинителот нареди Дамка и уште еден член од неговото семејство да бидат задржани во полициски притвор до 48 часа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
ФудбалВечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правилаВечерва со дуелот меѓу бранителот на титулата Арсенал и тимот на Ковентри стартува новата сезона во најсилното светско фудбалско првенство англиската Премиер лига. Во новата сезона ќе има и неколку нови правила. Новата сезона во англиската Премиер лига, која започнува денес со натпреварот меѓу бранителот на титулата Арсенал и Ковентри (во 21:00 часот), воведува низа важни измени во правилата. Овие мерки, чија цел е да се забрза играта и строго да се казнува губењето време, се однесуваат на изведувањето на прекини, протоколите при повреди и примената на ВАР-технологијата. За разлика од Светското првенство одржано летово – каде што играчите добиваа картони доколку ги покриваа устите со рацете додека комуницираа – Премиер лигата одлучи да не воведува такво правило. Покрај тоа, нема да се применуваат ниту задолжителните паузи за освежување, какви што се гледаа на Светското првенство во 2026 година. Промени во Премиер лигата: Пет секунди за изведување на аут и гол-аут. Ако судијата процени дека играчот одолговлекува, започнува видливо одбројување од пет секунди. Ако времето истече, топката му припаѓа на противникот за изведување аут, додека по гол-аут се доделува корнер. Повреден играч мора да остане надвор од теренот една минута – зголемување од претходните 30 секунди – доколку играта била прекината поради неговата повреда. Постојат исклучоци, како на пример кога повредата настанала како последица на прекршок за кој противникот добил картон. Симулирање повреди од страна на голманите. Ако голман падне и предизвика прекин што тимот го користи како еден вид тактички тајм-аут, тренерот мора да одреди еден играч од својот тим кој ќе го напушти теренот на една минута. Замената на играч не смее да трае подолго од десет секунди. Ако играчот премногу бавно го напушта теренот, на неговата замена нема да ѝ биде дозволено да влезе во игра во наредната минута. VAR за првпат добива надлежност во врска со вторите жолти картони. Системот може да интервенира ако вториот жолт картон бил доделен поради очигледна грешка – на пример, ако всушност не бил направен прекршок. Сепак, VAR не може да побара доделување втор жолт картон доколку судијата на теренот не го доделил. VAR исто така ќе може да интервенира во врска со прекршок во напад направен пред изведување прекин (стандардна ситуација), под услов акцијата што следи да резултира со гол, пенал или дисциплинска санкција.Тагови: Премиер лигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПет лица се исчезнати во пожар во Швајцарија, осум повредениПет лица се исчезнати, а осум се повредени во пожарот што синоќа уништи станбена и деловна зграда во швајцарскиот град Тусис. Зградата, во која се наоѓале ресторан и станови, е целосно уништена, потврди полицијата во кантонот Граубинден, јавува Би-Би-Си. Полицијата била повикана на пожарот кратко по полноќ, по што речиси 100 пожарникари излегле на местото на настанот. Интервенцијата била исклучително тешка бидејќи скалите на зградата се урнале, па пожарникарите морале да користат кран за да го пробијат покривот за да пристапат до внатрешноста. И покрај тешките услови, 14 лица биле спасени од запалената зграда. Состојба на повредените и истрага Од осумте повредени, двајца се здобиле со сериозни повреди, двајца умерено сериозни, додека четворица се здобиле со полесни повреди. Сите се однесени во болниците во Хур, Тусис, Иланц и Цирих. Првичните резултати од истрагата покажуваат дека пожарот започнал на вториот кат, но точната причина сè уште се утврдува. Истрагата ја спроведуваат заеднички полицијата и канцеларијата на државниот обвинител. Тусис е град во алпскиот регион Граубинден, популарна туристичка дестинација во источна Швајцарија позната по своите зимски спортови и летни активности на отворено. Фото: ФБТагови: пожар Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛефков: Ислам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болницаИслам Абази го заштити Венко за случајот со модуларната болница, Филипче и Заев го менуваат Законот за градење за да можат да ги изградат модуларните болници.Ислам Абази го заштити Венко Филипче за случајот со модуларната болница. Ислам Абази аргатот на Филипче, Заев и Ахмети, во последните месеци од раководењето со ОЈО ГОКК ги заштити криминалците во државата. Предметот фати прашина во фиоките на Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО, за да сега по 5 години, да се затвори судскиот процес, без да има истрага. Ова е тоа корумпирано и корозирано судство и обвинителство, кое работи под диригентските палки на СДС и ДУИ. Зошто сметаме дека Филипче е директниот виновник во ово случај? Затоа што пред да се случи пожарот во модуларната болница каде што загинуваат 14 наши сограѓани, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на владата, го промениле Законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема за чие поставување одобрение ќе издава Министерството за здравство, односно тогашниот министер, Венко Филипче. Овие болници не се запишани во катастар, немаат добиено одлука од владата за трајно користење и немаат одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар. За овие работи, има евиденција во проектната единица во Министерството за здравство и истата е предадена на Јавното обвинителство за организиран криминал на ден 12.12.2023. И по ова, Абази вели дека случајот треба да се затвори, затоа што не постои сомнение за злоупотреба на службена положба. Поради вакви корумпирани поединци како Абази, Филипче наместо да одговара, тој ќе се смее од партиската говорница и ќе ужива на јахтата на Заев. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter