Злосторство – убил старица, и ги украл парите за дрога и потоа си ги запалил пријателите

Полицијата во БиХ разоткрила страшно злосторство – тројно убиство и запалени пријатели од 23 годишно момче.

Полицијата вчера наутро добила пријава дека во пожар во куќа загинале две момчиња на возраст од 24 и 23 години , Денис Сеферовиќ и Мухамед Мешкин. По два часа во својата куќа била најдена убиена 75 годишната Анкица Крстановиќ. Жената била ограбена и до смрт претепана.

Полицијата не ги поврзувала двата случаја, но набргу го поврзале Нарцис Мекиќ , како најдобар пријател со двете изгорени момчиња и како близок сосед со убиената жена. Полицијата го упасила убиецот , по што бил реконструиран целиот случај.

Така , по забавата во куќата на Мешкин , момчињата останале без алкохол и дрога , кога Мекиќ предложил да ја ограбат старицата. Тој ја убил и ја ограбил жената , по што купиле дрога и алкохол и продолжиле со забавата. Во текот ноќта дошло до кавга поврзана со распределба на украдените работи и тогаш Мекиќ со нож ги убил пријателите , а за да го прикрие двојното убиство , ги запалил .

Соседите во Бугојно се шокирани од убиството, а постарите велат дека им е страв за нивните животи .

Во протестите во Иран ја убиле мајка ѝ – сега со музика и ја прославува смртта на имамот(ВИДЕО)

После веста за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, на социјалната мрежа Х, порано Твитер, се појави снимка од Маша Пираи, ќерка на Мина Маџиди, која била убиена од иранскиот режим за време на протест.

Оваа млада девојка на својот профил сподели видео во кое пие и наздравува со својата пријателка под звуците на песната „Хеликоптер, хеликоптер“ на босанскиот пејач Фадил Фазли.

Видеото беше објавено вчера набргу по веста дека медиумите објавија дека хеликоптерот со иранскиот претседател имал проблеми со слетувањето поради густата магла и тешките временски услови.

Да потсетиме, утрово беше потврдено дека иранскиот претседател Ебрахим Раиси загинал во хеликоптерска несреќа.

Мина Маџиди (62) била убиена од безбедносните сили на Исламската Република на 20 септември за време на протестот во Керманшах. Нејзината ќерка тврди дека била погодена од воздушна муниција и била погодена со 167 куршуми. Мина починала на пат кон болница.

Јанчев доби извинување од кавадарчанецот, кој беше приведен поради закани кон него

Кавадарчанецот кој синоќа во локал му се закануваше на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска во неговиот кабинет и лично му се извини дека се било последица на лошо пијанство во комбинација со лекарствата кои ги пиел. 

Кавадарчанецот кој е на возраст од 35 години синоќа од полицијата бил лишен од слобода, заради агресивното однесување и заканите кон градоначалникот Јанчев. Тој откако го здогледал автомоилот на граодначалникот влегов во угостителскиот објект скршил чаша, почнал да удира по масата и да го навредува и да му се заканува на градоначалникот. За целиот тој случај тој денеска со длабоко жалење прво на телефон а потоа и во кабинетот дошол да се извини.

Градоначалникот Јанчев го примил во својот кабинет на разговор како што вели за преку дијалог да видат во што е проблемот и дали може некако да му помогне.

Јанчев појасни дека е неприфатливо агресивното однесување кога за сите кои имаат било какви проблеми вратите на неговиот кабинет како градоначалник се во секое време отворени а и на улица било кој и да му се обрати ќе се најде време да го сослуша бидејќи функцијата која ја извршувува е во служба на граѓаните.

Светски ден на пчелата: Да се намали употребата на пестициди

Човештвото мора да даде поголемо значење и почит на пчелите кои се најважниот единствен вид опрашувач во светот, обезбедувајќи растителна храна на луѓето и голем број животни.

Ова е ставот на експерти од Земјоделскиот факултет и производители на мед, по повод Меѓународниот ден на пчелата, 20-ти мај. Тие апелираат – земјоделците да не користат забранети препарати при прскање на своите насади, бидејќи со тоа сериозно го загрозуваат опстанокот на пчелите.

Дополнителен проблем за пчелите, но и целокупното производство на мед, според производителите, се и климатските промени.

Дека климатските промени се најголем непријател на пчелите покажувааат податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство. Според нив, во 2022 година во земјава имало 290.879 пчелни семејства, за седум отсто помалку во споредба со 2021 година. Кога станува збор за производството, во 2018 година биле произведени околу 560 тони мед, а во 2021 година само 140 тони мед.

Инаку, пчелите работнички живеат до 40 дена и за тој период произведуваат една лажица мед. За луѓето една лажица мед, а за пчелата цел живот.

притисни ентер