ФудбалЗлатан Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан, таму останува до крајот на кариерата Златан Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан половина година пред неговиот 40-ти роденден. Се чека само официјалното соопштение.Водечките италијански медиуми пишуваат дека се работи за часови, а Милан започна да одбројува до големите новости на официјалниот Твитер. What’Z happening? ⏳ #SempreMilan #ReadyToUnleash pic.twitter.com/RnQOgDOkhs — AC Milan (@acmilan) April 22, 2021 Неговиот претходен договор завршил во јуни годинава, а тој го потврдил новиот престој во тој клуб до следниот месец. Пред две недели, техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини, за Sky Sport открил дека се договорил со Златан за продолжување на престојот во Милано и дека остануваат само деталите што треба да се договорат. Zlatan Ibrahimovic stays at AC Milan until June 2022, confirmed. Official statement in the next hours. Done, completed and here-we-go 🔴⚫️ #ACMilan #Ibra https://t.co/2j6u3NSK4m — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 22, 2021 Сега тоа е готово и Златан е пред да потпише „доживотен“ договор со клубот што го оживеа по враќањето во Росоњерите во јануари минатата година. Кога Ибрахимовиќ беше претходно во Милано (2010-2012), тој клуб беше национална и континентална сила, и тој беше во, како што се смета, најдобрите години. Првата сезона таму, на позајмица од Барселона, последното Скудето го донесе Милан со 14 погодоци, а следната со 28 погодоци беше најдобар стрелец во Серија А. Осум години подоцна, како 38-годишник, се врати во Милано кој потона на 11-то место. Тој пристигна во зимскиот преоден рок, на почетокот на минатата година и за половина сезона со 11 голови и пет асистенции, но и како предводник на младиот тим, се искачи на шестото место. Оваа сезона, Милан со 17 гола го предводи патот кон Лигата на шампионите по седум години. #Ibra, arriva la firma: tutto pronto a #CasaMilan. E #Pioli spera di averlo per la #Lazio https://t.co/qybN6ItEzm #serieA — LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) April 22, 2021 Неговиот учинок од враќањето во Милано како ветеран е 28 гола на 45 натпревари. Ибрахимовиќ е најплатениот играч на Милан. Со сегашниот договор заработуваше 7 милиони евра годишно, еден милион повеќе од Џанлуиџи Донарума. Трет најплатен играч на Милан е Анте Ребиќ со 3,5 милиони евра годишно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16