Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Претседателката на Република Индија, г-ѓа Мурму
1Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Претседателката на Република Индија, г-ѓа Мурму
ФудбалГвардиола ја загуби титулата, па зборуваше за заминување од Сити- Двајцата решивме дека ќе седнеме....Британските медиуми вчера објавија дека менаџерот Пеп Гвардиола би можел да го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната, а како негов наследник се споменува името на Енцо Мареска, поранешениот тренер на Челзи и соработник на Пеп . Гвардиола на пресот по ремито против Борнмут по кое Сити ги загуби и теоретските шанси за освојување на титулата негираше дека веќе го договорил заминувањето од Етихад. „Првата личност со која треба да разговарам е претседателот на клубот, Халдун Ал Мубарак. Двајцата решивме дека ќе седнеме и ќе разговараме кога ќе ја завршиме сезоната“, рече Гвардиола кој освои импресивни 17 трофеи за една деценија на клупата на Сити. На прашањето кога ќе се одржат разговорите, Гвардиола прецизираше: „Не, ќе разговараме во наредните денови.“ И покрај разочарувачкиот крај на сезоната, Гвардиола го изрази своето почитување кон новите шампиони: „Во име на Манчестер Сити, честитки до Арсенал и Микел Артета за титулата. Артета вложи многу труд и работа. Честитки.“ Заминувањето на Гвардиола, доколку биде потврдено, би означило крај на една ера во Сити и почеток на големи промени во тимот кој стана доминантна сила во англискиот фудбал за време на неговиот мандат.Тагови: Пеп Гвардиола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Претседателката на Република Индија, г-ѓа МурмуОд денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Република Индија, г-ѓа Друпади Мурму.Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници,соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваТимоти Шаламе и Кајли Џенер се бакнуваат на трибините на финалето на СП Тимоти Шаламе и Кајли Џенер го привлекоа вниманието на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија.Двојката го гледаше натпреварот од трибините, а фотографите го забележаа моментот кога разменија бакнеж. Шаламе носеше сина маица со долги ракави од Адидас за таа пригода, додека Џенер носеше црна облека и очила за сонце. За време на средбата, тие седеа еден до друг и не ја криеја својата нежност. Својата врска ја покажуваат сè почесто во јавноста Актерот и ријалити ѕвездата ја држеа својата врска подалеку од јавноста долго време, но во последно време сè почесто се појавуваат заедно на големи настани. Фотографиите од нивниот бакнеж од финалето брзо се проширија на социјалните мрежи. Финалето на Светското првенство привлече многу познати гости, а Шаламе и Џенер беа меѓу паровите кои предизвикаа најголемо внимание на трибините.Тагови: кајли џенер Тимоти Шаламе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница од најпрестижната фолклорна манифестација во ХрватскаМакедонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница за креативен придонес и успешна взаемна соработка во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Хрватска во областа на заштитата, презентацијата и промоцијата на нематеријалното културно наследство.На свечена церемонија во Хрватскиот државен архив, по повод 60-годишнината на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб – најугледната хрватска манифестација посветена на зачувувањето, презентацијата и промоцијата на традициската култура и нематеријалното културно наследство – македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница за креативен придонес и успешна взаемна соработка во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Хрватска во областа на заштитата, презентацијата и промоцијата на нематеријалното културно наследство. Благодарницата за македонскиот КИЦ ја врачи уметничкиот директор на Меѓународната смотра на фолклорот, Твртко Зебец, а во име на директорката на македонскиот КИЦ ја прими Зорица Велиновска, претставничка на Македонците во Советот за национални малцинства на Република Хрватска. „Ова е исклучително значајно признание за македонскиот КИЦ во Загреб и потврда за неговата клучна улога на полето на културната дипломатија и јакнењето на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска, особено во областа на зачувувањето и промоцијата на нематеријалното културно наследство. Да се добие благодарница по повод 60-годишниот јубилеј на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб, манифестација чиј претседавач на Советот е министерката за култура и медиуми на Република Хрватска, Нина Обуљен Коржинек, претставува голема чест и привилегија, а истовремено и уште поголема обврска и одговорност да продолжиме со квалитетна презентација и промоција на богатата вековна македонската култура и уметност. Нашата визија е преку културната дипломатија да придонесуваме кон продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска и да отвораме нови можности за соработка афирмација и промоција на културните вредности на двете држави “, вели Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб. По повод јубилејот 60 години Меѓународна смотра на фолклорот, во македонскиот КИЦ во Загреб на почетокот на овој месец беше отворена изложбата „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб“, на авторките Ивона Опетческа Татарчевска и Бојана Пољаковиќ Поповиќ. Изложбата преку фотографии од архивата на МСФ го документира шестдецениското учество на македонските фолклорни групи на оваа значајна меѓународна манифестација. Оваа година во рамките на официјалната програма на Смотрата на сцените во паркот Зрињевац и на главниот плоштад „Бан Јелачиќ“ во Загреб со својот автентичен вевчански фолклор се претстави КУД „Дримкол„ од Вевчани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook