Златан Ибрахимовиќ објави важна вест: Ако може тренерот, можам и јас

Со високи 3-0 над Џенова, Милан ја намали разликата на само еден бод зад водечкиот Наполи, кој се сопна кај Сасуоло играјќи 2-2.

Интер заостанува два бода зад лидерот по победата од 2-0 над Специја.

Ова беше прва првенствена победа на Милан по поразите од Фиорентина и Сасуоло, на која му претходеше нерешен резултат во градското дерби. Златан Ибрахимовиќ, во 10. минута го постигна својот шести гол сезонава, а по мечот навести дека и на 40 години не му е доста од фудбалот.

Коментирајќи го новиот договор потпишан од тренерот Стефано Пиоли минатата недела, тој рече дека е следниот.

„Сега морам и јас да продолжам“, се насмеал тој. „Среќен сум поради него бидејќи го заслужи тоа. Ако тој го продолжи, истото го правам и јас.“

На крајот од сезоната на Ибрахимовиќ му истекува договорот вреден седум милиони евра. Неколку италијански медиуми веќе пишувале дека двете страни се подготвени да продолжат заедно до летото 2023 година.

Муцунски пред пензионерите од Аеродром: Вашето искуство и вашата мудрост се непроценливо важни

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на советот, Дејан Митески денеска присуствуваа на настан на кој беше одбележана 15-годишнината од формирањето на Здружението на пензионери – Аеродром.

Во рамки на своето обраќање Муцунски истакна дека искуството и мудрост на пензионерите се непроценливо важни во создавањето подобра општина, а Општина Аеродром секогаш е отворена за предлозите, сугестии и забелешките што доаѓаат од нивна страна.

Тој се заблагодари за поддршката која пензионерите ја даваат на општината и нагласи дека и понатаму тој и Општина Аеродром остануваат отворени за соработка.

„Како заедница, општина, но и како држава мораме поактивно да работиме на подобрување на статусот на пензионерите и решавање на предизвиците со кои тие се соочуваат во животот. И понатаму, лично ќе се заложувам Општина Аеродром да биде важен партнер во реализација на нивните планови и активности“, потенцираше Муцуски во своето обраќање пред пензионери, се наведува во соопштението.

Бриселската полиција спречи одржување на десничарска конференција

Белгиската полиција денеска спречи одржување собир во организација на десничарската Фондација „Едмунд Бурк“ во Брисел, на кој меѓу останатите требаше да учествуваат и унгарскиот премиер Виктор Орбан и главниот промотор на Брегзит, Најџеј Фараж.

- Властите одлучија да го спречат настанот поради можност за јавни нереди, изјави претставник на полициската управа на Брисел.

Организаторите на собирот, насловен Конференција за национален конзервативизам, соопштија дека полицијата ги информирала оти „постои ризик демонстранти да предизвикаат граѓански нереди во текот на попладнето“.

При интервенцијата на полицијата, Фараж рече дека сфаќа оти „полицијата многу, многу сака да го спречи“ настанот.

- Ако сакаат да го спречат, може да го направат тоа со мене на бината, изјави Фараж поздравен со овации од присутните на собирот.

Претставник на еден од коорганизаторите на собирот, тинк-тенкот Колеџ „Матијаш Корвин“ (МЦЦ), Френк Фуреди оцени дека ваквиот потег претставува диктатура.

- Тие се обидуваат да искористат техничка причина за да пренесат политичка поента. Рекоа дека ако не прекинеме, ќе ја исклучат струјата, изјави Фуреди за „Политико“.

Ова е трета локација на која требаше да се одржи Конференцијата, откако сопствениците на првите два избрани објекти им откажале на организаторите, поради, како што тврдат тие, притисок од локалните левичарски власти.

Емир Кир, градоначалник на бриселската општина Сен-Жос-тен-Нод, на чија територија се наоѓа објектот во кој требаше да се одржи собирот, од претходно најави дека ќе „преземе мерки за да го спречи“ настанот.

Друг претставник на МЦЦ, Ентони Гиланд најави дека ќе се обидат преку суд да ја оспорат одлуката на Кир со цел собирот сепак да се одржи.

Според планот, Конференција за национален конзервативизам требаше да се одржува денеска и утре. /МИА

Вучиќ: Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид

Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница, но таму секако беше извршено страшно злосторство, вели Вучиќ, а Бујар Османи, без одлука на Владата најави дека Македонија ќе биде копредлагач на резолуцијата во ОН.

„Во Сребреница секако беше извршено страшно злосторство. И не беше проблем некој да дојде и да покаже пиетет и каење. И сите беа одговорни за тоа. Само ве молам, не измислувајте и не шпекулирајте со пресуди кои не такви како што вие ги претставувате“, вели српскиот претседател

Пред меѓународниот суд на правдата во Хаг беше утврдено дека Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид. Ова денеска го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ при посетата на саемот во Мостар, коментирајќи ја резолуцијата за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница.

Одговарајќи на новинарска констатација дека Србија е прогласена за виновна пред Меѓународниот суд на правдата, затоа што не спречила геноцид во Сребреница, Вучиќ рече дека не е потребно да се замајува народот, но како што посочи дека секако во Сребреница било направено страшно злосторство, но дека Србија на никоков начин, додаде, не е одговорна за геноцид.

Според него, кога Србија ќе поднесе предлози за резолуции, како што посочи за Јасеновац, Крагуевац, Кралево, Јајинци и ногу други места, како што вели, нема да каже кој го извршил тоа.

„Претпоставувам дека Србија треба да биде среќна што во планираната резолуција за геноцидот во Сребреница не се споменуваат Србите. Па, нема да ги спомнуваме народите кога ќе ги поднесеме резолуциите за Јасеновац и Крагуевац“, вели тој.

Вучиќ рече и дека регионот е вратен пред 30 години и дека според него, сето тоа го прават оние кои рекле дека не треба да се враќаме во минатото.

„Во Сребреница секако беше извршено страшно злосторство. И не беше проблем некој да дојде и да покаже пиетет и каење. И сите беа одговорни за тоа. Само ве молам, не измислувајте и не шпекулирајте со пресуди кои не такви како што вие ги претставувате“, рече српскиот претседател.

Во својот говор на отворањето на Саемот, Вучиќ рече дека се надева дека во иднина ќе има повеќе искреност во српско-хрватските и во српско-босанските односи.

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека геноцидот во Сребреница не се случил, бидејќи ако било така, како што рече, немало повторно да се отвара целата приказна.

Според него, повеќе Срби биле убиени за време на опсадата на Сараево отколку што загинале во Сребреница и дека сега, како што вели сакаат да создадат мит за Сребреница.

Македонија со поддршка во ОН за резолуција да се прогласи Меѓународен ден за геноцидот во Сребреница, важно е и Србија да гласа, вели Османи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и кандидат за претседател на претстојните претседателски избори вчера соопшти дека Северна Македонија е коспонзор заедно со Германија, САД и други држави на резолуција во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден за сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница 1995 година и одбележување секоја година.

Одговарајќи на новинарско прашање како очекува дека ова ќе влијае на односите на нашата земја со Србија, Османи рече дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, како што рече, затоа што осудуваме геноцид.

„Мислам дека посебно за Србија е важно да ја изгласа оваа резолуција со цел фактите да бидат признаени и промовирани бидејќи сите одлуки на меѓународните судови и тела покажуваат дека во Сребреница е случен геноцид. Сè додека се одрекува и не се признава, можноста да се повтори е сè уште веројатна. Затоа, посебно ја повикувам Србија да ја изгласа оваа резолуција, а ги повикувам и останатите земји членки на Обединетите нации да гласаат. Не мислам дека односите со која било земја можат да бидат нарушени, зашто осудуваме геноцид и бараме да се одбележи убивањето на над 8 000 цивили“, рече тој.

Резолуцијата ќе биде претставена на 17 април пред Генералното собрание на ОН, а за неа ќе се гласа на 2 мај годинава.

притисни ентер