Жугиќ: Нехуманиот однос на Шилегов кон вработените во установи под Град Скопје е израз на неспособност во справувањето со кризата

Нашите информации говорат дека во јавните културни установи кои се под надлежност на Град Скопје, не се почитуваат препораките за заштита на здравјето и безбедноста на вработените, изјави Јелена Жугиќ, Советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Имено, имаме информации дека вработените во овие културни установи немаат добиено опрема за лична заштитна, протоколи за работа или било какво упатство за работа за време на вонредната состојба и пандемијата со Ковид-19.

Воедно почитувани, загрижувачки е и односот на некои претпоставени во некои од културните институции. Тие без да издадат решение за доискористување на годишниот одмор за 2019-та година, само со усно известување ги информираат вработените дека немаат право на годишен одмор и дека истиот им се смета како искористен во изминатиот период, без разлика што во истиот тој период, дел од вработените оделе на работа.

Произволниот, дискриминирачки и непрофесионален однос на одговорните лица кон вработените, мора да запре, а законот за работни односи мора да се почитува. Во спротивно, ќе следат претставки, пријави и тужби до надлежните за непочитување на достоинството, безбедноста и здравјето, како и правата од работен однос на вработените во јавните културни установи под надлежност на Градот Скопје.

Нехуманиот однос на Град Скопје под раководство на Шилегов кон вработените во овие установи е израз на неспособност во справувањето со кризата и вонредната состојба во која се наоѓаме. Апелираме веднаш надлежните да ги преземат сите препорачани протоколи и мерки.

Прашање: Ваш коментар околу изјавата на Шилегов дека ќе преместува билборди.

Одговор: Морам да Ви кажам дека воопшто не ја гледам поврзаноста на справување со пандемијата и тргање на билбордите. Колку што слушнав во неговата изјава оправданоста на тргањето во ова време, во оваа вонредна состојба ја гледа во ослободување на јавниот простор во однос на велосипедските патеки, меѓутоа штотуку зборува за непревземање на основни нешта заштита на вработените во културни институции значи за немање во буквална смисла на зборот сапуни. А, од друга страна веројатно огромен дел од финансиски средства ќе се одлеат за дислокација на 250 билборди. Притоа се поставува едно несомнено прашање кое што веројатно и јавноста ќе ја заинтригира, значи градоначалникот во ниту една своја изјава не кажа дали е и истечена концесијата за тие билборди. Доколку не е, колку пенали ќе плати Градот Скопје бидејќи тие билборди како што јас знам се закупуваат на 10 години, на 15 години. Бидејќи тоа е еден од најатрактивните начини за рекламирање во секој град, вклучувајќи го и нашето преубаво Скопје. Сега јавно прашувам дали е истечена концесијата на закупецот? Дали станува за еден закупец за тие 250 билборди или повеќе? Ако не е истечена концесијата колку Градот Скопје ќе плаќа пенали? И притоа ако земеме во предвид дека билбордите се најатрактивниот и највпечатливиот начин на рекламирање на одредени продукти и Градот Скопје зема навистина конкретни пари од издавање на јавниот простор, верувам дека кога ќе заврши пандемијата тој јавен простор повторно ќе биде издаден, градот има потреба од рекламирање. Меѓутоа очигледно на некој друг концесионер. И несомнено е значи, не можете да не помислите дека сепак тука станува збор под превезот на справување со пандемијата Ковид – 19 и така натака за некои лични бизнис интереси на градоначалникот, кој што и те како е познат по анонимност во своето работење. Значи останува на граѓаните да прашуваат. Се надевам дека оваа тема ќе биде актуелна периодов, градоначалникот да се произнесе на овие прашања, дали е завршена концесијата, доколку не е колку ќе плаќа пенали и кога планира и каде во иднина повторно да ги постави тие рекламни паноа. Кои што пак ќе споменам се одличен начин за рекламирање и граѓаните и бизнис секторот во градот го користат како начин на рекламирање.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер