Жозе Мурињо е новиот тренер на Рома - Канал 5

Жозе Мурињо е новиот тренер на Рома

Жозе Мурињо е новиот тренер на италијанскиот прволигаш Рома, објавено е денес на веб-страницата на клубот. На клупата го наследи неговиот сонародник Паоло Фонсека, кој вчера доби отказ.

Жозе Мурињо е новиот тренер на Рома

„Среќни сме што ја објавивме зделката со Жозе Мурињо, кој потпиша договор со нашиот клуб пред сезоната 2021/2022“, објавија на социјалните мрежи од Рома.

Португалецот по 11 години се врати во Серија А, која ја напушти по освојувањето на Лигата на шампионите, Купот на Италија и првото место во Серија А со Интер.

"После низата состаноци со сопствениците на клубот, сфатив кои се амбициите на клубот. Неверојатната страст на навивачите на Рома ме убеди да ја прифатам оваа работа. Едвај ја чекам следната сезона", изјави Мурињо по објавувањето на зделката.

Потпретседателот на Рома, Рајан Фридкин, во име на клубот ја коментираше зделката и рече дека е пресреќен што Рома донесе поранешен тренер на Интер.

"Пресреќни сме што можеме да го пречекаме Жозе Мурињо во семејството на Рома. Големиот шампион, кој освои трофеи на сите нивоа, ќе ни помогне да ги оствариме амбициите со своето искуство", рече Фридкин.

Во моментов, Рома е на седмата позиција на табелата во Серија А, без реална шанса да стигне до Лацио на шестата позиција до крајот на сезоната, па промената на тренерот е логичен потег на клубот.

Првата задача на Мурињо ќе биде да ја задржи седмата позиција, која носи пласман во Конференциската лига, така што следната сезона Рома ќе игра европски натпреварувања, а единствениот конкурент за таа позиција е Сасуоло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Советот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.

Прогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански остров

Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE.

Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“.

Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал.

Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. 

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

„Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм.

Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски.

Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ.

Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце.

Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци.

За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм.

Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ.

Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви.

Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила.

Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“!

За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер