Животна битка на ѕвездата на култниот ,,Брилијантин”

,,Веќе не користам морфиум и таблети против болки” , вели австралиската актерка Оливија Њутн Џон , која стана позната по улогата во филмот ,,Брилијантин” со Џон Траволта.

Оливија Њутн Џон првата дијагниоза на рак на градите ја добила во 1992 . По хемотерапии и операција се опоравила , туморот се вратил во 2013 , а потоа уште еднаш минатата година. Сега болеста се раширила на коските и таа е сега во четвртата , последна фаза на болеста.

Минатата недела актерката говореше на конференција за канабис во Портланд и ја изненади јавноста. Призна дека на почетокот била скептична и дека сопругот Џон Истерлинг ја натерал да почен да зема канабис. Тој дури почнал да одгледува сопствени растенија , што ги користи Оливија.

"Бев нервозна затоа што не ми се допаѓа кога не ми е јасно во главата. Затоа, започнав навистина полека со канабисот и се навикнав. Канабисот ми помогна неверојатно и ја намали болката. Јас воопшто не користам апчиња за болка или морфиум", откри таа.

Интересно е што, таа никогаш не пушела марихуана до нејзината болест, освен еднаш во 70-тите.

Ѕвездата на „Брилијантин“ откри во интервју за „60 минути Австралија“ дека нејзините шанси за закрепнување се мали и дека не сака да знае колку време и останува.

"Имав среќа што сеуште сум жива ... Кога ми беше дијагностициран карциномот, обично ви даваат одредено време, ви кажуваат колку ви е преостанато. Ако некој ви каже дека имате уште шест месеци да живеете, вие веројатно толку ќе живеете зашто ќе верувате во тоа. Не сакам да ја знам статистиката, не сум дел од статистиката “, рече 70-годишната актерка.

Бразилскиот претседател побара од Конгресот прогласување природна катастрофа во Рио Гранде

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска побара од Конгресот да прогласи природна катастрофа поради големите поплави што ја погодија најјужната држава Рио Гранде до Сул, при што загинаа осумдесет и пет лица.

Над 130 лица се водат како исчезнати по поплавите во кои 150.000 лица ги напуштија своите домови, извести Цивилната заштита.

Покрај уништувањето на патишта и мостови во повеќе градови, предизвикани се и одрони кои се закануваат со уште поголема катастрофа.

Поради тоа, бразилскиот претседател Лула бара од Конгресот да прогласи елементарна непогода во споменатата сојузна држава, со цел да се одобрат дополнителни буџетски средства, без оглед на фискалните правила усвоени минатата година со кои се пропишува горната граница на трошење на сојузните држави.

- Дури кога водата ќе се повлече ќе видиме колкава е штетата. Засега сè уште немаме проценка, изјави бразилскиот министер за планирање и буџет Симоне Тебет.

Иако дождовите се честа појава во овој период од годината во јужниот дел на Бразил, 72-годишниот Флавио Роса од гратчето Каноас вели дека никогаш во животот не видел уништување од ваков обем предизвикано од дождови.

- Секако дека имало поплави и претходно, но никогаш вакво нешто, рече тој.

Поради обилните дождови во јужен Бразил загинаа 60 лица, повеќе од 70 се водат како исчезнати

Според локалните временски прогнози, врнежите може да се вратат оваа недела во помали количества, а поголеми количества се очекуваат меѓу 10 и 15 мај.

- На краток и на среден рок метеоролошките прогнози не се добри. И покрај подобрувањата во некои делови од земјава, некои области ќе бидат проследени со тешки временски услови подолго време, се наведува во прогнозата.

Гувернерот на државата Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми бидејќи спасувачите ќе добијат пристап до се повеќе места.

Поплавите не само што ја оштетија патната инфраструктура, туку и бројни фирми и фабрики што мораа да престанат со работа.

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на техничката влада Андреј Пленковиќ по седницата на претседателството на партијата изјави дека има повеќе од 76 пратеници кои се подготвени да го поддржат.

На парламентарните избори во Хрватска на 17 април ХДЗ го освои мнозинството мандати во Парламентот, но недоволно за сама да формира влада, па претходните денови имаше интензивни преговори за можни коалиции, а десницата Татковинско движење е најголемиот коалициски потенцијал на кој смета ХДЗ.

„Разговорите продолжуваат утре. Денеска имавме средба со сите колеги кои беа заедно со ХДЗ на листите на изборите, сите тие пратеници, а ги има шестмина, ми даваат силна поддршка како иден мандатар за состав на нашата трета влада“, рече Пленковиќ по вчерашниот состанок.

Тој најави дека денеска ќе се сретне и со претставници на националните малцинства, а потоа и со претставници на Татковинското движење.

„Работите во преговорите за формирање на парламентарното мнозинство и влада се движат во добра насока“, рече Пленковиќ.

ИДФ објавија слики и снимки од тенковите на преминот Рафа

Израелската војска (ИДФ) утринава објави фотографии и снимка како нејзините тенкови ја преземаат контролата врз палестинската страна од преминот Рафа во Појасот Газа, на границата со Египет, јави „Тајмс од Израел“.

ИДФ наведе дека преминот беше заземен за време на „прецизна операција“ против Хамас во „ограничени реони на источен Рафа“.

ИДФ додава дека имала „разузнавачки информации дека терористите го користеле местото на премин за терористички цели“.

Токму од областа на преминот Рафа вчера Хамас истрела ракети кон областа Керем Шалом, во јужен Израел, при што загинаа четворица војници, а други беа ранети.

Пред да ја почне операцијата, во текот на ноќта, ИДФ соопшти дека извршила „координација со меѓународните организации кои дејствуваат во областа, со барање да се движат кон хуманитарната област, како дел од напорите за евакуација на населението“, наведе „Тајмс од Израел“.

притисни ентер