Жителите од Прилепско протестирааат за градежните работи на патот Прилеп - Крушево - Канал 5

Жителите од Прилепско протестирааат за градежните работи на патот Прилеп - Крушево

Жителите од Кривогаштанско денеска протестираа на регионалниот пат Прилеп - Кривогаштани - Крушево поради изведување градежните работи кои им ги блокираат движењето, земјоделските работи и секојдневното живеење .

Жителите од Прилепско протестирааат за градежните работи на патот Прилеп - Крушево

Жителите од Кривогаштанско денеска протестираа на регионалниот пат Прилеп - Кривогаштани - Крушево поради изведување градежните работи кои им ги блокираат движењето, земјоделските работи и секојдневното живеење без, како што велат, да им се понуди соодветно алтернативно решение.

На регионалниот пат се работи на делници повеќе од една година, а сега со реновирањето на мостови ќе има целосен прекин на функционирањето на секојдневните работи за околу 10 000 жители од регионот.

-Протестираме кај Врбјанските мостови. На регионалниот пат се работи речиси две години. Луѓето се упатуваат по алтернативен пат кој кружи уште 50 километри и никако да се заврши патот. Ова е кулминација. Сакаат целосно да го затворат, а се поврзуваат три општини Крушево, Кривогаштани и Прилеп. Луѓето одат секојдневно на работа, децата на училиште, фирмите треба да функционираат. Има голем проток на возила. Солуцијата што ја нудат за вртење преку други села: Кадино Село, Обршани воопшто не одговара. Станува збор за тесен, небезбеден пат по кој главно поминуваат трактори. Ќе настане сообраќаен хаос и не дај боже може да има тешки последици. Ние сме отсечени од светот. Бараме изведувачот да понуди разумно решение. Но, не реагираат, вели Светлана Гроздановска, жителка на Кривогаштани.

Елизабета Олиманова, жителка на селото Славеј е револтирана зашто ќе се малтретираат и децата кои одат на училиште во другите села, а секојдневното и стопанското функционирање е запрено.

-Патот се гради со народски пари. Треба да се има алтернатива. Се нудат споредни патишта, речиси да се кружи Пелагонија, но дали се исправни? Децата од селото Врбјани одат на училиште во Кривогаштани. Што се должни тие да трпат? А како ќе помине амбулантно возило? До Прилеп е 15-тина минути, сега ќе се стигнува по два часа, а ќе биде загрозен животот на пациентите. Два месеци мостовите стојат раскопани, а можеше да се направи помошен премин на реката за да се поминува. Овде има фирми, индустриска зона сме. Работниците секојдневно одат на работа. Има решенија, а инвеститорот ниту предвидел, ниту нуди, изјави Олиманова.

Според градоначалникот на Кривогаштани Николче Мискоски, револтот на жителите е оправдан и мора да се понуди решение. Очекува со инвеститорот ЈП за државни патишта и со изведувачот да се најде решение.

-Несфатливо е што една делница од 900 метри се прави една година. Сега со мостовите, ако патот биде затворен уште два-три месеци, тоа е огромен проблем за земјоделците, фирмите, жителите. Разговарав со директорот на ЈП ДП Коце Трајановски и реков дека треба да најдеме решение. Рече дека ќе прати екипа за да најдеме алтернативен пат. Сегашното решение кое е предложено, да се кружи 50-тина километри е неприфатливо за жителите. Тој пат е 3,6 метри и не е за да се разминат камиони и возила и е небезбеден. Наш предлог е да дојдат изведувачите, инвеститорите и да најдеме решение. Овде нема планини, рамно поле е, вели градоначалникот на Кривогаштани Николче Мискоски.

Инвеститор на градежните работи на регионалниот пат Прилеп - Крушево е ЈП за државни патишта.

Протестот на жителите од изутрината го блокираше патот Прилеп - Крушево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруени

Над осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. 

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви  кучиња, кои веројатно биле отруени

Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик.

Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата.

Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска ќе има средба со студентите за нов модел на студентски оброк

Дополнителен попуст од 20 проценти за студентите, не само за субвенционираниот оброк, туку и за сите други производи што ќе ги купуваат со сопствени средства кај оператори кои ќе ги избере Владата. 

Јаневска ќе има средба со студентите за нов модел на студентски оброк

Ова го предвидува новиот модел што го подготвува Министерството за образование, а кој ќе функционира преку електронска апликација. Сепак, конечен договор сè уште нема. Министерката Весна Јаневска денеска најави средба со новиот претседател на Студентското собрание на УКИМ, по што ќе следуваат разговори и со студентските претставници од сите универзитети.

,, Сè додека немаме конечен став од студентите, ние го разработуваме овој модел. Она што е важно е дека ќе станува збор за електронска апликација преку која студентите, кај сите оператори што ќе ги избере Владата, ќе добиваат 20 отсто попуст со картичката за студентски оброк, односно со е-апликацијата или ваучерот за студентски оброк. Попустот ќе важи за она што ќе го купат со тие средства, но и за сè друго што ќе го купат кај избраниот оператор. Ваква мерка во ваква криза навистина е нешто што укажува дека особено многу внимаваме на студентите и дека водиме голема грижа за младите луѓе во земјата,, – Весна Јаневска, министерка за образование и наука

Покрај повисоката финансиска поддршка за исхрана, Владата подготвува и поширок пакет поволности за студентите, кој ќе опфати и други производи и услуги. Според премиерот Mицкоски станува збор за иновативен модел кој досега не бил применет во ниту една друга држава. Надлежните институции веќе работат на решението, а конкретните детали ќе бидат соопштени наскоро.

Владата претходно предложи месечната вредност на студентскиот оброк од околу 3.500 да се зголеми на 4.500 денари, односно околу 180 денари дневно за 25 субвенционирани дена, наместо досегашните 140 денари, и да оди преку ваучери. Студентските претставници пак побараа дневниот износ да се усогласи со стапката на инфлација и да нема ограничување каде да ги користат средствата за исхрана.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Македонија напредна за 16 места на индексот на ОН за е-влада за 2026

Наскоро нови услуги од МВР и ФЗО.

Андоновски: Македонија напредна за 16 места на индексот на ОН за е-влада за 2026

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека Македонија се искачила за 16 места на светската ранг-листа за развој на е-влада на Обединетите нации и најави дека се очекуваат нови услуги од МВР и Фондот за здравство на националниот портал.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер