Поради тесната улица која е со огромни кратери граѓаните повеќе се снаоѓаат отколку што возат и се движат по правила, а најчесто заглавуваат во колони за да стигнат каде што тргнале, а често тоа е и во болница.
Не се наоѓаме во некое предградие од 80тите туку сме во строгиот центар на градот до најголемата клиника во земјава. Иако станува збор за двосмерна улица, одвај можат да се разминат два автомобили, најчесто едни чекаат други да поминат, а не ретко во метежот се и амбулантни возила.
Тротоари нема, потрпорниот ѕид од страната на клиника во секој момент може да се сруши, металната ограда е целосно разлабавена, и при најмал ветер може да повреди пешак(атмосфера). Граѓаните по рабовите од улиците мораат да прескокаат шакти и да заобиколуваат дрвја, па вака изгледа опасното движење помеѓу автомобилите..
-Да се живее во едно вакво секојдневие е класичен хорор за мене – Роберт Крстевски.
Вака го опишуваат секојдневието жителите на „Белградска“ кои веќе го загубиле трпението. Велат, пожар да избие во околните куќи, пожарникарите нема да можат да се пробијат да го изгаснат. Често има паркирани автомобили на улицата што дополнително ја стеснува, а речиси секој ден се сведоци и на расправии на нервозни возачи. За среќа денеска имаше полицаец па до некаде се регулираше протокот.
-Го загрозуваат нашиот комодитет тука, не можеме да излеземе од сопствените домови, пред неколку дена имаше колапс, јас не можев 40 минути да излезам од дома,-Роберт Крстевски – жител на ул. Белградска.
Бараме итна реконструкција на улицата, поготово во делот на тасино чешмиче, бидејќи таму се ствара најголемиот метеж, под итно затворање на рампата кои што ја користат клиентите на државна клиника и преусмерување на улицата во едносмерна
-Навистина е жално, а живееме во центарот на градот, многу работи недостасуваат тука, не знам зошто, за диви луѓе ли не сметаат или не допира воопшто до нивните уши, меѓутоа никој досега нема да дојде и да ни помогне.
Од надлежните во Градот до кои се обратиле веќе неколку пати минатите неколку години, бараат конечно нешто да се преземе. Досега велат, се останало на празни ветувања..