Дел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентите
2Дел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентите
СветЖителите на Охајо во паника: Слушнале експлозија, а потоа и потрес (ВИДЕО)Силниот удар почувствуван низ североисточен Охајо утрово по локално време можеби е предизвикан од метеор што влегол во атмосферата, соопшти Националната метеоролошка служба.„Не добивме никакви информации дека нешто всушност ја погодило земјата“, рече метеорологот Брајан Мичел. Дали изгорело во атмосферата? Тој рече дека сателитските снимки од околу 9 часот наутро покажале настан сличен на молња, иако немало гром во областа, што дополнително ја поддржува идејата дека метеор бил причината. Според него, метеорот изгорел во атмосферата пред да стигне до земјата. Video from our bus garage camera. A meteor in the sky. This is authentic. pic.twitter.com/8XhvovGh1z — Dr. Jim Lloyd (@DrJimLloyd) March 17, 2026 Жителите низ североисточен Охајо пријавиле дека го слушнале и почувствувале силниот удар, кој потресол многу домови и ги вознемирил домашните миленици. Снимки на социјалните медиуми За кратко време, голем број луѓе почнале да споделуваат снимки од падот на метеорот на социјалните медиуми. Во некои градови, локалните власти испратиле пораки до граѓаните, наведувајќи дека се свесни за ситуацијата, но дека немаат конкретни информации. Тие исто така ги повикале луѓето да не го преоптоваруваат бројот за итни случаи со повици. One of our employees, Jared Rackley, caught this morning's meteor on camera from the Pittsburgh area. pic.twitter.com/2LdqOpChti — NWS Pittsburgh (@NWSPittsburgh) March 17, 2026 „Сонички бум“ Според сведоштва на граѓани, потресот бил почувствуван во неколку градови. Корисниците на социјалната мрежа Reddit, исто така, објавија дека низ целиот северен Охајо се слушнал силен звук. Професорот Ралф Харви од Универзитетот „Кејс Вестерн Резерв“ изјави дека самиот го слушнал звучниот бум и дека верува оти најверојатно станува збор за метеор што експлодирал во атмосферата. Тој додаде дека сè уште не е познато дали некои делови од метеорот стигнале до земјата и дека научниците ќе анализираат радарски и други податоци за да ја утврдат големината на објектот, неговата брзина и потенцијалната траекторија. „Ако сè се случило над езерото Ири, веројатно е дека никој нема да може да ги пронајде остатоците од метеорот“, рече професорот Харви.Тагови: експлозија Охајо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
МакедонијаОбвинителството одби Дејан Јованов и неговиот син да сведочат на судењето на полицајците за „Пулс“Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници.Обвинителството се противи на предлогот на одбраната да бидат сослушани сопственикот на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, и неговиот син Михаил Јованов, како сведоци во судскиот процес против деветтемина полициски службеници обвинети за пропусти при контролите и издавањето согласности за работа на објектот. Јавната обвинителка Спасенка Андонова на денешното рочиште оцени дека предложените сведоци немаат допирна точка со суштината на обвинението. Одбраната, пак, тврди дека со нивното сослушување ќе докаже дека јованов не добивал плата неколку месеци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДел од медиумите блиски до Вучиќ „мета“ на незадоволни граѓани, Студентската листа се оградува од инцидентитеВтор ден по изборната победа на Студентската листа, славјето во Белград не стивнува. Со музика, диџеи и факели, илјадници граѓани повторно го исполнија плоштадот Славија, прославувајќи ја политичката промена. Но, додека на Славија се славеше, во други делови на Белград се одржаа собири и протести пред медиумите кои со години во јавноста важеа за блиски до власта на Александар Вучиќ. Незадоволството почна пред телевизијата „Информер “ каде што група демонстранти упадна во просториите и ја прекина програмата во живо. Главниот и одговорен уредник, Драган Вучиќевиќ, се соочи со гневните граѓани, кои бараа јавно да им се извини за досегашното известување, а дел од нив му упатуваа навреди. Собирите продолжија и пред телевизијата „Пинк“, каде што демонстрантите фрлаа јајца кон зградата, а полицијата постави кордон пред влезот за да спречи евентуален упад. Се играше и оро пред јавниот сервис, каде што за денеска е најевен нов протест со барањата за оставки на раководството и уредниците на информативната програма. Во меѓувреме, носителот на победничката Студентска листа, Илија Срдановиќ, повика на смирување на тензиите и порача дека очекува мирно и законско примопредавање на власта. -Ценети сограѓани. Ве замолуваме да останете до крајот на изборниот процес и понатаму мирни и достојанствени како што бевте до сега. Изборите се уште не се завршени. Изборните резултати не се прогласени. Мора да останеме достојанствени до крајот. Немојте да наседнувате на било какво насилство. Ве замолува вашата Студенска листа и вешето студентско движење,- изјави –Илија Срдановиќ – носител на Студентската листа. Речиси в исто време, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ остро ги осуди упадите во медиумите. Вучиќ предупреди дека Србија ја очекува долга и тешка политичка борба, порачувајќи дека нема да се повлече пред, како што ги нарече, опасните и неодговорни луѓе. -Вечерва бевме сведоци на насилство без преседан, монструозно насилство, упад во Информер. Напад врз слободата на изразување, слобода на говор и слобода на новинарството. Интересно е што никој не смее да каже збор за тоа, ќути и ЕУ, ќутат сите. Имаме работа со опасни и неодговорни луѓе. Имаме работа со луѓе кои мислат дека сите треба да им се плашат а не да се разговара со луѓето. Воопшто не се плашиме од нив... Нам ни останува да се подготвиме за долга, тешка и мачна борба – изјави Вучиќ. Во меѓувреме, македонскиот премиер Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека телефонски разговарал со Срдановиќ и лично му ја честитал изборната победа. Мицкоски му посакал успех во периодот што следува, изразувајќи уверување дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката меѓу Македонија и Србија ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на двете земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
Здравје16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар 16 годишна девојка, е најмладата пациентка со мозочен удар на Клиниката за неврологија. Првиот човек на клиниката Божиновски објаснува дека има епидемија на мозочни удари, и едниствено што е важно е превенцијата во прегледи мерење притисок, шеќер, холестерол и генетската предиспозција во фамилијата. Секој мозочен удар пред 55 година се води како удар кај млад пациент, велат од Клиниката за неворлогија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter