Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик
2Манасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законик
3Николоски: Со донацијата од ЕУ, Државниот инспекторат за транспорт добива нова димензија – повеќе безбедност на патиштата и поефикасен надзор
СветСе сокрил во канта за ѓубре додека бегал од полицијата- бркотница во Охајо (ВИДЕО)Комунален работник во Охајо останал шокиран кога пронашол човек скриен во корпа за отпадоци додека си ја вршел работата.Набрзо се покажало дека станува збор за осомничен кој бегал од полицијата откако не застанал на нивниот сигнал за време на сообраќајната контрола, пишува Euronews. Видеото снимено од камера на контролната табла од полициско возило го прикажува човекот како скока од кантата за ѓубре и бега. Полицијата веднаш почнала да го брка, а бегалецот ги изгубил и чевлите додека трчал. „Благодарение на импресивните атлетски способности и брзата реакција на нашиот полицаец Перез, осомничениот е безбедно уапсен“, објави полицијата со видеото. Тагови: канта за ѓубре полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаСДСМ: Нарко дилерот Цуната се спаси, го пуштија, бараме оставка од ТошковскиНов скандал, со Панче на чело на МВР се случува тотален распад. Наркодилерот од Кочани, Александар Лазаров – Цуната, кој се поврзува и со дискотеката „Пулс“и со Миле Лефков од ВМРО победна од Македонија. ВМРО и Панче Тошковски завчера му го отворија прозорот во полициската станица во Кочани а вчера го пуштија да избега наркодилерот Цуната. Па откако го пуштија да избега, распишаа меѓународна потерница. Едно исто сценарио, веќе добро видено и познато кога се ВМРО и Тошковски во прашање. Театар и замајување на јавноста додека никој не одговара а криминалци се пуштаат на слобода наместо да се пратат во затвор. Криминалци слободно си поминат преку граница, 5 тони дрога исто така поминаа преку граница а никој не одговараше. Тошковски остана министер затоа што ги штити криминалците блиски до власта. Многу прашања има за одговарање Тошковски. Но пред се треба да понесе одговорност. Ова е целосен распад и класична злоупотреба на безбедносниот систем, за кој мора да има политичка и кривична одговорност. СДСМ бара целосно расчистување на случајот, утврдување одговорност на сите инволвирани и оставка од Панче Тошковски. Оставка Панче! Скопје, 14.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат намера да се договорат за нов Изборен законикПолитичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик.Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го покажа вистинското лице пред граѓаните кога станува збор за нов Изборен законик. Едните демек повикаа опозицијата да седне и да разговара, а другите демек не ја прифатија понудата. Ова е само провидна игра на опозицијата со која единствената цел е да не се олесни гласањето на дијаспората и да не се донесе нов Изборен законик. СДС, Левица и ДУИ не сакаат нов Изборен законик, затоа што тоа го спремаат за алиби во пресрет на следниот изборен циклус. Отприлика тоа би изгледало вака, едните ќе се жалат дека не се внесени препораките на ОБСЕ и ОДИХР во новиот Изборен законик, другите ќе се жалат дека немаат повеќе пари за рекламирање, а третите ќе се жалат дека немало да се почитува волјата на граѓаните. Ова е приказната која уште сега ја кажуваме, а ќе се оствари на следните избори токму од коалицијата на СДС, Левица и ДУИ. Нов Изборен законик нема, а за тоа директно е виновна коалицијата на СДС, Левица и ДУИ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНеверојатно: Сенегалците имале гинеколог на Светското првенство?! Неуспешниот настап на Сенегал на Светското првенство во Северна Америка покрена низа прашања, а едно од најголемите се однесува на медицинскиот тим на репрезентацијата.Претседателот на Фудбалската федерација на Сенегал, Абдулаје Фал, на прес-конференција изјави дека лекарот на репрезентацијата немал соодветна специјализација за работа со националниот тим за време на Светското првенство. „Лекарот по професија е гинеколог. Тоа го дознавме доцна, а меѓу играчите постоеше загриженост во врска со нивото на медицинска поддршка што ја имаа“, рече Фал. Според него, репрезентативците немале доволно доверба во докторот, па затоа Здружението било принудено да ангажира дополнителни експерти за да го увери тимот. „Врз основа на информациите што ги добив, играчите не биле доволно убедени дека имаат соодветна медицинска поддршка. Моравме да обезбедиме дополнителни експерти за да се чувствуваат побезбедно, бидејќи здравјето е пред сè“, рече претседателот на Здружението. Сепак, Здружението за спортска медицина на Сенегал ги отфрли овие тврдења, нарекувајќи ги неосновани и клеветнички. Во соопштението за медиумите се наведува дека докторот на тимот Абдераман Федиоре има специјалистичка диплома по спортска медицина и спортска биологија, стекната на Медицинскиот факултет на Универзитетот Шеик Анта Диоп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter