Жиру блиску до продолжување на договорот со Милан - Канал 5

Жиру блиску до продолжување на договорот со Милан

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, тврди новинарот Фабрицио Романо.

Жиру блиску до продолжување на договорот со Милан

Според Романо, новиот договор на 36-годишниот Французин ќе биде со важност до летото 2024 година. Во јануари оваа година Евертон сакаше да го купи фудбалерот.

Жиру е во Милан од летото 2021 година. Оваа сезона одигра 36 настапи за Милан, постигнувајќи 12 гола и шест асистенции.

По 29 кола во Серија А, Милан е на четвртото место во поредокот со 52 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зимско или летно сметање на времето?

 Научниците откриваат кое е подобро за здравјето

 Зимско или летно сметање на времето?

Додека се расправа за укинување на сезонското менување на времето, се поставува клучно прашање: кој временски стандард треба трајно да се усвои – летното сметање на времето или зимското? Нова канадска анализа заклучува дека за здравјето подобар избор е зимското сметање на времето бидејќи порано овозможува пристап до утринска светлина, пренесува ScienceAlert.

Усвојувањето на трајно летно сметање на времето би обезбедило подолги вечери, но истовремено би го одложило изгрејсонцето во зима за еден час. Тоа значи дека луѓето што стануваат рано за работа или училиште би поминале поголем дел од утрото во темнина.

Психијатарот Рејмонд Лам од Универзитетот во Британска Колумбија и неговите колеги ги процениле здравствените последици од трајното летно сметање на времето наспроти трајното зимско време. Нивната анализа ги вклучува постојните истражувања за биолошките ритми, сонот, расположението и економските влијанија, а исто така ги проучува и искуствата на земјите што веќе вовеле трајно сметање на времето.

Влијание врз биолошкиот часовник

Главниот биолошки часовник во мозокот ги регулира сонот, будноста и другите телесни функции; за да функционира правилно, потребна му е секојдневна синхронизација со денот. Утринската светлина помага да се помести кон порано време, додека вечерната светлина го поместува кон подоцнежно време.

Еден од авторите на студијата, Ралф Мистлбергер од Универзитетот „Сајмон Фрејзер“, го објаснува ова преку едноставна аналогија: „Тоа е како да имате рачен часовник што доцни десет минути секој ден, па секое утро мора да го поместите напред.“

Со помалку утринска светлина, ритамот на спиење може да се помести кон подоцнежно будење, додека обврските како училиште и работа и понатаму почнуваат во исто време. Па, будењето навреме често резултира со кратко спиење. Разликата помеѓу биолошкиот часовник и општествениот распоред, се поврзува со полошо физичко и ментално здравје.

На пример, во Торонто, со зимското сметање на времето сонцето би изгревало во 7:51 часот наутро на почетокот на јануари, додека со летното сметање на времето тоа би се случило дури во 8:51 часот. Жител што се буди во 7:00 часот би станал пред изгрејсонце и во двата случаја, но со зимското сметање на времето, денот всушност би започнал еден час порано.

Искуства и ризици

Истражувачите, исто така, анализирале географски податоци. Студиите покажуваат дека луѓето што живеат на западниот раб од нивната временска зона - каде што сонцето изгрева подоцна – во просек спијат помалку и имаат полоши здравствени и економски исходи. Иако овие асоцијации не докажуваат директна причинско-последична врска, тие сугерираат негативно влијание поврзано со подоцнежното изгрејсонце.

Исто така се разгледувало и сезонското афективно нарушување - форма на депресија што често се јавува во зима. Едно водечко објаснување е дека биолошкиот часовник заостанува поради доцнење на утринската светлина. Додека терапијата со јака утринска светлина помага да се помести биолошкиот часовник на порано време, подоцнежното изгрејсонце има сосема спротивен ефект.

Тинејџерите и младите лица може да бидат особено ранливи, бидејќи нивниот биолошки часовник природно се поместува кон подоцнежно будење во оваа фаза од животот.

И покрај ризиците, некои региони веќе се одлучија за трајно летно сметање на времето. Британска Колумбија, Алберта и Северозападните Територии во Канада повеќе нема да ги поместуваат часовниците во ноември. Во САД, Претставничкиот дом во јули усвои предлог-закон за трајно летно сметање на времето, кој во моментов чека одлука од Сенатот.

Сепак, историјата покажува дека таквите одлуки не се секогаш долготрајни. САД воведоа летно сметање на времето во 1974 година, но после една година се откажаа од него поради грижата за децата кои патуваат на училиште во темница. Русија го повлече истиот потег во 2014 г. откако во 2011 г. беше воведено летно сметање на времето во текот на цела година.

Препораки од научниците

Авторите на студијата, објавена во списанието *Canadian Medical Association Journal*, се свесни дека трајно зимско сметање на времето резултира со порано заоѓање на сонцето во текот на зимата, додека многу раното изгрејсонце во лето би можело прерано да буди некои луѓе. Сепак, тие истакнуваат дека поголем дел од доказите одат во прилог на стандардното време како поздрава опција.

Нивната примарна препорака е усвојување на трајно зимско сметање на времето. Доколку властите сепак одлучат трајно да воведат летно сметање на времето, научниците советуваат воведување мерки за ублажување на последиците.

Овие мерки вклучуваат можност за подоцнежно почнување на наставата и работниот ден, подобрено изложување на силна светлина во затворени простории во утринските часови, како и следење на показателите како што се проблемите со спиењето, зимската депресија и бројот на сообраќајни несреќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер