Жесус за трансферот на Феликс во Ал-Наср: Нема алкохол во Саудиска Арабија, нема одвлекување на вниманието од фудбалот - Канал 5

Жесус за трансферот на Феликс во Ал-Наср: Нема алкохол во Саудиска Арабија, нема одвлекување на вниманието од фудбалот

Тренерот на Ал-Наср, Хорхе Жесус, раскажа како успеал да го убеди Жоао Феликс да се пресели во саудискиот клуб од Челзи. Бенфика беше заинтересирана за играчот ова лето.

Жесус за трансферот на Феликс во Ал-Наср: Нема алкохол во Саудиска Арабија, нема одвлекување на вниманието од фудбалот

- Тој не беше играч на Бенфика, туку на Челзи. Беше на пазарот, па можеше да оди во Ал-Наср или во друг тим, во зависност од условите што му беа понудени. Верувам во неговиот фудбал, има способност што ми одговара на мојот напаѓачки пристап кон играта. Минатата година сакав да го однесам во Ал-Хилал, но тој одби и го избра Челзи. Сега отиде во Ал-Наср и мислам дека го направи вистинскиот избор, бидејќи е во земја каде што или играш или не играш. Нема друга опција: само треба да играш фудбал. Ништо друго. Саудиска Арабија е земја каде што нема алкохол, нема ноќен живот, нема забава. Тој оди во Саудиска Арабија и има само една опција - да игра, да се релаксира и да поминува време со пријателите и семејството. Нема друг избор, изјави Жезус за „О Џого“.

Кон крајот на јули, Ал-Наср го објави трансферот на 25-годишниот Португалец од Челзи. Според медиумските извештаи, трансферот изнесува 30 милиони евра. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа

Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Кривична пријава против полициски службеник за фалсификување исправа

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Пријавениот, вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при МВР, и покрај тоа што на 03.03.2026 и 09.07.2026 не дарувал крв во ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина при комплекс клиники „Мајка Тереза“, изготвил и употребил две лажни потврди за дарување на крв за што изготвил две барања за користење платено отсуство од три работни денови за деновите 03.03.2026, 04.03.2026 и 05.03.2026, како и за 09.07.2026, 10.07.2026 и 13.07.2026, по што ги искористил.

Одделот за внатрешна контрола против А.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Епицентарот на земјотресот бил на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.

Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Касано: Мурињо е надминат, Кристијано Роналдо е само половина „Феномен“!

Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано повторно крена бура со своите изјави, а овојпат мета на неговите критики беше Жозе Мурињо. 

Касано: Мурињо е надминат, Кристијано Роналдо е само половина „Феномен“!

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Рома остро зборуваше за португалскиот стручњак во интервју за шпанскиот весник „Ас“, доведувајќи ги во прашање неговите тренерски квалитети и начинот на кој ги води екипите.

„Мурињо повеќе не би требало да води екипи. Имаше многу среќа, бидејќи ниту еден од неговите тимови не играше атрактивен фудбал. Неговите идеи за играта беа актуелни пред една деценија. Во кариерата не остави никакво фудбалско наследство, туку само скандали со сите“, изјави Касано.

Италијанецот изрази изненаденост што Реал Мадрид своевремено го ангажираше португалскиот тренер и што претседателот Флорентино Перез му ја укажал својата доверба.

Касано го пофали тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, нагласувајќи дека го смета за многу подобар стручњак од Мурињо.

Според него, доколку двајцата си ги заменеле улогите, Реал под водство на Гасперини би можел да оствари убедлива победа, дури и со резултат 10:0. Поранешниот фудбалер исто така смета дека Реал треба да се угледа на Барселона и на тренерот Ханси Флик.

„Во Реал треба да учат од Барселона и Флик. Тој изгради импресивен тим со силен карактер, во кој сите фудбалери учествуваат во нападите. Во Мадрид, пак, го прават токму спротивното“, изјави Касано.

На удар се најде и Винисиус Жуниор. Италијанецот смета дека неговиот соиграч Родриго, кој моментално е повреден, е многу подобар фудбалер. Иако признава дека Бразилецот Винисиус е голгетер и поседува добри напаѓачки способности, Касано смета дека нему му недостасува класата на вистинска светска ѕвезда.

Особено интересна беше неговата споредба на двајца познати фудбалери со име Роналдо. Касано, без двоумење, му ја даде предноста на Бразилецот Роналдо Назарио, познат како „Феноменот“.

„Како централен напаѓач, немам видено подобар од Роналдо Назарио. Тој беше неверојатен феномен. Да не беа сериозните повреди, ќе достигнеше незамисливи височини. Тоа е вистинскиот Роналдо. Кристијано не може да се споредува со него и поседува само половина од класата на ’Феноменот‘“, истакна екс репрезенативецот на Италија и член на Реал, Антонио Касано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер