Жестока расправа на собраниската седница за измените на Законот за Влада - Канал 5

Жестока расправа на собраниската седница за измените на Законот за Влада

Жестока расоправа во собранието на попладневното продолжение на седницата на која се измените на законот за влада, со кој се предвидува укинување на техничката влада.

Жестока расправа на собраниската седница за измените на Законот за Влада

Седницата прво беше прекината на барање на пратеничката група на ДУИ за да се консултираат, а потоа „интегративците“ инсистираа за законските измени прво да расправа Комитетот за меѓуетнички односи

Според Пратеничката на сдсм Јована Тренчевска, процесот околу укинување на техничката влада се води без соодветни консултации и како што тврди спротивно на претходни договори меѓу политичките партии. Според тренчевска

во 2018 година, на барање на тогашната опозиција, не била укината техничлката влада, воспоставена со пржинскиот договр во 2016-та..

Министерот Минчев реплицираше дека СДСМ бара изговор да не учествува на следните парламентарни избори.

Претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, од собраниската говорница рече дека техничката влада била неопходна пред десет години за да се спаси демократијата. Наместо граѓаните да плаќаат за паради на нови министри, Зајкова предлага да се воведе електронско гласање и биометриска идентификација.

Единствено пратениците на СДСМ Тренчевска и Спасовски денеска не присуствуваа на средбата на работната групоа околу измените на изборниот законик. Опозициската партија и денеска повтори дека тие ке ја бојкотираат оваа работна група ако поминат измените на законот за влада. Министерот Филков пак ја обвини СДСМ за политичка незрелост и кочење на реформската агенда.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ненадејно почина рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина ненадејно на 67-годишна возраст, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи. 

Ненадејно почина рускиот амбасадор во САД

Дарчиев имаше 66 години, а функцијата амбасадор во Вашингтон ја извршуваше од март 2025 година.

Руското Министерство за надворешни работи ја потврди неговата смрт, но досега не ги објави причините или околностите. Дарчиев поголемиот дел од својата кариера го помина занимавајќи се со односите на Русија со САД и Канада.

Путин го назначи минатата година

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Дарчиев за амбасадор во САД на 6 март 2025 година, откако функцијата беше празна речиси пет месеци. Неговиот претходник, Анатолиј Антонов, го напушти Вашингтон во октомври 2024 година.

Дарчиев беше назначен во време на обиди за обновување на дипломатските контакти меѓу Москва и Вашингтон по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Американските власти претходно го одобрија неговото назначување за време на руско-американските разговори во Истанбул, на кои се разговараше за нормализација на работата на дипломатските мисии.

Кој беше Александар Дарчиев?

Дарчиев е роден на 14 мај 1960 година, а дипломирал историја на Московскиот државен универзитет во 1983 година. Тој бил докторант и истражувач во областа на американската политика, а работел во руската дипломатија од 1992 година.

Служел во руската амбасада во Вашингтон од 1997 до 2002 година и повторно од 2005 до 2010 година. Од 2014 до почетокот на 2021 година, бил руски амбасадор во Канада, а потоа директор на одделот на руското Министерство за надворешни работи задолжен за Северна Америка.

Зборувал англиски и француски јазик, а за време на неговата дипломатска кариера добил руски државни одликувања, вклучувајќи го Орденот за пријателство и Орденот за чест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Китови убијци нападнаа брод со луѓе- еден од нив преживеал пекол, па објавил снимка од драмата (ВИДЕО)

Природата е сурова, немилосрдна и брутална. Особено кога три или четири китови убијци одлучат да го направат кормилото на вашата едрилица да им изгледа како играчка за џвакање.

Китови убијци нападнаа брод со луѓе- еден од нив преживеал пекол, па објавил снимка од драмата (ВИДЕО)

Токму тоа го доживеа Гиде Батлер, сурфер и морнар од Сан Диего, на 29 август 2026 година, покрај северозападниот брег на Шпанија. Батлер бил на својата 42-метарска едрилица, Сеика, по регатата „Игнасио Монтенегро трофеј“ во близина на Сан Висенте до Мар, кога се појавила група орки, објави Yahoo.com.

Китовите убијци набрзо станале агресивни. Погледнете го видеото објавено на социјалните мрежи.

Видеото, првично објавено од самиот Батлер, а подоцна споделено од популарниот профил „Природата е сурова“, прикажува сцена што е кошмар за секој морнар. Темни силуети минуваат под трупот на пловилото, додека едрилицата се тресе од повторените удари од орките кон неговиот систем за управување. Членовите на екипажот се наведнуваат над оградата, обидувајќи се да сфатат што се случува и кој дел од пловилото е оштетен.

„Изгубивме половина од кормилото“, напиша Батлер. Тој процени дека три или четири орки го следеле и го нападнале едрилицата околу осум минути.

Средбата била застрашувачка, но реакцијата на Батлер била посложена отколку што би можел да сугерира зборот „напад“. Како голем обожавател на орки, тој бил воодушевен што имал можност да ги види одблизу. Но, потоа дојдоа ударите, штетата и брзата проверка дали водата почнала да влегува во пловилото.

„Адреналинот ми беше висок“, призна тој.

За среќа, никој не бил повреден, трупот на едрилицата не бил пробиен, а оштетената „Сеика“ успеала да се врати во пристаништето без помош на спасувачките служби, чија интервенција веќе била подготвена.

Батлер се сомневал дека помалите орки биле „само младенчиња што си играат со чамецот“. Научниците сè уште не утврдиле зошто некои орки од иберската популација комуницираат со пловилата, но играта, љубопитноста и однесувањето на учење едни од други се наведуваат како можни објаснувања.

Сепак, Батлер не бил единствениот што доживеал таква средба. Веќе следниот ден, друга јахта во близина на устието на реката Виго остана без функционално кормило по средба со орки. Од 2020 година, стотици слични инциденти се регистрирани во водите на Шпанија и Португалија, од кои некои завршија со онеспособување или потонување на пловила.

Дури и познатото потонување на бродот „Алборан Коњак“ кај Гибралтар во 2024 година беше поврзано со оштетување на пловилото, а не со докази дека орките ловеле луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Талески до Савески: Зошто нема истрага за Алта банка за Мицкоски, Славески и Кочовски?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Савески конкретни одговори дали е оформен предмет.

Талески до Савески: Зошто нема истрага за Алта банка за Мицкоски, Славески и Кочовски?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Савески конкретни одговори дали е оформен предмет, дали се преземени предистражни дејства и дали ќе се испитува евентуалната кривична одговорност на премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии, доколку доказите укажуваат на нивна одговорност.

„Господин јавен обвинител Савески, што повеќе треба да се случи за вие и вашето обвинителство да преземете конкретни предистражни дејства пред евентуални штети да станат уште поголеми? Дали Христијан Мицкоски, како што милува да ви кажува и да ви сугерира по телефон, и за овие работи ви се меша во вашата работа?“, праша Талески.

Тој потсети дека при изборот Савески се обврзал обвинителската функција да ја врши совесно, непристрасно и одговорно. Според Талески, повеќемесечните предупредувања за потеклото на капиталот на Алта банка бараат конкретно постапување, а не само следење на состојбите.

„Вашата функција не ви дава право селективно да одлучувате кои сомнежи заслужуваат внимание, а кои ќе ги оставите да чекаат“, нагласи Талески.

Пратеникот посочи дека граѓаните се соочуваат со страв и неизвесност околу пристапот до сопствените средства, додека носителите на највисоките функции ја префрлаат одговорноста меѓу себе.

„Имаме гувернер, министерка за финансии, премиер кои јавно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој знаел, кој требало да знае и кој не знаел за влезот и работењето на оваа банка. И покрај сето ова, вие пред јавноста изјавувате дека обвинителството ја следи ситуацијата. Тоа и сега го потврдивте, но дека сè уште е рано да се зборува за формална истрага“, рече Талески.

Тој побара да се испитаат потеклото на капиталот, сопственичката структура, поврзаните лица и финансиските трансакции, како и евентуалните сомнителни трансфери меѓу Србија и Македонија. Дополнително, побара проверка на постапувањето на Народната банка и на евентуалното политичко влијание врз нејзините одлуки.

„Дали ќе го испитате постапувањето на гувернерот Трајко Славески? Дали при преземањето на банката биле исполнети сите законски услови? Дали Народна банка навремено ги утврдила ризиците и дали презела соодветни мерки? Дали ќе ја испитате комуникацијата на Народна банка и Владата, како и евентуалното политичко влијание врз одлуките на регулаторот“, праша Талески.

Особено ја нагласи потребата од навремено обезбедување на документацијата и финансиските траги, предупредувајќи дека одложувањето може да го отежни утврдувањето на вистината.

„Дали се обезбедени сите документи, електронска комуникација, банкарска документација и финансиски траги? Дали се преземени мерки за да не бидат уништени или прикриени доказите? Дали е побарана соработка со српските правосудни органи? Затоа што секој ден на неоправдано одолговлекување може да се зголеми ризикот од губење на докази и да се отежни утврдувањето на вистината“, истакна Талески.

На крајот, тој побара јасен одговор дали обвинителството е подготвено да постапува неселективно и да ја испита одговорноста на сите вклучени, независно од нивната функција.

„Дали сте подготвени да ја испитате евентуалната кривична одговорност на гувернерот Трајко Славески, министерката за финансии и премиерот Христијан Мицкоски, доколку доказите укажуваат на нивна одговорност? Дали сте подготвени да покажете дека во оваа држава нема недопирливи функционери?“, порача пратеникот на СДСМ, Миле Талески, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер