Жерновски: Владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши - Канал 5

Жерновски: Владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши

Имаме многу важна тема којашто мора да продолжиме да ја дискутираме во јавноста, затоа што ова прашање допрва се отвора и е прашање коешто го открива и го прикажува вистинскиот карактер на денешната влада.

Жерновски: Владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши

Во оваа влада на Христијан Мицкоски има повеќе бугарски пасоши отколку што можевме да замислиме досега.

Значи, можеме веднаш на самиот почеток да заклучиме дека се работи за влада на лажни патриоти со бугарски пасоши. И тоа, пазете, тоа се претставници на Влада којашто наводно треба да го чува македонскиот национален идентитет токму од Бугарите, а имаме Влада и цела екипа којашто е преполна со бугарски државјани.

Сите тие сега без проблем би можеле да се кандидираат на наредните парламентарни избори во Бугарија. Можеа и на овие избори да се кандидираат, затоа што поседуваат бугарски државјанства.

Но, она на што мора да одговорат пред македонските граѓани е следното: чии интереси тие ги застапуваат? Македонски интереси или бугарски интереси?

И така, една по една, сите предизборни лаги на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на површина.

Прво, ако се сеќавате, да потсетиме, Мицкоски молеше, коленичеше да дојде на власт. Кажа дека ќе го поништи Преспанскиот договор, излажа за името дека ќе го врати. Потоа, се сеќавате, ќе организира измени за договорот со Бугарија, па ќе има нова преговарачка рамка и така натаму, лага до лага.

Меѓутоа, сега дознавме дека заборавил на тие избори кога ја доби довербата да им каже на граѓаните дека кога гласаат за него и кога гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, всушност гласаат за бугарски државјани.

Имаме чувство дека сите тие граѓани коишто се излажани сега имаат непријатно чувство и дека не би ја добил истата доверба кога повторно би одел на избори, а да знаат за што гласаат.

Што всушност се случи?

Тргна Мицкоски со еден „црвен детектор“ на којшто пишува „патриотска Македонија“ во парламентот да лови двојни државјанства, за да ни покаже колкав патриот е.

Почна да потсвирнува детекторот во неговата пратеничка група, па одлучи да не важи законот за двојно државјанство за овој состав, туку за наредниот парламентарен состав.

Но, не беше тоа најголемата белја. Најголемата белја беше кога со детекторот отиде во Владата. Е таму, што би рекол Миле Јанакиевски, почна детекторот да вришти и да пишти, затоа што беше преполно со бугарски државјани.

Сега, кога вистината излезе на виделина и кога како СДСМ побаравме законот за двојно државјанство да важи, се разбира, за сите избрани и именувани функционери, односно за целата влада, сега имаме ретерирање.

Значи, што се случи? Премиерот ретерира поради следново. Во среда премиерот беше лажен комита Христијан којшто ќе се бори за македонските интереси. Во четвртокот стана Мицкоски – уставобранителот лажен.

Меѓутоа, се поставува прашањето – не можеа ли да ги консултираат своите уставни експерти за законот пред да биде поднесен? Тогаш не важеше? Јасно е дека ќе излезе на површина целата вистина.

Да не нè чуди да се повлече целиот закон, затоа што не може Мицкоски и целата партија да објаснат како тоа законот да важи за оние коишто се во Собранието, за пратениците, а да не важи за неговите министри.

Проблемот е што веќе е евидентно дека во ВМРО-ДПМНЕ има голем број функционери со бугарски пасоши, министри, пратеници, градоначалници, директори на јавни претпријатија и така натаму.

Или можеби една од причините зошто ќе се повлече ова законско решение е и поради Груевски – колку што слушнавме, освен унгарски пасош добиен од Орбан, поседува и српски пасош добиен од Вучиќ.

Сите овие лаги на Христијан Мицкоски завршуваат исто, прочитани од народот, како книга којашто веќе е здодевна и на сите им е јасно што содржи.

Го дознавме и нивниот план за евроинтеграциите.

Така, сега можат да влезат во Европската Унија само граѓаните коишто имаат бугарски пасоши. Односно, да бидеме до крај отворени, што се однесува до голем дел од членовите на Владата, тие веќе се во Европската Унија, затоа што имаат бугарски пасоши.

Но тоа мора да им се објасни на граѓаните, за што всушност се борат.

Да заклучам на крај: оваа тендер коалиција помеѓу ВМРО и ЗНАМ веќе е јасно како е формирана.

Сакаме да се обратиме и до членовите на ЗНАМ, за кои знаеме дека беа излажани и манипулирани, дека не знаеле во тој момент дека партијата е формирана само за да му наштети на СДСМ, ништо друго.

Бидејќи тие што гласаа за ЗНАМ сме сигурни дека немаше да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ниту да ја формираат таа партија доколку знаеа дека целиот тој проект служи за измама.

Но, како што кажав, ќе се бориме до крај вистината да излезе на виделина, бидејќи доаѓа времето на вистината, времето на правдата и секако времето на одговорност.

Благодарам.

YouTube video

Андреј Жерновски - член на Извршниот одбор и Секретар за меѓународна соработка

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грчки гигант за брза храна проневерил 150 милиони евра- во измамата учествувале над 120 лица

Грчката Дирекција за борба против организиран криминал разби голема мрежа за даночна евазија во познатиот синџир за брза храна „Пица Фан“. 

Грчки гигант за брза храна проневерил 150 милиони евра- во измамата учествувале над 120 лица

Во голема операција спроведена во Атина и Солун, уапсени се 23 лица - вклучувајќи го сопственикот и раководителите на компанијата - додека кривичните обвиненија опфаќаат вкупно повеќе од 120 лица,објави Зугла.

Снигата работела од најмалку 2016 година. Измамата се базирала на манипулирање со централен систем за нарачки: на вработените им се нудела опција за „посластица“ за одредени нарачки преку посебен алгоритам. Парите би се собирале од клиентот, но никогаш не би се издавала фискална сметка. Во исто време, системот чувал тајна, паралелни сметководствени евиденции за да се евидентира реалниот промет и „црните“ пари.

Заработката им била предавана во готово на водачите на групата на месечни состаноци во трговски центар. За да се покрие трагата на парите, водачите префрлиле 99,99% од сопственоста на домашната компанија на офшор компанија во странство.

При претресот на деловни и приватни простории, запленети се над 1.280.000 евра во готово (од кои околу 1,17 милиони евра се пронајдени во таен сеф во вилата на сопственикот на компанијата), 92 луксузни часовници (Rolex, Patek Philippe, Audemars Piguet) и скап дијамантски накит, шест луксузни автомобили и три мотоцикли, како и 52 компјутери, хард дискови и обемна електронска опрема.

Штетата предизвикана на грчкиот буџет се проценува на повеќе од 35 милиони евра неплатен ДДВ и данок на добивка, додека скриената даночна основа надминува 150 милиони евра. Покрената е постапка за замрзнување на сите средства на сите осомничени и поврзани компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака .

Мицкоски со порака од Брвеница: Сплотени и обединети гласајте за Стојанчо Радичевски за развој и иднина на општината

Денеска од овде од општина Брвеница, заедно со идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче нашиот Цоки, испраќаме порака во која што зборуваме за единство, зборуваме за заедништво, зборуваме за обединување, нешто што е поразлично од тоа што го зборува нашиот противкандидат и луѓето коишто застанаа против кандидатот. Тие зборуваат за поделби по етничка линија, ние се обраќаме на сите граѓани овдека во општина Брвеница и зборуваме за заедништво.

Зошто? Затоа што за нив овие избори се спас на нивните политички кариери, политички кариери коишто нема да останат запаметени по ништо друго освен по криминалот и поделбите коишто ги правеа и затоа кога зборуваме за обединување и она што ние го промовираме, зборуваме и за крај на нивните политички кариери коишто останаа такви какви што се и нема да бидат запаметени ама по апсолутно ништо.

Затоа би сакал да ги повикам жителите на општина Брвеница, кога ќе излезат на следните избори да размислат добро за кого ќе гласаат бидејќи следните избори, пораката којашто ќе ја испратат не е само порака за општина Брвеница, туку е и порака за цела Македонија. Бидејќи едната опција е опцијата којашто нуди криминал и поделби, а опцијата којашто ние ја промовираме, позади којашто застанавме, позади идниот градоначалник на општина Брвеница, Стојанче Цоки, е опција на развој, опција на обединување, опција на иднина, опција на иднина, опција на 21 век.

Немојте да дозволите да ве делат затоа што после 1ви ноември ќе дојде 2ри ноември, тие ќе заминат и можеби никогаш повторно нема да се вратат, ќе уживаат во она коешто вие им го овозможувате, а вие ќе останете да живеете едни покрај други и едни до други.

Затоа да ја препознаеме заедно оваа шанса, да го заокружиме бројот 1 и на 1ви ноември да славиме заедно голема победа за Брвеница и за Македонија и да биде Стојанче Цоки идниот градоначалник на општина Брвеница.

Ви благодарам и се гледаме во победничка Брвеница на 1ви ноември со заокружен број 1, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница

Почитувани мои сограѓани, денес со мене е претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Бевме во теренска посета во неколку населени места, Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница.

Радичевски: Со поддршка на Владата и претседателот Мицкоски се реализираат голем број на проекти во Брвеница

Најнапред сакам да се заблагодарам на претседателот што ми ја дава поддршката за сите проекти коишто се во фаза на реализација, а тоа се неколку коишто ги набројавме претходните денови.

Благодарност до сите граѓани коишто ми ја доверија довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот изборен круг, очекувам и победа да славиме сите заедно, рече Стојанчо Радичевски, кандидат за градоначалник на општина Брвеница.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер